Забава
Џорџ Клуни вели дека Том Круз не претерал со реакцијата за прекршување на ковид-протоколите

Една од најголемите холивудски sвезди проговори за заканата на Том Круз кон екипата на „Невозможна мисија“ и застана во одбрана на својот колега.
На радиоемисијата на Хауард Стерн, Џорџ Клуни рече: „Тој (Том) не реагираше премногу затоа што тоа е проблем. Имам пријател кој е помошник-режисер во друга ТВ-серија, кој имаше речиси идентична ситуација“.
59-годишниот Клуни беше во емисијата за да го промовира својот нов филм „Полноќно небо“.
Во средата британскиот весник „Сан“ објави дека Том Круз во текот на снимање сцени во Лондон на новиот филм „Мисија: невозможно“ им се заканил со откази на сите од екипата кои очигледно ги прекршиле безбедносните протоколи за Ковид-19 стоејќи премногу блиску еден до друг.
Иако негодувањето било оправдано, според Клуни, сепак, тој призна дека би пристапил поинаку на ситуацијата.
„Вие сте во позиција на моќ и е незгодно. Вие имате одговорност за сите други и тој е апсолутно во право за тоа. Ако продукцијата се намали, многу луѓе остануваат без работа. Луѓето треба да го разберат тоа и да бидат одговорни. Едноставно, не е мој стил на тој начин да ги водам сите на задача,“ рече Клуни.
„Мислам дека не помага да укажувате на специфични луѓе на тој начин … но, секој има свој стил. Луѓето кои беа таму ќе ни кажат повеќе за тоа. Јас разбирам зошто го стори тоа. Тој воопшто не греши. Не знам дали ќе постапев исто така, но не ги знам сите околности, можеби тој се соочил со таква ситуација 10 или 15 пати претходно“.
Се чини дека напнатоста сè уште расте на снимањето на „Мисија: невозможно“, бидејќи „Сан“ во средата ја објави веста дека пет члена на екипата дале отказ по тирадата на Круз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Четири знаци се „мамини синови“ и остануваат такви засекогаш

Иако можат да бидат исклучително внимателни како емотивни партнери, сигурно не сакате постојано да се натпреварувате со нивната мајка.
Неколку хороскопски знаци растат како синови на мајка и не можат да донесуваат одлуки без да разговараат со своите мајки. Тие обично се потпираат на неа за сè повеќе отколку на нивниот татко или браќа и сестри.
Нивните партнери може да сфатат дека на оваа личност едноставно ѝ недостасува движечка сила во нивниот живот. Можеби имаат големо почитување кон своите девојки, но не е забавно да се натпреваруваат со нивната мајка во секој аспект од животот, објавува Pinkvilla.
Девица
Ако се омажите за некој со хороскопскиот знак Девица, ќе откриете дека секоја одлука што ја носи вашиот сопруг ја вклучува неговата мајка. Ништо во нивните животи не може да се случи без нејзино знаење или одобрение.
Тие не гледаат ништо нефункционално во тоа, и секој што мисли дека мајката на овој земјен знак е проблем ќе го заработи гневот на огорчена Девица.
Шкорпија
Иако повеќето Шкорпии се независни, тие имаат силна мајчинска фигура во нивните животи. Неговата мајка е како негов личен Бог по тоа што таа е секогаш во право.
Шкорпиите постојано ја споредуваат својата партнерка со мајката, бидејќи очекуваат да се однесува како нивна мајка.
Бик
Секој Бик има тенденција да ја обожава својата мајка како херој. Кога е во близина, тој ѝ дозволува да се однесува кон него како кон бебе и да го разгалува. Тој е навикнат да биде по негово бидејќи мајка му го разгалува претерано.
Тој никогаш не може да се спротивстави на неа и без разлика колку години има, се чувствува безначаен околу неа.
Рак
Мажот Рак редовно разговара со мајка си дури и повеќе отколку со сопругата. Тие постојано си пишуваат пораки ако не разговараат по телефон. Неговата мајка знае премногу за работниот живот и врските на неговиот син.
Таа нуди мудри совети и е добро информирана за неговата сопруга или девојки, а Ракот не би сакал поинаку.
Многу од овие хороскопски знаци доживуваат неуспешни врски бидејќи нивниот љубовен живот нема многу простор да се развие под строг надзор на нивните мајки. Сепак, овие мажи остануваат синови на мајката доживотно.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Селена Гомез објави интимни фотографии на интернет и светот полуде

Пејачката и глумица Селена Гомез неодамна се венча. Таа му рече „да“ на својот партнер и музички продуцент Бени Бланко, а самата свадбена церемонија беше како бајка.
Иако официјалната церемонија е долгоочекувана приказна, се чини дека пејачката не може да го заборави тој посебен ден.
Сега таа објави серија интимни фотографии на Инстаграм пред самата свадба за дополнително да ја разбуди имагинацијата на своите обожаватели.
„Од пишувањето на моите завети до заминувањето од свадбата порано од повеќето…“, напиша Гомез.
Таа покажа момент на тишина додека седи во розов сатенски фустан и ги пишува своите љубовни завети.
Насмевката на нејзиното лице беше многу забележлива, а коментари како: „Прекрасна си“, „Го обожавам твојот стил“, „Сјаеш“ беа забележливи под серијата фотографии.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Меланија Трамп е божица на стилот и може да носи што сака

Веќе неколку пати видовме дека Меланија Трамп не мора секогаш да биде елегантна и гламурозна, но овој пат буквално ги засени сите со своите полежерни модни избори.
Иако „нејзината област“ се претежно фустани и костуми, првата дама на Америка сепак покажа дека е непобедлива во секое модно поле.
За посетата на поморската станица во Вирџинија, Меланија избра кожна бомбер јакна која ја комбинираше со бела кошула и потемни фармерки. Не би било исто без спектакуларна капа на која пишуваше САД, а целата нејзина комбинација потсети на сцена од филм.
Ако се сеќавате на Кели Мекгилис од филмот „Топ Ган“, ќе видите дека беше облечена слично, па можеби Меланија пронашла инспирација од неа.
Kelly McGillis (1986) pic.twitter.com/tkzUDA19nt
— Luxe (@luxefemmes) June 3, 2025
На овој настан ѝ се придружи и Доналд Трамп, но сепак, целото внимание беше насочено кон неа, барем кога стануваше збор за овој моден момент од целата приказна.
фото: принтскрин