Забава
Џоли бара изземање на приватниот судија што го надгледува разводот со Пит
На повидок е една од најдолгите бракоразводни битки во историјата на Холивуд бидејќи станува очигледно дека сагата за Бранџелина е далеку од готова.
Во понеделникот Анџелина Џоли побара приватниот судија што го надгледува нејзиниот развод од Бред Пит да биде изземен од случајот поради неоткривање негови деловни односи со еден од адвокатите на Пит.
Во поднесокот до судот во Лос Анџелес, Џоли тврди дека судијата Џон В. Оудеркирк треба да биде изземен од случајот со разводот што таа го поднесе во 2016 година. Актерката вели дека судијата многу одолжувал и доцнел бидејќи бил ангажиран за други случаи од страна на адвокатката на Пит, Ани Кили.
Во поднесокот стои дека за време на бракоразводната постапка на Џоли – Пит, Оудеркирк не открил дека работи на случаи што демонстрираат врски помеѓу судијата и бранителот на другата страна. Таа смета дека ова е судир на интереси.
Пит и Џоли, како и многу други парови од висок профил, плаќаат за приватен судија во случај на развод со цел да останат запечатени сите лични финансиски податоци, иако некои правни потези мора да се направат во рамките на вообичаена судска процедура.
Џоли потенцира дека приватниот судија мора да ги следи истите правила на откривање и конфликт на интереси исто како и другите судии.
Најновиот пресврт во формалното финализирање на разделбата доаѓа по вестите во таблоидите дека односите помеѓу некогаш најпопуларниот пар во Холивуд се подобруваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Весна Петрушевска соопшти дека се бори со рак на дојка (ВИДЕО)
„Мојата дијагноза е од средината на април оваа година. Се работи за рак на дојка, имав две операции“, раскажува Весна Петрушевска во видео споделено на Инстаграм.
„Кога ќе ви кажат дека ви дијагностицирале, прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано. Јас се обидов тоа да не го кажувам, иако дијагнозата ми е од средината на април. Тоа не можеше да се забележи, бидејќи ја имав појавувања“, додаде Петрушевска.
„Имам рак, па што – живејте си го животот, еден е“, стои во описот на објавата.
View this post on Instagram
Забава
Луѓето се шокираа од изгледот на Адријана Лима: „Претерала со ботоксот“
Бразилската манекенка Адријана Лима последните години беше цел на хејтерите, кои го критикуваа нејзиниот изглед, а во последно време таа ретко се појавува на јавни настани.
43-годишната Адријана сега се појави на премиерата на филмот The Thicket и повторно изненади со изгледот на нејзиното лице со видно искосени очи и кренати веѓи.
Фановите претходно ја обвинуваа дека претерала со ботокс и филери, а таа на хејтерите им одговори со објавување фотографија без шминка.
„Лицето на уморна мајка на тинејџерка, две предтинејџерки, активно момче, едногодишно дете, кое учи да оди, и три кучиња… Ви благодариме за грижата“, напиша таа тогаш.
Адријана пред шест години се повлече од светот на манекенството и се посвети на семејството. Со поранешниот сопруг, српскиот кошаркар Марко Јариќ, таа има две ќерки – Валентина (14) и Сиена (11), а со сегашниот сопруг, филмскиот продуцент Андре Лемер, го има двегодишниот син Сијан.
Забава
Една од најубавите жени на светот го привлече вниманието на шоуто на црвениот тепих во Венеција
Романската актерка и модел Мадалина Генеа, која е позната како една од најубавите жени на светот, прошета на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Венеција и ја воодушеви публиката со својот изглед.
37-годишната Мадалина се појави на премиерата на филмот Joker: Folie a Deux во тесен фустан со светки, со долга, пуштена коса и насмеано им позира на фотографите.
Покрај тоа, актерката се појави и на премиерата на филмот Queer, а беше облечена во беж фустан со качулка и со изрез што ги истакна нејзините долги нозе.
Убавата Романка беше во врска со Џерард Батлер и Леонардо ди Каприо, а на крајот се омажи за романскиот милијардер Матеи Стратан, со кој има 7-годишна ќерка.