Забава
Џесика Симпсон за животот по разводот: Не планирав да бидам самохрана мајка на 45 години
Џесика Симпсон (45) проговори за својот живот по разделбата од сопругот Ерик Џонсон (46). Тие го објавија својот развод по 10 години брак претходно оваа година. Оттогаш Симпсон во неколку наврати проговори за ова неочекувано поглавје и како се справува со него.
„Се чувствувам како да ставаме премногу акцент на бројките“, изјави таа за „Пипл“ фокусирајќи се на своите години. „Дали мислев дека на 45 години ќе бидам самохрана мајка на три деца? Апсолутно, не. Не го планирав тоа. Но, тоа е само дел од она што судбината го подготвува за мене“.
View this post on Instagram
Оваа нова фаза во нејзиниот живот ја поттикна Симпсон да ја искористи својата креативна страна. Не само што годинава настапи првпат по 15 години, туку ја насочува својата креативност и во модата. Нејзиниот најнов проект е парфемот Mystic Canyon за кој вели дека го одразува ова време на самоистражување како самохрана жена.
Симпсон потврди во јануари дека таа и Џонсон повеќе не живеат заедно. „Ерик и јас живееме одвоено поминувајќи низ болен период во нашиот брак“, рече таа во соопштението. „Нашите деца се наш приоритет број еден и ние сме фокусирани на она што е најдобро за нив“.
Двојката, која се запозна во 2010 година, има три деца заедно: Максвел Макси Дру (13), Ејс Кнут (12) и Берди Меј (6). Денес, Симпсон е фокусирана на нив, на својата кариера и, најважно, на себеси.
„Поминувам низ животот со поголема самодоверба“, рече таа. „Сега се чувствувам подобро отколку во моите 20-ти. Мислам дека, минувајќи низ животот и слушајќи ги сите мислења што ми беа дадени, сега сум на место на кое само моето мислење е важно. И, секако, мислењето на моите деца. Не сакам да ги засрамам моите деца!“
Кога станува збор за идни романтични врски, Симпсон е отворена и подготвена да види каде ќе ја однесе животот. Неодамна им откри на медиумите дека моменлно ја привлекува одредена група мажи. „Мислам дека во моментот ме привлекуваат помлади мажи. Чувствувам дека на помладите момци им се допаѓа самодовербата на постарите жени“, рече таа. „Се забавувам!“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Изјавата на Марго Роби за нејзиниот сопруг го вжешти интернетот: „Дали се во отворен брак или…?“
Актерката Марго Роби напорно работи на промоција на филмот „Wuthering Heights“, а неодамна привлече големо внимание во Лос Анџелес – не само поради нејзината облека, туку и поради контроверзната изјава за нејзиниот сопруг Том Акерли.
Во интервју за „The Hollywood Reporter“, Марго откри со кого ќе го гледа филмот. Секако, таа го спомена и својот сопруг, но додаде и една реплика што им пречеше на многумина.
„Би отишла со сите мои пријатели во петок навечер (да го гледаме филмот), да пиеме коктели, можеби малку да се дотераме. А потоа на Денот на вљубените, би отишла со мојот сопруг… или кој било…“, рече таа.
@hollywoodreporter #MargotRobbie thought #WutheringHeights would be "perfect" for a #ValentinesDay ♬ original sound – The Hollywood Reporter
Социјалните медиуми се вжештија
Видеото од нејзината изјава стана вирално, а корисниците на Икс почнаа да дискутираат за оваа изјава меѓу себе.
„Дали се во отворен брак или…?“, „Баш ми е жал за сопругот“, „Мојот сопруг или Џејкоб Елорди, кој било???“, „Сопруг или кој било, хахаха“, напишаа корисниците.
Забава
(Видео) Шер направи гаф на доделувањето на Греми наградите, заборави да го објави победникот
Доделувањето на наградите „Греми“ во 2026 година ќе биде запаметено по моментот што стана вирален и ги насмеа публиката и гледачите ширум светот, а во него се најде музичката икона Шер. Додека Академијата објави импресивен список на презентери, меѓу кои Чапел Роан, Тејана Тејлор и Ники Глејзер, изненадувањето на вечерта беше 79-годишната пејачка која требаше да ја додели наградата за албум на годината.
