Контакт

Забава

Џефри Раш доби најголема отштета за клевета во историјата на Австралија

Објавено пред

Холивудската sвезда Џефри Раш ја доби најголемата отштета за клевета досега платена во Австралија, откако австралискиот суд ја отфрли жалбата на весникот во сопственост на Руперт Мардок.

Оскаровецот ќе добие два милиони долари поради изгубената заработка и како надомест откако судот ја отфрли жалбата за намалување на трошоците и повторно судење.

Оваа одлука против Nationwide News, австралиската подружница на „Њуз корп.“, е последниот пресврт во правната битка помеѓу Раш и „Дејли телеграф“, кој го обвини за непримерно сексуално однесување кон актерките.

Во статијата на насловната страница објавена во 2017 година, „Дејли телеграф“ напиша дека Сиднејската театарска компанија добила поплака дека Раш непримерно ја допирал колешката за време на поставувањето на претставата „Кралот Лир“.

Судијата во Сиднеј ја опиша содржината на статијата како безобѕирен и неодговорен пример на сензационалистичко новинарство.

Локалните медиуми објавија дека сумата што Раш ќе ја добие е најголемата досега платена на поединец во Австралија, која има строги закони за клевета.

Раш освои Оскар за улогата во филмот „Блесок“ во 1996 година и е еден од малкутемина што освоија и Златен глобус, Еми и Тони.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Британски судија пресуди: Имињата на пријателите на Меган засега ќе останат во тајност

Објавено пред

Меган Маркл победи во судската битка да ги задржи во тајност имињата на пет нејзини пријатели, во првата фаза од правната постапка на војвотката од Сасекс против британски таблоид за нарушување на нејзината приватност со објавување на приватно и доверливо писмо до татко ѝ.

Меган, сопруга на внукот на кралицата Елизабета, принцот Хари, го тужи „Асошиејтед њузпејперс“, издавачот на „Мејл он сандеј“, за статија во која се објавени делови од рачно напишано писмо кое таа му го испратила на нејзиниот оттуѓен татко Томас Маркл, во август 2018 година.

Во своја одбрана, весникот тврди дека го објавил писмото во февруари 2019 година, откако петмина пријатели на Меган дале анонимни интервјуа за американскиот магазин „Пипл “.

Војвотката тврди дека не ги овластила своите пријатели да зборуваат со „Пипл“ и дека „Мејл он сандеј“ сакал да ги именува за да го искористи правниот спор за комерцијални причини. Таа вели дека откривањето на нивниот идентитет претставува закана за нивната емоционална и ментална благосостојба.

Марк Верби, судија во лондонскиот Висок суд, во средата пресуди дека засега нивните имиња не можат да бидат објавени, но дека тоа може да се промени понатаму во текот на судскиот процес.

„Војвотката сметаше дека е неопходно да го преземе овој чекор во обид да ги заштити нејзините пријатели – како што би направил секој од нас – и на сите ни е драго што судијата донесе ваква одлука,“ изјави извор близок до Меган, говорејќи под услов на анонимност.

„Среќни сме што судијата се согласи да ги заштити овие пет лица“.

Меган и Хари сега живеат во Лос Анџелес со нивниот син Арчи откако се повлекоа од своите кралски должности на крајот на март.

Непријателските односи помеѓу кралската двојка и некои британски весници – кои принцот Хари ги обвини за наметливо, неточно и понекогаш расистичко известување како и „немилосрдна кампања“ против неговата сопруга –  беше една од причините поради кои парот ја напушти Велика Британија и замина во САД, коментираат странски медиуми.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Трновит пат до „Оскарите“ – Рене Зелвегер работела како келнерка и живеела на улица со продавачи на крек

Објавено пред

Холивудската sвезда Рене Зелвегер (51) од родниот Тексас се преселила во Лос Анџелес кон крајот на 1993 година, а за да преживее – работела како келнерка. Гледајќи ги другите, таа бргу сфатила каква личност не сака да биде.

„Работев во бар на улицата Вине, зад мобилната бензинска пумпа. Тоа беше неверојатна работа за девојка како мене, која секогаш живееше во релативно безбедно опкружување. На аголот се продаваше крек, па кога си одев дома доцна, не можев да излезам од автомобилот и да отидам во станот додека не заврши примопредавањето“, рече таа.

Првата забележителна улога Зелвегер ја имала во 1995 година во култниот филм „Тексашки масакр со моторна пила“, а една година подоцна, таа глумела самохрана мајка, која е заљубена во спортски агент во филмот „Џери Мегваер“.

„Благодарение на тој филм успеав да си ја платам киријата и повеќе не морав да работам како келнерка. Ми даде слобода“, објасни своевремено актерката. За комедијата „Сестра Бети“ таа освои „Златен глобус“ и ја воодушеви публиката со улогата на вдовица.

„Оскарот“ за најдобра споредна актерка во 2004 година го освои за улогата во филмот „Студена планина“, а статуетката ја доби и оваа година. На 92. доделување на „Оскарите“ наградата за најдобра актерка отиде кај неа за улогата на Џуди во истоимениот филм.

Гледачите, сепак, најмногу ја засакаа во филмовите за Бриџит Џонс, улога за која мораше да се здебели неколку килограми.

Поради лошата психичка состојба, во еден момент актерката едноставно избега од рефлекторите и камерите. Таа отсуствуваше шест години, период во кој се бараше самата себеси. Сега е една од најбараните актерки во Холивуд.

Прикажи повеќе...

Забава

Ќерката на Шумахер објави фотографија со која предизвика внимание во јавноста

Објавено пред

Ќерката на Михаил Шумахер, Џина Марија Шумахер (23), објави црно-бела фотографија на која позира со широка насмевка на својот инстаграм-профил.

