Контакт

Забава

Џони Деп пишувал со раскрвавен прст за време на расправија со поранешната сопруга

Објавено пред

Холивудската sвезда Џони Деп пишувал на ѕид со крвта од расечениот врв на прстот, повреда што ја добил во текот на долга и насилна конфронтација со поранешната сопруга Амбер Херд, според неговото сведочење во судот во Лондон во четвртокот.

Деп во судницата изјави дека претрпел некој вид нервен слом за време на расправија со Херд, но негира дека физички ја нападнал. Всушност, тој ја обвини дека му го исекла прстот кога фрлала шишиња вотка кон него.

Ваквите наводи излегоа на површина на третиот ден на судскиот процес за клевета против британскиот таблоид „Сан“. Актерот го тужи издавачот на „Сан“ – News Group Newspapers – за статија во која таблоидот го нарекува тепач на сопругата.

Во текот на судскиот процес Деп ги отфрли сите обвиненија дека бил насилен кон својата поранешна сопруга тврдејќи дека тие се дел од измамата што ја смислила Херд како полиса за осигурување.

„Таа изградила неверојатно досие, полиса за осигурување, што ја искористи по нашиот развод“, рече тој



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Ромео Бекам личи на тато на насловната страница на L’Uomo Vogue

Објавено пред

Синот на Викторија и Дејвид Бекам е веќе доволно возрасен за да влезе во светот на моделите и да биде новото лице на насловната страница на познатото модно списание L’Uomo Vogue.

Ромео, 18-годишниот син на Викторија (46) и Дејвид Бекам (45), веќе го имаше своето деби на машката модна сцена како манекен, а сега ја краси насловната на најновото издание на списанието, кое треба да излезе на киосците на 22 јануари.

 

Зад објективот стоеше славното фотографско дуо Мерт Алас и Маркус Пигот.

Русокосиот Ромео на својот инстаграм-профил ја покажа својата прва голема фотосесија и напиша: „Возбуден што ја споделувам мојата прва насловна страница за L’Uomo Vogue“.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Мет Дејмон бара 21 милион долари за својот имот во Лос Анџелес

Објавено пред

Тој е еден од најуспешните актери во Холивуд.

Но, се чини дека Мет Дејмон е подготвен за промена и ја наведе својата палата во Лос Анџелес за продажба.

Ѕвездата (50) бара 21 милион долари за својот имот на Пацифичките Палисади, што го купи во 2012 година за 15 милиони долари.

Имотот се наоѓа зад висока жива ограда на половина хектар, а резиденцијата може да се пофали со простор за живеење на 13.500 квадратни метри.

 

Домот, опишан од агенцијата за недвижности како тропско прибежиште, нуди седум спални соби и 10 бањи, голем надворешен базен и рибник.

Прикажи повеќе...

Забава

Адел и Симон Конецки постигнаа договор за развод на бракот

Објавено пред

Британската пејачка Адел постигна договор со сопругот Симон Конецки за развод на бракот со спогодба речиси две години по нивното разделување.

„Ју-ес викли“ објави во четвртокот дека пејачката (32) и Симон (46), извршен директор на добротворната организација Drop4Drop, во петокот на 15 јануари ги поднеле условите за развод од 171 милион долари.

Иако Адел и Симон го завршија своето за да го финализираат разводот, бракот официјално нема да биде прекинат додека судијата не се потпише на документите.

Двајцата објавија дека ќе се разделат во април 2019 година, а Адел поднесе судски документи пет месеци подоцна. Тие се одлучија да користат медијација за да се прецизираат деталите за поделба на нивниот имот и на долговите.

Британската поп-сензација е една од најбогатите пејачки во својата земја. Нејзиниот раскошен глас и талентот ја сместија меѓу најценетите и најплатени светски музичари на денешнината.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

(Видео) Џонсон со предупредување: Новиот вид коронавирус посмртоносен од претходниот

Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва предупреди дека според најновите податоци новиот вид на Ковид-19 може да биде посмртоносен од другите...

Регион7 часа

Вучиќ: Ќе се обидеме да направиме фабрика за вакцини во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека ќе се обидат да направат фабрика за вакцини во Србија. Како што се наведува...

