Забава
Џејми Ли Кертис одбележува 22 години трезвеност

Таа е ќерка на холивудските легенди Џенет Ли и Тони Кертис и движечка сила зад блокбастер-серијалот „Ноќта на вештерките“.
А во средата Џејми Ли Кертис одбележа пресвртница во своето патување кон трезвеност подавајќи им рака на оние што се борат со зависност.
Актерката (62) сподели искрена порака на „Инстаграм“, во која прославува дека е трезна веќе 22 години и им порача на сите што се борат со зависност: „Мојата рака во твојата“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
На седум години смислил друштвена игра и сега е милионер – планира да купи „ламборџини“

Алекс Батлер (15) од Сиетл стана милионер откако ја продаде друштвената игра „Тако наспроти Бурито“, која ја дизајнирал како седумгодишно дете, на големата американска компанија „Плеј Монстер“.
Неговата игра, во која се натпреварувате да го создадете највредниот оброк, стана глобален хит и се продаде во над 1,5 милиони примероци, објавува „Дејли меил“.
Алекс и неговите родители, Лесли Пирсон и Марк Батлер, минатиот месец одлучија целосно да ја продадат играта на познатата компанија со седиште во Висконсин.
„Никогаш не се врзав премногу за играта“, рече Алекс. „Не ми е толку важна. Само сакав да добијам што е можно повеќе пари од неа.“
Иако не се знае точно колку добиле, семејството потврди дека моментално работат на инвестирање на заработените пари. Алекс, сепак, не крие дека би сакал дел од парите да ги искористи за да купи луксузен автомобил.
„Би сакал да купам Ламборџини“, рече тој со насмевка.
Идејата за играта, како што вели Алекс, се родила сосема случајно, во период кога не сакал такос или бурито. Сепак, тој често играл игри со карти како „Exploding Kittens“ со своето семејство, што го инспирирало да смисли нешто свое.
Неговата мајка, исто така, започнала кампања „Го фаунд“, со која собрале 25.000 долари за краток временски период. Тоа било доволно за да започнат мал семеен бизнис наречен „Хот Тако Инк“, во кој Алекс бил мнозински сопственик.
Играта се појавила на „Амазон“ и станала веднаш хит. До крајот на истата година, тие заработиле речиси 1,1 милион долари. „Тако наспроти Бурито“ во еден момент била најпродаваната игра на „Амазон“.
Сепак, како што растела побарувачката, играта го надминала капацитетот на семејниот бизнис. Потоа решиле да најдат поголема компанија која ќе може да се справи со понатамошната дистрибуција.
Иако добиле неколку понуди во текот на годините, семејството се одлучило за „Плеј манстер“.
Забава
Камерон Дијаз фотографирана во лежерно издание: актерката не се плаши од стареење, го покажа лицето без шминка

Американската актерка Камерон Дијаз беше фотографирана во природен и опуштен стил додека шеташе низ улиците на Њујорк.
Имено, актерката комбинираше фармерки со тексас кошула, додека косата ја врза во лежерна пунџа. Според фотографиите, Камерон изгледаше во одлично расположение.
Камерон Дијаз е отворена за својот пристап кон стареењето и изгледот. Пред неколку години, таа призна дека пробала ботокс, но брзо се предомислила.
„Пробав, но моето лице се промени чудно. Си реков: „Ова не сум јас“.
Cameron Diaz, 52. pic.twitter.com/hHWA7ircDr
— 𓂀 𝕋𝔼𝔸ℍ 𓂀 (@TeahCartel) August 6, 2025
Таа исто така нагласи дека научила да ги сака своите брчки: „Тие се доказ дека цел живот се смешкам. Го сакам животот и немам проблем со фактот дека се видливи.“
Во последните неколку години, Камерон ретко се појавуваше во јавност. По пет години, појавувањето на премиерата на „Назад во акција“ на Нетфликс во Берлин беше нејзино прво јавно појавување. Пред тоа, нејзиниот последен филм беше „Ени“ (2014), исто така со Џејми Фокс.
Камерон неодамна откри дека изминатите десет години, кои ги поминала во изолација, биле „десетте најдобри години“ во нејзината кариера.
Таа моментално работи на неколку нови проекти, а на есен ќе започне со снимање на „Лош ден“ на Нетфликс, во кој игра самохрана мајка во низа хаотични ситуации. На крајот на 2026 година, таа се враќа како глас на принцезата Фиона во „Шрек 5“.
Забава
Ќерката на Чарли Шин тврди дека сакале да ја киднапираат: „Тој нè набљудувал постојано“

Сами Шин, ѕвездата на „Онли фанс“ и ќерка на Чарли Шин и Дениз Ричардс, тврди дека речиси станала жртва на трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација..
Таа рече дека била во ресторан со пријатели и дека било доста доцна. Кога го напуштиле, поминале пет минути на паркингот, каде што се фотографирале.
„Од никаде еден човек ни пријде барајќи пари. Јас реков: „Жал ми е. Немам пари со мене“, рече таа. Додаде дека тој станал упорен.
„Реков: „Извини, не“, а тој рече: „Добро, добра ноќ“, рече таа, додавајќи дека веднаш потоа, друг маж ѝ се приближил неа и на нејзината пријателка.
„Штом го видов, имав најлошо чувство во стомакот. Сакав веднаш да си оди оттаму“, продолжи таа, наведувајќи дека зборувал шпански и дека таа не можела да го разбере.
„Потоа тој посегна во задниот џеб, а јас ја отворив торбата и извадив солзавец, а тој го виде и полуде“, изјави таа. Со нејзината пријателка успеале да избегаат и да се заклучат во автомобилот.
Тие веруваат дека двајцата мажи работеле заедно. Кога се вратила дома и ги погледнала фотографиите, сфатила дека еден од нив цело време ги набљудувал.
„Обично сум многу свесна за околината и не го забележав овој човек. Дури и да беше безопасен, подобро е да бидам безбедна, иако не мислам дека воопшто имал добри намери“, рече таа.