Контакт

Забава

Џорџо Армани: Модата, дефинитивно, ќе изгледа поинаку по пандемијата на коронавирусот

Објавено пред

Познатиот моден дизајнер Џорџо Армани изјави дека е неморално што модната индустрија усвоила брзи промени во модните трендови со надеж дека ќе продаде повеќе и дека тоа е причината за нејзиниот пад и дека тој повеќе не сака да го прави тоа, но и дека тоа е можеби најважната лекцијата што ја научил од оваа криза.

„Нема смисла една од моите јакни или костуми да живеат во продавницата само три недели и веднаш да станат застарени, да бидат заменети со нови производи, не многу поинакви од оној што им претходел. Јас не го правам тоа, сметам дека е неморално да го сторам тоа. Отсекогаш верував во идејата за безвременска елеганција, во создавање облека што ќе трае со текот на времето“, пишува Армани за комерцијалниот магазин на модната индустрија „Дејли вер дејли“ (WWD).

„Неморално е. Моментот низ кој минуваме е тежок, но ни нуди единствена можност да го исправиме она што е погрешно, да го отстраниме она што е вишок и да ја најдеме човечката димензија… Ова е можеби најважната лекција од оваа криза“, смета Армани.

Публикацијата е главно посветена на финансиери, медиумски менаџери, агенции за рекламирање, производители, дизајнери и трговци на мало.

Според него, тој работел со своите тимови веќе три недели, така што кога ќе заврши карантинот, неговата летна колекција ќе остане во бутиците барем до почетокот на септември, како што е природно, вели познатиот моден дизајнер.

„И така ќе работиме од сега. Оваа криза е исто така прекрасна можност да се вратат вредностите на автентичноста: доста со модата како со комуникациска игра, доста со модни ревии во целиот свет кои се само изговор за презентирање празни идеи. Доста со забава и грандиозни спектакли, кои денес се откриваат онакви какви што се навистина: непримерени, па дури и вулгарни, мислам“, заклучува модниот креатор Џорџо Армани во своето писмо за магазинот WWD.

Забава

(Видео) Во Дубаи отворена најголемата фонтана во светот

Објавено пред

Најголемата фонтана во светот беше пуштена во употреба во Дубаи во четвртокот со прекрасен огномет.

Посетителите со маски за лице, во согласност со мерките против ширење на коронавирусот, се собраа за да уживаат во танцот на водата и светлината.

Фонтаната зафаќа 7.327 квадратни метри, осветлена е со 3.000 ЛЕД светла, а 7.500 млазници фрлаат вода во висина до 105 метри.

Фонтаната се наоѓа во трговскиот центар „Поинте“.

Најновата атракција на Обединетите Арапски Емирати влезе во Гинисовата книга на рекорди како најголема фонтана во светот.

Ќе работи цела година од утро до полноќ, а млазниците ќе се активираат на секои три минути во различни бои.

Прикажи повеќе...

Забава

Не гледај, Бен! Девојката на Афлек во прегратки на машки модел додека снима реклама за парфем

Објавено пред

Во реалниот живот таа е во среќна врска со Бен Афлек.

Но, најновиот човек на Ана де Армас пред камерите беше дрзок машки модел, кој страсно ја прегрнува и бакнува на реклама за парфем што се снимаше на Малибу неделава.

 

32-годишната актерка и модел лежи на песокот, а нејзиниот колега ја крева во рацете и потоа страсно ја бакнува.

Новата Бонд-девојка, која ја игра и Мерилин Монро во претстојниот биографски филм, зрачи со гламур на снимањето.

Прикажи повеќе...

Забава

Холандскиот крал се извини за годишниот одмор среде рестрикции за патување

Објавено пред

Кралот на Холандија, Вилем-Александер, денес се извини дека се обидел да замине на годишен одмор за време на забрана за патување.

Петчленото семејство се врати од одмор во Грција само 24 часа по напуштањето на Холандија.

Кралот Вилем-Александeр, кралицата Максима и нивните три ќерки беа принудени да се вратат во Холандија по негодувањето на јавноста за нивниот одмор во Грција имајќи предвид дека тие заминаа во исто време кога во земјата беа воведени построги мерки за заштита од Ковид-19 и препораки да не се патува.

Сега, кралот и кралицата јавно се извинија за својата постапка: „Боли што ја изневеривме вашата доверба во нас. И покрај тоа што патувањето беше во согласност со прописите, беше многу неразумно да не се земе предвид влијанието на новите ограничувања врз нашето општество. Нашата одлука за враќање беше донесена со сознание дека не требаше да заминеме.“

Прикажи повеќе...