Свет7 часа

Уште една компанија ја намалува испораката на вакцина за ЕУ

Компанијата „Астра зенека“ соопшти дека почетните испораки на вакцината против коронавирус за земјите на ЕУ ќе бидат помали од предвиденото....

Македонија9 часа

Нови 307 заболени и 14 починати од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.854 тестирања, а регистрирани се 307 нови случаи на...

Свет10 часа

Илјада луѓе во Шведска примиле вакцина што се транспортирала на прениска температура

Околу илјада луѓе во Шведска примиле вакцина на „Модерна“ која се чувала на погрешна температура за време на транспортот, објави...

Економија12 часа

Повеќето од службениците вработени по Рамковниот ќе бидат прераспределени во МВР и УЈП

Првиот вицепремиер Артан Груби соопшти дека 1.349 службеници вработени по Охридскиот рамковен договор до крајот на јануари ќе почнат со...

Европа13 часа

ЕК бара објаснување од „Фајзер“ за доцнењето на вакцините

Европската комисија ќе побара објаснување од американската компанија „Фајзер“ за причините поради кои повторно се одложува испораката на вакцини против...

Македонија13 часа

Обвинителството незадоволно од условната казна за поранешниот советник на Чулев

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција е незадоволно од условната казна за Зоран Ѓорѓевски, кој беше вработен...

Македонија14 часа

Филипче: Спремни сме да ги примиме вакцините од Србија

Министерот за здравство, Венко Филипче, пред денешниот разговор за вакцините од Србија вели дека не постојат пречки ковид-вакцините да пристигнат...

Топ15 часа

(Видео) Пресечен меѓународен канал за дрога, запленети 40 килограми марихуана

Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, заедно со Одделот за специјални полициски...

Македонија15 часа

Општина Центар додели 400.000 денари помош за Петриња и Сисак

Советот на Општина Центар додели парична помош во висина од 400.000 денари на градовите Петриња и Сисак во Хрватска. „По...

Македонија16 часа

Заев и Спасовски земаат највисоки плати во Владата

Премиерот Зоран Заев зема највисока плата од 87.813 денари, а министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, е втор на списокот...

Македонија16 часа

Царовска на средба со МАНУ: Реформите во образованието се неопходни ако сакаме подобри резултати

Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и членовите на работната група денес ги продолжуваат дебатите за предложените...

Регион16 часа

Мира Фурлан починала од западнонилска треска

Познатата актерка Мира Фурлан починала од вирусот на западнонилската треска, пишуваат хрватските медиуми. Актерката неколку месеци се борела со болеста...

Европа17 часа

Урсула фон дер Лаен: ЕУ ќе мора што побргу да обезбеди вакцини за Западен Балкан

Европската Унија со посебен механизам ќе обезбеди вакцини против коронавирусот за Западен Балкан што е можно побргу, рече претседателката на...

Свет17 часа

Уапсени двајца соработници на Навални затоа што повикувале на протести

Русија уапси двајца соработници на затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, и се закани дека ќе ги тужи другите поради...

Европа18 часа

ЕУ воведува темноцрвени зони на епидемиолошката карта на Европа

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, најави воведување нова ознака на епидемиолошката карта на Европа, темноцрвена зона, од...

Свет18 часа

Бајден бара петгодишно продолжување на договорот за контрола на нуклеарното оружје со Русија

Претседателот на САД, Џо Бајден, ќе побара петгодишно продолжување на договорот за контрола на нуклеарното оружје „Нов СТАРТ“ со Русија,...

Свет1 ден

(Видео) Бајден: Ќе ги поместиме небото и земјата за да вакцинираме што е можно повеќе луѓе

Новиот американски претседател Џо Бајден ѝ се обрати на американската јавност по повод презентацијата на планот за борба против пандемијата...

Европа1 ден

Холандија воведува полициски час, луѓето веќе смислуваат начини како да го избегнат

Предлогот на холандската влада да воведе полициски час, прв по Втората светска војна, помина во парламентот, пренесува АФП. #BREAKING Dutch...

Досие