Забава
Џулија Ормонд го обвини Вајнстин за сексуално вознемирување
Британската актерка Џулија Ормонд го обвини поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнстин за сексуално вознемирување, пренесува Си-ен-ен.
Британката (58) во тужбата тврди дека продуцентот ја нападнал во 1995 година.
Тие наводно требало да одат на деловна вечера, но Харви рекол дека ќе зборува за извесен проект само доколку го покани во станот што ѝ го обезбедила филмската компанија „Мирамакс“. Џулија се согласила на тоа, а по пристигнувањето во станот, тврди таа, Харви се соблекол и ја принудил на орален секс.
Ормонд тврди дека по нападот им кажала на своите агенти Кевин Хуван и Брајан Лорд, кои наводно ѝ рекле да не кажува ништо јавно. Таа на крајот ја тужеше агенцијата „Креатив артист“, а потоа и филмските компании „Мирамакс“ и „Волт Дизни“ за небрежност. Тврди дека „Мирамакс“ ѝ го раскинал договорот набргу потоа. Вработените во агенцијата и во „Мирамакс“ и во „Дизни“ знаеле што направил Вајнстин.
Претставникот на Вајнстин во изјава за Си-ен-ен рече дека продуцентот ги негира сите наводи и е подготвен да се брани.
Озлогласениот Вајнстин, инаку коосновач на продуцентската куќа „Мирамакс“, во моментот веќе издржува 23-годишна затворска казна изречена во Њујорк. Над осумдесет жени, вклучително и актерки, го обвинија за сексуално вознемирување. На крајот на февруари тој доби уште 16 години затвор поради силување актерка во 2013 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Британец се обидел да направи торта за внуката која ја обожува Тејлор Свифт, фотографиите станаа вирални
На социјалните мрежи кружат вирални фотографии од Британец, кој сакал да ја расположи својата внука, која инаку е голем фан на пејачката Тејлор Свифт.
Кит Сковел се пофали со торта инспирирана од пејачката во група на Фејсбук, а неговото дело набрзо стана вирално.
„Не очекував да бидам толку исплашен денес“, „Дали внука ти можеби имаше кошмари после тоа?“, „По ова ми треба терапија“, „Ова ми требаше денес , фала на смеењето“, „Ја погоди скрос“, се дел од коментарите.
This Taylor Swift cake has just made my week. pic.twitter.com/7UjnmXzBVY
— Claire Thompson She/Her (@thompoclaire) October 10, 2024
Инаку, Тејлор Свифт официјално стана најбогатата музичарка во светот со проценета нето вредност од 1,6 милијарди долари. Пејачката стана милијардерка по огромниот успех на нејзината турнеја Ерас минатата година, надминувајќи ја Ријана, чие богатство се проценува на 1,4 милијарди долари.
Забава
Кои биле најбогатите луѓе во Југославија – рекордот го држи граѓанин на Скопје, а на листата нема политичари
Најбогатите луѓе во поранешна Југославија се најдоа на листата на магазинот ТОП од 1988 година. Она што е особено интересно е што на списокот нема политичари.
Во февруари 1989 година, Даночната управа презентираше прелиминарна листа на најбогати граѓани од претходната година, во која беше наведено дека најголеми приходи пријавиле приватни ресторани, пејачи, композитори на народна музика, претставници на странски компании, фудбалери, ликовни уметници, новинари и универзитетски професори.
Интересно е што на оваа листа нема политичари, а вреди да се нагласи и дека даночната основа не беше еднаква за цела Југославија и се пресметуваше според оваа формула: просечен приход помножено со три.
Апсолутен рекордер е приватен угостител од Скопје, кој пријавил дека во 1988 година остварил заработувачка од 171 милион динари.
Во Белград најголема заработка забележал пејач на народна музика (142 милиони динари), во Загреб претставник за продажба (61 милион динари), а во Љубљана академски скулптор (28 милиони динари).
Забава
Хороскоп за милијардери: во кои знаци се раѓаат најбогатите луѓе
Најбогатите луѓе во светот често припаѓаат на знакот Вага.
Најмалку милијардери, само осум, припаѓаат на знакот Јарец, но меѓу нив е и Џеф Безос.
Астрологијата вели дека распоредот на ѕвездите во моментот на раѓање ја одредува нашата судбина. Некои веруваат дека тоа е вистина, други пак, дека секој е креатор на својата среќа. Меѓутоа, хороскопските експерти утврдиле кои знаци се најбогати, односно во кој период од годината се родени најбогатите луѓе на светот. Тие ја погледнале листата на милијардери на Форбс и дошле до заклучок дека повеќето од нив припаѓаат на знакот – Вага.
Во хороскопот на милијардерите, дури 27 од најбогатите луѓе на денешницата се Ваги. Во таа група е и познатиот американски дизајнер Ралф Лорен.
Второто место им припаѓа на Рибите, а меѓу 22-те супербогати личности се најдоа бизнисмените Руперт Мардок и Бернард Арно, директор на групацијата LVMH.
Третото место го делат Лав, Рак и Бик со многу познати имиња како Илон Маск, Ричард Бренсон, Марк Цукерберг. Најмалку милијардери, „само“ осум, припаѓаат на знакот Јарец. , но меѓу нив е и Џеф Безос .
Ким Кардашијан, чие богатство се проценува на 1,2 милијарди долари, на 21 октомври слави роденден, што значи дека припаѓа на знакот Вага. Ријана е побогата за двесте илјади долари. Таа е Риба. Музичкиот магнат Џеј Зи, кој има две ипол милијарди на сметката, е роден во знакот на Стрелец.