Забава
Џорџ Клуни бил хоспитализиран по наглото губење тежина за филм
Џорџ Клуни требало да лета на Арктикот за да глуми и да го режира филмот „Полноќно небо“, но неколку дена пред да почне снимањето, тој бил пренесен во болница со силни болки во стомакот.
Лекарите веднаш воспоставиле дијагноза панкреатит – воспаление на панкреасот, што може да биде опасно за животот.
59-годишиот актер, кој изгуби речиси 30 килограми за филмот, рече: „Мислам дека премногу се трудев да ослабам набрзина и веројатно не се грижев за себе и за моето здравје“.
По излегувањето од болница, холивудскиот актер сè уште не се чувствувал сосема добро, што го направи снимањето на филмот уште потешко.
„Потребни беа неколку недели за да бидам подобар и како режисер не е толку лесно затоа што ви треба енергија“, изјавил Клуни.

„Бевме на глечер во Финска, што ја отежнуваше работата. Но, тоа секако помогна за улогата. Ова е поголемо од сè што сум правел претходно. Но, беше забавно“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Ќерката на Синди Крафорд има добитна комбинација за вечерно излегување
Каја Гербер, наследничката на легендарната Синди Крафорд, неодамна беше фотографирана на вечерно излегување во Беверли Хилс.
За таа пригода, убавицата одлучи да облече едноставна комбинација која многу кажува – за почеток, дека црниот фустан е секогаш во тренд.
Како што можете да видите, Каја го избра претходно споменатиот мини фустан кој ја следи линијата на телото и ја нагласува нејзината витка фигура, но и нозете.
Kaia Gerber pairs a statement coat with mile-long legs for a night out https://t.co/epqcopzP0R pic.twitter.com/D11eNqrmTW
— Page Six (@PageSix) November 26, 2025
На својот стајлинг додаде и крзнено палто во индиго сина боја од брендот „Манго“, кое го „разби“ ова монохроматско издание и му даде драматичност на нејзиниот изглед.
Целото издание го заокружи со минималистичка шминка во голи тонови, но и со брановидна коса што ѝ паѓаше по рамената.
фото: епа
Забава
Најсуровите луѓе се родени под три хороскопски знаци
Нивното однесување не мора да значи дека се лоши луѓе, но честопати оставаат впечаток на личност која не сака длабоко да се вложи во разговори.
Понекогаш среќаваме луѓе кои изгледаат ладни или имаат емоционална дистанца од другите луѓе. Нивното однесување не мора да значи дека се лоши луѓе, но честопати оставаат впечаток дека е тешко да се трогнат или омекнат нивните срца.
Ваквите луѓе знаат како остро да реагираат, да донесуваат тешки одлуки и да дејствуваат без многу емоции. Нивната сила лежи во фактот дека ретко покажуваат слабост, но токму затоа оние околу нив ги перцепираат како најсурови.
Според астрологијата, овие хороскопски знаци ги поседуваат овие карактеристики.
Шкорпија
Шкорпиите се интензивни, непоколебливи и познати по длабоките емоции што ги кријат зад студената фасада. Кога се чувствуваат повредени или предадени, нивната реакција може да биде сурова и немилосрдна.
Тие не забораваат лесно и имаат способност да погодат каде најмногу боли. И покрај ова, нивниот став произлегува од силната потреба да ги заштитат своите граници. Луѓето често ги перцепираат како поопасни отколку што се навистина затоа што не се откажуваат од своите верувања.
Јарец
Јарците се чини дека не се способни да имаат емоции бидејќи ретко покажуваат чувства и ги мерат вредностите преку резултати.
Во ситуации што бараат ладна глава, тие лесно донесуваат тешки одлуки без многу преиспитување. Поради ова, оние околу нив ги сметаат за строги, па дури и сурови, иако тие само сакаат да одржуваат ред и стабилност. Сепак, зад нивниот цврст став лежи силен фокус на долгорочни цели.
Овен
Овните се импулсивни, директни и не штедат зборови кога се вознемирени или под притисок. Нивната брзина на реакција може да изгледа сурова бидејќи често кажуваат работи што другите никогаш не би ги кажале гласно.
Тие знаат како да дејствуваат без размислување и затоа оставаат впечаток на личност на која ѝ недостасува трпение или разбирање. Нивната искреност е сурова, што ги прави особено интензивни во конфликтите. Сепак, зад нивната експлозивност обично постои потреба проблемот веднаш да се реши.
Забава
Мис Јамајка закрепнува откога падна од сцената и набргу ќе биде пуштена од болница
Претседателот на организацијата „Мис Универзум“ се огласи за здравствената состојба на претставничката на Јамајка, Габриел Хенри, откако таа падна на сцената за време на претселекциите. Според него, Хенри добро се опоравува и наскоро треба да биде пуштена од болница, пренесува „Пипл“.
Габриел Хенри падна за време на ревијата на вечерни фустани на 74. избор за Мис Универзум во Бангкок, во средата на 19 ноември, по што беше итно пренесена во болница.
Во објава на Инстаграм, претседателот на „Мис Универзум“, Раул Роча, се осврна на, како што рече, недамнешните шпекулации и нагласи дека сака да ѝ даде на јавноста точни, јасни и со почит ажурирани информации за здравствената состојба на Габриел Хенри.
View this post on Instagram
Тој истакна дека организацијата, од почит кон Хенри и нејзиното семејство, не објавува детали за нејзиното здравје. Додаде дека информациите треба да се споделуваат само во соодветно време и по одлука на семејството или самата Хенри. Роча потврди дека веднаш по нејзиниот пад била преземена брза реакција.
„Лично излегов на сцената за да ѝ помогнам, организирав итна медицинска помош и го надгледував нејзиниот транспорт до болница“, изјави тој. Додаде дека останал со нејзиното семејство во болницата.
Тој наведе дека се воведени и дополнителни мерки на претпазливост, меѓу кои и ангажирање на дополнителни медицински стручњаци, за да се обезбеди најпрецизна процена на нејзината состојба. Потврди дека организацијата „Мис Универзум“ ги покрила сите трошоци за сместување, медицинска нега и патување за Хенри и членовите на нејзиното семејство.
„Последниве четири дена беа исполнети со тешки моменти и неочекувани грижи“, напиша Роча. „Но благодарение на врвната медицинска грижа, сите предизвици беа успешно надминати.“ Тој додаде дека најновиот лекарски извештај потврдува дека Габриел Хенри е во добра здравствена состојба и дека наскоро се очекува да биде пуштена од болница.
„И покрај неоснованите шпекулации што кружат во јавноста, нашиот фокус во целост беше на нејзината грижа и опоравување. Пресреќни сме што е на чекор до отпуштање“, заклучи тој.
По падот, Хенри беше изнесена од сцената на носилки. За време на престојот во Тајланд со неа постојано беа нејзината сестра Филиша Хенри-Самуелс и мајка ѝ Морин Хенри.
Нејзината сестра претходно изјави дека Габриел не се опоравува толку брзо како што се надевале, но дека болницата продолжува да ѝ обезбедува соодветна грижа. Тогаш беше објавено и дека Хенри ќе остане најмалку седум дена на одделот за интензивна нега поради постојан мониторинг на нејзината состојба.

