Забава
Авиокомпанија нема да дозволува дебели луѓе да патуваат во бизнис-класа
Тајландска авиокомпанија воведе нови прописи според кои секој патник што има обем на половината поголем од 142 сантиметрa не може да седи во бизнис-класа на патнички авион.
Имено, авиокомпанијата поставила нови безбедносни ремени и воздушни перничиња и мора да ги исполни строгите барања за патниците да имаат поголеми шанси за преживување во случај на ненадеен дефект на леталото.
Поради тоа, патниците со обем на половината над 142 сантиметрa нема да можат да го врзат безбедносниот појас. Вообичаено е покрупните патници да добијат продолжување на ременот, но воздушните перничиња мора да бидат центрирани преку половината за поголема безбедност и ефикасност.
„Воздушното перниче се активира и обезбедува заштита на главата, вратот и торзото, но евентуалното продолжување на ременот го намалува нивото на заштита“, се вели во соопштението на компанијата „Ем сејф“ од Аризона, која ги произведува перничињата. Според истата регулатива, на родителите им се забранува за време на летот во скутот да ги држат своите бебиња.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Сенидах доаѓа во Скопје: првиот солистички концерт во Македонија закажан на 14 февруари
Регионалната музичка икона Сенидах го најави својот прв солистички концерт во Скопје, на 14 февруари 2026 година, во СЦ „Јане Сандански“.
По спектакуларниот настап на белградскиот Ташмајдан, Сенидах ја носи својата естетика, енергија и препознатлив сценски израз во македонската престолнина, подготвена да создаде уште еден момент што ги поместува стандардите на регионалните live настапи.
Својата кариера ја гради храбро, гласно и без компромиси. Денес е препознатлива по специфичниот вокал, неповторливиот музички израз и сценски настап што ги брише границите меѓу жанровите, сензибилитетите и стиловите. Сенидах умешно ги спојува R&B, трап и елементите на балканската народна музика, создавајќи звук кој е единствен во регионот и препознатлив глобално.
Од соработки со уметници како Дино Мерлин, Цоби, Џала Брат и Буба Корели, Раф Камора, до самостојни изданија што бројат милионски стримови – Сенидах го изгради статусот на едно од најавтентичните современи имиња на новата балканска сцена. Нејзиниот трет студиски албум „Сен и дах“ објавен на почетокот од годината, бележи исклучителни резултати, додека сингловите „Делија“ и „Иди гаде“ и понатаму доминираат на топ-листите.
Забава
(Видео) Мисицата од Брегот на Слоновата Коска упадна во претставувањето на хрватската претставничка на Мис Универзум
Хрватската претставничка Лаура Гњатовиќ се пласираше меѓу првите 30 на 74-от избор за Мис Универзум во Тајланд. Сепак, на самиот почеток, пред да се претстави на сцената, кандидатката пред неа имаше мали проблеми.
Пред Лаура, се претстави девојката од Брегот на Слоновата Коска, Оливија Јејс, која го кажа своето име и презиме, но потоа направи пауза и го повтори, што се поклопи со претставувањето на хрватската претставничка.
Por demorona, la representante de Cote D’ Ivoire que además es de las favoritas, no pudo presentarse por completo. #MissUniverso. #MissUniverse #MissUniverse2025 pic.twitter.com/T5PWPhbEiA
— Ric La Torre (@RicLaTorreZ) November 21, 2025
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Мис Универзум 2025 е претставничката на Мексико
Ноќеска, на Тајланд се одржа финалето на 74-от избор за Мис Универзум. Мис Универзум 2025 е Мексиканката Фатима Бош. Првата придружничка е Мис Тајланд.
View this post on Instagram
Втората придружничка е Мис Венецуела, третата е Мис Филипини, а четвртата придружничка е девојката од Брегот на Слоновата Коска.
View this post on Instagram
Круната на победничката ѝ ја врачи минатогодишната победничка, данската претставничка Викторија Кјар Теилвиг.
View this post on Instagram
фото: принтскрин

