Контакт

Забава

Џеј Ло на „Инстаграм“ им оддаде признание на две дами кои заедно имаат 176 години

Објавено пред

На доделувањето на наградите „Говернорс“ во Лос Анџелес присуствуваа голем број светски ѕвезди, меѓу кои и актерката и пејачка Џенифер Лопез, која се одлучи за екстравагантен жолт фустан.

Исто така, таму беше Скарлет Јохансон, која се одлучи за фустан со големо деколте. Покрај убавото тело, актерката ги покажа и своите тетоважи.

Сепак, ѕвезди на вечерта беа легендите на светското кино – актерката Софија Лорен (85) и режисерката Лина Вертмулер (91).

Софија на настанот се појави во црн фустан и со насмевка на лицето.

Познатата италијанска актерка ја имаше честа да ѝ ја додели наградата на својата сонародничка, режисерката Лина Вертмулер.

Кога Софија ѝ ја додели наградата на Лина, се јави Џенифер Лопез објавувајќи заедничка слика на Лорен и Вертмулер од настанот.

„Софија Лорен и Лина Вертмулер… Првата жена што некогаш освоила ‘Оскар’ за најдобар режисер“, напиша Џеј Ло.

Забава

Танчер од англискиот национален балет прогласен виновен за сексуални напади

Објавено пред

Поранешен главен танчер на англискиот национален балет е прогласен за виновен за сексуални напади врз негови ученички.

Јатсен Чанг извршил сексуална злоупотреба и злоупотреба на моќ врз девојки и жени од „Англискиот национален балет“ (English National Ballet) и Академијата за млади танчери (Young Dancers Academy) во Лондон во периодот од декември 2009 година до март 2016 година.

49-годишникот е осуден по 12 точки од обвиненијата за сексуален напад и една точка за напад со пенетрација.

Пресудата ќе му биде изречена во лондонскиот суд АIsleworth Crown Court на 18 јуни.

Судијата Едвард Конел му рече на Чанг дека неговиот престап ескалирал сериозно, и го предупреди дека се соочува со долга затворска казна.

Четири жени, на возраст од 16 до 18 години во тоа време, го обвинија танчерот дека несоодветно ги допирал за време на масажите во училиштата.

На поротата ѝ беше кажано дека Чанг, кој сега живее во германскиот град Кил, ја користел својата позиција како славен и почитуван балетан за да ги злоупотребува своите студенти.

„Тој верувал дека неговата слава и неговата позиција ќе го заштитат од поплаки или од последици на неговите постапки,“ рече обвинителот Џоел Смит.

Чанг ги негира сите обвинувања.

Прикажи повеќе...

Забава

Криза на „Златните глобуси“: Том Круз ги врати статуетките

Објавено пред

Том Круз ги предаде своите три златни глобуси во знак на протест поради недостаток на диверзитет во телото што ги доделува блескавите годишни холивудски награди.

Тој е последната sвезда што се приклучува на растечкиот хор на критики. „Ен-би-си“, која го емитуваше настанот од 1996 година, соопшти дека нема да врши пренос на церемонијата следната година.

Телевизиската мрежа инсистира на значајна реформа од организаторите, Здружението на странски новинари во Холивуд.

Овие награди за филм и телевизија, според профилот, се на второ место по „Оскарите“.

Time’s Up, водечки заговорник за реформи во забавната индустрија, потегот на „Ен-би-си“ го опиша како „решавачки момент за Холивуд“.

Прикажи повеќе...

Забава

Тејлор Свифт прва жена добитник на наградата „Глобална икона“

Објавено пред

Американската поп sвезда Тејлор Свифт стана првата жена добитник на наградата „Глобална икона“ на синоќешното доделувањето на британските музички награди („БРИТ-авордс“).

Таа, исто така, е првиот не-британски добитник на наградата, која Британците ја карактеризираат како нивна највисока чест.

Само три други уметници се именувани како Британски икони – Сер Елтон Џон, Дејвид Боуви и Роби Вилијамс.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 минути

Израел по бомбардирањето: Тел Авив во урнатини, децата сами на улица

Судирите меѓу израелските и палестинските сили продолжија утрово, а по ескалацијата на насилството и крвавите конфликти, Израел прогласи вонредна состојба...