Шер, која еден ден претходно доби Греми за животно дело, се качи на сцената и го започна својот говор на необичен начин. „Не сум многу добра во ова“, рече таа. „Прво сакам да ѝ се заблагодарам на Академијата што ми ја додели оваа награда за животно дело. И добро е што го направија тоа сега, бидејќи имам добри гени, но нема да бидам тука долго.“
Потоа пејачката зборуваше повеќе од две минути за својата шестдецениска кариера и им рече на своите колеги музичари: „Во овој бизнис сум веќе 60 години, но само сакам да ви кажам, никогаш не се откажувајте од вашиот сон, без разлика на што. Живејте го, остварете го тој сон, а ако не се оствари сега, ќе се оствари наскоро.“
После тоа, збунето се погледна наоколу по сцената. „Тоа е сè што имам да кажам. Претпоставувам дека сега треба да одам. Во ред, морам да одам“, заклучи таа и се симна од сцената, заборавајќи дека нејзината главна задача допрва треба да дојде – објавување на номинираните и победникот.
@entertainmenttonight Cher accepted her Lifetime Achievement Award with an uplifting message — then exited the #GRAMMYs stage a bit too early, as she was also supposed to announce the Record of the Year award #cher ♬ original sound – Entertainment Tonight
Додека си заминуваше, водителот Тревор Ноа ја запре. „Шер, пред да одиш, можеш ли да ни ги објавиш номинираните? Можам и јас, но не е исто. Немам такво искуство. Да ја поздравиме Шер назад!“
Враќајќи се кон микрофонот, Шер ги претстави номинираните, а потоа, по драматична пауза, наместо да го отвори пликот, таа само стоеше таму во тишина. Кога конечно ја отвори картичката, го објави победникот како покојниот Лутер Вандрос, кој почина во 2005 година. По смеата од публиката, таа се поправи и објави дека вистинскиот победник е песната „Luther“ на Кендрик Ламар и СЗА, во која се вклучени семплови од музиката на познатиот пејач.
Забава
Немаат конкуренција: Ова е најиздржливиот хороскопски знак
Издржливоста е пожелна особина, но само еден хороскопски знак може да се пофали со неверојатна сила што трае, иако никогаш не зборува за тоа.
Кога станува збор за издржливост во астрологијата, едно име постојано се враќа на врвот на листата – Јарец. Не затоа што не се чувствува уморен, сомничав или исплашен, туку затоа што знае како да ги носи. Тивко, упорно и без драматизација.
Јарците се знак на долги патеки. Нивната сила не е експлозивна, туку стабилна. Додека другите се откажуваат кога мотивацијата ќе исчезне или кога патот ќе стане премногу тежок, Јарецот продолжува затоа што целта е веќе поставена. За нив, издржливоста се рефлектира во дисциплина, самоконтрола и способност да издржат притисок без потреба од постојано признание или пофалби.
Висок праг на толеранција
Психолошки, Јарецот има висок праг на толеранција за фрустрација. Тие не очекуваат работите да им дојдат лесно и затоа не дозволуваат пречките да ги исфрлат од рамнотежа. Напротив, тие често ги доживуваат како составен дел од процесот. Емоционално, тие може да изгледаат резервирани, но токму оваа воздржаност им овозможува да преживеат периоди што би ги скршиле другите.
Професионално, Јарците се познати по својата работна етика и долгорочно планирање. Тие не се склони кон брзи успеси или кратенки. Тие се подготвени да поминат години градејќи нешто што ќе го покаже својот целосен потенцијал дури подоцна. Оваа способност да го одложат задоволството е една од клучните причини зошто се сметаат за најиздржлив знак во Зодијакот.
Секако, издржливоста си има цена. Јарците често забораваат да застанат, да направат пауза и да го признаат сопствениот замор. Нивната сила понекогаш се претвора во товар бидејќи се чувствуваат одговорни дури и кога не мора сами да го носат. Но, токму оваа комбинација од одговорност, трпение и внатрешна сила ги прави знак што трае.
Ако издржливоста е способност да се продолжи дури и кога е тешко, без врева или откажување, Јарецот навистина нема сериозна конкуренција во таа категорија.