„Нешто позитивно е подобро од ништо негативно“, напиша таа покрај фотографијата цитирајќи го американскиот писател Елберт Хабард.

Нејзината објава собра над 11.000 лајка, а многубројни следбеници коментираа дека Џина Марија е копија на својот славен татко: „Девојчето на тато“, „Ти си иста како татко ти“, „Прекрасна насмевка“, „Каков татко, таква ќерка“, „Ти си клон на твојот татко“, се само некои од коментарите.

Покрај изгледот, Џина ја наследила љубовта кон спортот од татка си, се занимава со професионално јавање.

Михаил Шумахер имаше несреќа при скијање пред седум години кога при пад си ја удри главата од камен. Помина неколку месеци во кома, а во последните години престојува во својот дом во Женева, каде што неговото семејство се грижи за него, пренесува хрватски „Индекс“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Во Скопје се роди бебе во „водена обвивка“ – редок феномен што се случува еднаш во 80 илјади породувања

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, наделава се случи несекојдневно породување. Станува збор за медицинско чудо и редок феномен...

Топ1 час

Жени од Македонија, Албанија и Косово пронајдени во угостителски објект, сопственикот осомничен за трговија со луѓе

Десет женски лица од Македонија, Албанија и Косово биле пронајдени во угостителски објект во село Добридол, Гостивар. Сопственикот на објектот...

Македонија2 часа

Казнети 378 лица за неносење маска

Полицијата казнила 378 лица за неносење заштитна маска во текот на изминатиот ден. „Во текот на изминатото деноноќие (07/08.08.2020 година)...

Свет2 часа

Во последните 24 часа во светот над 270.000 нови случаи на коронавирус

Во светот во последните 24 часа се регистрирани вкупно 278.291 нови случаи на коронавирус, а починале 6.815 лица, објави Светската...

Свет2 часа

Рекорден број нови случаи на коронавирус во Јапонија

Во Јапонија во изминатите 24 часа се потврдени најголем број случаи на дневно ниво од почетокот на епидемијата на коронавирус....

Македонија3 часа

Деветнаесет години од нападот кај Карпалак во кој беа убиени 10 војници

Денеска се одбележуваат деветнаесет години од нападот врз конвојот на АРМ во кој беа убиени десет воени резервисти кај месноста...

Свет15 часа

(Видео) Најмалку 16 лица загинаа, а 123 се повредени во авионот кој се преполови во Индија

Најмалку 16 лица загинаа, а 123 повредени во авионската несреќа на „Ер Индија експрес“ што излета од пистата и се...

Свет16 часа

Седумгодишно момче почина од вирусот во САД – немало други болести

Седумгодишно момче кое почина од Ковид-19 е најмладата личност којашто го загибила животот од од оваа болест во американската држава...

Свет17 часа

Сè повеќе млади луѓе умираат од Ковид-19, кои се причините за тоа?

Високиот крвен притисок, дијабетес, дебелина и возраст се покажаа како најчести причини зошто некои пациенти не го преживуваат Ковид-19. Станува...

Свет18 часа

(Видео) Авион со 190 патници излета од писта во Индија и се преполови

Авион на „Ер Индија експрес“ со 191 патник од Дубаи се излизга од пистата и се преполови на аеродромот „Кожикоде“...

Топ19 часа

Велешанец исчезна во водите на Вардар при обид да спаси екипа на ЕВН

Полицијата трага по маж од Велешко кој со трактор се обидел да извлече возило на ЕВН, но бил повлечен од...

Македонија22 часа

Малиот Илче од Охрид, кој беше напуштен од родителите, по десет дена лекување, ја напушти Детската клиника

По десетина дена лекување на Детската клиника, 11-годишниот Илче од Охрид, кого родителите го напуштија, ја напушта болницата здрав и...

Свет22 часа

Либанскиот претседател не исклучува надворешна вмешаност во експлозијата во Бејрут со ракета или бомба

Претседателот на Либан, Мишел Аун, не ја отфрла можноста за надворешна вмешаност во катастрофалната експлозија во главниот град Бејрут велејќи...

Свет23 часа

Првата вакцина против Ковид-19 во светот ќе биде регистрирана во Русија следната недела

Русија ќе ја регистрира својата прва вакцина против коронавирусот на 12 август, рече рускиот заменик-министер за здравство, Олег Гриднев, пренесува...

Македонија23 часа

Девојка пријавила дека била сексуално вознемирувана додека полагала возачки испит

Девојка, која полагала возачки испит, пријавила во Хелсиншкиот комитет дека била сексуално вознемирувана од еден од членовите на комисијата. Случајот...

Македонија23 часа

Хелсиншкиот комитет: Газди им дале 50 отсто помала плата на мајки на деца до десетгодишна возраст

Една од родовосензитивните мерки за справување со пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19, кои ги донесе Владата, e ослободувањето од работни...

Македонија24 часа

Ивица Коневски поднесе тужба за клевета против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот градоначалник на Аеродром и член на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, поднесе тужба за клевета против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски....

Свет1 ден

Германија воведе задолжително тестирање на коронавирус на аеродромите

Бројот на заразени со коронавирус во Германија многу загрижувачки расте, најверојатно и поради големиот број повратници од ризични земји, пишува...

Свет1 ден

Пронајдена слабата точка на коронавирусот

Научниците од Универзитетот во Канзас ја открија слабата точка на коронавирусот „САРС-КоВ-2“. Порталот „Сајенс дејли“ известува дека експертите тестирале терапевтско...

Свет1 ден

Истражување: 60 отсто од излекуваните од Ковид-19 развиваат антитела

Уште на почетокот на јули виролозите од Медицинскиот универзитет во Виена известија дека само половина од заболените и излекуваните од...

Досие