Македонија2 часа

Македонскиот војник заразен од коронавирус во Африка со посебни протоколи пренесен на Инфективната клиника

Рано утрово во земјата пристигна 55-годишниот македонски потполковник позитивен на коронавирусот и суспектен на јужноафриканскиот сој, објави на социјалните мрежи...

Европа2 часа

Германски виролог: Оние што нема да се вакцинираат неминовно ќе се заразат

Германскиот виролог Кристијан Дрoстен очекува дека населението во Германија ќе добие имунитет против коронавирусот за една и пол година. Тоа,...

Европа2 часа

Тензиите од Блискиот Исток се префрлија во Германија, инциденти пред синагоги, запалени знамиња

Тензиите од Блискиот Исток се прелеаја во Германија, каде што се случија инциденти пред две синагоги. Во Бон синоќа неколку...

Свет3 часа

СЗО: Индискиот сој на коронавирусот откриен во 44 земји

Светската здравствена организација (СЗО) откри дека индискиот сој на коронавирусот што предизвика нагло зголемување на бројот на заболени во Индија...

Свет3 часа

(Видео) Ескалираат судирите меѓу Израел и Хамас, најмалку 40 убиени, меѓу нив и деца

Ескалира конфликтот меѓу Израел и Хамас. Од Тел Авив се слушаа сирени од раните утрински часови. Одекнаа и неколку експлозии....

Македонија15 часа

Во петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“

Овој петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. „Добивме уште една добра...

Македонија18 часа

Во Македонија 171 нов случај на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 171 нов случај на коронавирус, 26 лица починаа, а 409 оздравеа, соопшти...

Македонија19 часа

Државата треба да ѝ врати над 1,7 милион евра на Европската комисија, пари што ги проневерил ексфунционер од МИОА

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесе обвинение против поранешниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација и...

Македонија21 час

Од четврток забраната за движење ќе трае само по четири часа

Владата на денешната 69-та седница донесе одлука полицискиот час, од 13 мај, да почнува на полноќ, наместо од 23 часот...

Македонија21 час

(Видео) Заев: Европските лидери добро ја разбираат нашата порака – идентитетот не е за преговори

Премиерот Зоран Заев денеска ги сумира резултатите од средбите кои во изминатите два дена нашата владина делегацијата ги оствари со...

Македонија21 час

Во првата недела од мај 37 отсто е намален бројот на новозаразени и починати од Ковид-19

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во текот на минатата недела (од 3 до 9 мај) тестирани...

Македонија22 часа

Доцна вечерва пристигнува офицерот на АРМ, кој со корона се заразил во Африка

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, ја потврди информацијата дека припадник на АРМ е заразен од коронавирус во Централноафриканската Република. Потполковник...

Свет1 ден

Еден од напаѓачите го најавил масакрот во руското училиште носејќи маска со натпис „бог“

Најмалку 11 лица се убиени во вооружениот напад во средно училиште во рускиот град Казањ. Напаѓачите, според информациите објавени од...

Македонија1 ден

Министерството за здравство: Вчера се аплицирани 14.033 дози вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови во државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица...

Регион1 ден

Во Србија пораст на бројот на вакцинирани по ветувањето на Вучиќ од 25 евра

Корона-бројките во Србија продолжуваат да паѓаат и покажуваат помалку од 1.000 заразени втор ден по ред, а белградските медиуми тврдат...

Македонија1 ден

Владата денеска ќе одлучува за новите рестриктивни мерки

Владата денеска ќе ја одржи редовната 69-та седница со повеќе точки на дневниот ред, информираат владините служби. На седницата, која...

Свет1 ден

СЗО: Сите треба да бидеме загрижени поради индискиот сој на коронавирус

Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира индискиот сој на коронавирусот, исто така познат како двоен мутант, како можност од нова...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку 20 загинати, меѓу нив 9 деца во синоќешните израелски напади

Палестинците рано утрово лансираа десетици ракети од Газа, а Израел возврати со нови воздушни напади. Израелската армија објави дека во...

Регион2 дена

Швајцарски весник со истражување: Зошто Балканот е легло на антиваксери?

Весникот Ноје Цирхер Цајтунг (НЗЗ), на почетокот на анализата од дописникот на Југоисточна Европа, Волкер Пабст, истакнува дека до неодамна,...

Досие