Најново

Свет50 минути

Американските компании продолжуваат со тестирање на вакцината против Ковид-19

Фармацевтската компанија „Астра Зенека“ ќе продолжи со клиничките испитувања на својата експериментална вакцина против Ковид-19 во САД, откако доби одобрение...

Македонија2 часа

Филипче најави проширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот

Прширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот најави министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска ги посети болниците во...

Македонија3 часа

Почина Амди Бајрам

Поради кардиоваскуларни проблеми, почина Амди Бајрам, експратеникот и претседател на Сојуз на Ромите. Тој починал на приватна клиника во Скопје....

Економија4 часа

(Видео) Компаниите кои се потешко погодени од кризата, ќе добијат поголема финансиска поддршка

Со измените на Законот за поддршка на исплата на плати, компаниите кои се потешко погодени од кризата, ќе добијат поголема финансиска...

Регион5 часа

Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун

Поради зголемувањето на ширењето на Ковид-19, Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун. Мерките стапуваат...

Македонија6 часа

Георгиевски во Софија: Историската комисија има направено големо поместување

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски при својата посета во соседна Бугарија оствари средби со министерката за надворешни работи, Екатерина...

Свет6 часа

СЗО работи на насоки за употреба на Ремдесивир

Светската здравствена организација објави дека работи на развој на упатства за употребата на лекот Ремдесивир за третман на пациенти со...

Македонија7 часа

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени...

Македонија7 часа

Ноќва почнува зимското сметање на времето

Со поместување на часовникот за еден час наназад, од ноќва почнува зимското сметање на времето, со што времето во 3...

Македонија20 часа

Филипче: Лабораториите за тестирање работат во три смени

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче информира дека силниот есенски бран ги оптерети лабораториите за тестирање, но се работи...

Македонија20 часа

518 нови случаи на Ковид-19 во земјава, починаа девет лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2367 тестирања, а регистрирани се 518 нови случаи на...

Регион21 час

Бугарскиот премиер во самоизолација

Бугарскиот премиер Бојко Борисов е во самоизолација по контактот со заменик министерот за градежништво, Николај Нанков, кој беше позитивен на...

Македонија21 час

(Видео) Северна Македонија и САД потпишаа меморандум за безбедност на 5G технологии

Премиерот Зоран Заев и потсекретарот за економски раст, енергија и животна средина во Владата на САД, Кеит Крач, потпишаа меморандум...

Македонија22 часа

(Видео) Заев – Хоти: Ако има потреба повторно ќе се воведат ПЦР тестови на граница

Северна Македонија и Косово традиционално позитивниот политички дијалог наскоро ќе го потврдат со прва заедничка седница меѓу Владите на двете...

Македонија23 часа

Мицкоски: Ако Заев се откаже од Гоце Делчев и јазикот, идната влада на ВМРО ќе ја поништи одлуката

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски, на денешниот протест, како што наведуваат, против „мафијата, за правда и слобода“, нагласи дека доколу...

Топ23 часа

Тепачка со ножеви и пиштоли меѓу две семејства во Кондово, двајца завршиле во болница

Две лица се повредени во тепачка меѓу две семејства во Кондово, во која биле употребени нож и пиштол. Како што...

Македонија1 ден

Свадба со 200 гости во Арачиново, полицијата најави пријави

Државниот пазарен инспекторат и полицијата растурија свадба во Арачиново со 200 гости и најавија кривични пријави за непочитување на мерките...

Регион1 ден

Во Словенија 1.656 нови случаи на коронавирус – се затвораат рестораните, хотелите, трговските центри

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 1.656 нови случаи на коронавирус, нешто помалку од претходниот ден. Бројот на...

Македонија1 ден

(Видео) Георгиевски за „Бгнес“: Сакаме зближување со Бугарија, Гоце Делчев нè обединува

И покрај „длабоката држава“ во Македонија, ние сакаме зближување со Бугарија, Гоце Делчев нè обединува, вели лидерот на ВМРО-Народна партија,...

Свет1 ден

Истражување: Лекувањето на Ковид-19 со крвна плазма дава слаби резултати

Употребата на таканаречената конвалесцентна плазма или антитела од крвта на пациенти кои оздравеле од Ковид-19 како потенцијален третман за хоспитализирани...

Досие