Забава
Август ќе биде најтешкиот месец во годината за овие три знаци
Уживавме во летото, но на некои хороскопски знаци, август им подготвува прилично тежок период. Хороскопски знаци за кои август ќе биде најтешкиот месец во годината
Започна август, но со потешкотии за три конкретни хороскопски знаци. Ретроградниот Меркур во Девица не им оди во прилог и им го претвора животот во ролеркостер. За некои тоа се финансиски проблеми, за други знаци прекин на работа, а за некого секојдневната работа едноставно ќе биде тешка.
Дали е вашиот хороскопски знак на списокот?
Девица
Овој месец ви е или жешко или ладно со Меркур ретрограден во вашиот знак. Ви го покажува своето незгодно лице од 5-ти август. Наместо да се одмарате и да се релаксирате, морате да работите напорно за сè – дури и за она најмалку вредно. Од друга страна, нешто добро се случува на професионален план, но мора без двоумење да ја искористите секоја прилика што ќе ви се појави.
Шкорпија
Првите денови од месецот се најважни. Бидете трпеливи, бидејќи тензиите на работа и досадувањето дома нема да изостанат. Кон крајот на месецот ќе имате можност да се смирите и да ја видите светлината на крајот од тунелот. До тогаш… бидете трпеливи.
Јарец
Август носи трошоци, лишувања, тензии и недоразбирања – особено од 19-ти па натаму, кога месечината е полна. Потоа можете да ја добиете понудата што ја чекавте, но бидете внимателни! Можеби ќе испадне фијаско. Во секој случај, не се разочарувајте. Работите не се јасни. Поразите и победите се појавуваат од никаде.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

