Забава
Адвокат на Амбер Херд тврди дека таа не е под истрага за лажно сведочење
Амбер Херд не е под истрага за лажно сведочење во случајот клевета кој Џони Деп го покрена против неа, соопшти нејзината адвокатка во петокот, додека правната битка на поранешниот пар продолжува.
Адвокатката на 35-годишната Амбер, Елејн Бредехофт, ги негира извештаите дека полицискиот оддел во Лос Анџелес испитува дали таа исценирала повреди и измислила сцена на насилство по наводна расправија меѓу поранешната двојка во мај 2016 година.
„Рокот за застареност на кривичното дело лажно сведочење во Калифорнија е три години и одамна истече, така што невозможно е да се води истрага, или да се покрене обвинение, а уште помалку пресуда или затворска казна“, рече Бредехофт во текот на првото рочиште во петокот наутро, пренесува „Радар онлајн“.
Во однос на лажните извештаи за наводна истрага, адвокатите на Херд побараа отфрлање на случајот против неа.
Случајот го иницираше нејзиниот поранешен сопруг Џони Деп (57), кој ја тужи за клевета. Првото рочиште се одржа во Ферфакс, Вирџинија.
Актерката од „Лондон филдс“ ќе се соочи со максимална казна затвор од четири години, доколку биде прогласена виновна за лажно сведочење.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Гордон Ремзи: Во рестораните посветете посебно внимание на овие три работи
Британскиот готвач Гордон Ремзи откри три совети за сите оние кои ќе одлучат да одат во ресторан на ручек или вечера. Според него, гостите во рестораните треба особено да внимаваат на три работи.
Тој ги советуваше луѓето да ги избегнуваат „специјалитетите на денот“, да внимаваат кога некој премногу ги фали своите јадења и – особено интересно – да преговараат за цената на виното.
„Специјалитетите на денот се таму за да исчезнат до вечерта. Ако имаат 10 од нив на менито, тие не се специјалитети на денот“, изјави Ремзи за Дејли Меил. Тој особено предупреди на рестораните кои тврдат дека едно јадење е „познато“ или „најдобро на светот“.
„Кога ќе ми кажат дека тоа е славна лазања… А кој ја прослави? Тие смислуваат секакви терминологии“, рече тој. Што се однесува до изборот на вино, тој ги советуваше гостите да бараат оштетени или слабо продадени шишиња.
„Луѓето се плашат да разговараат со сомелиери затоа што се плашат да не ги украдат со цената на вино. Нека препорачаат добра чаша или шише вино, но вие им давате груба цена. На пример, нека биде под 30 долари“, истакна Ремзи.
Некои места имаат дневна супа на менито, што обично значи нова супа секој ден. Сепак, Ремзи вели дека е добра идеја да се праша каква супа имаа на понуда претходниот ден, бидејќи некои објекти ја нудат истата супа цела недела или дури месец.
Еден интересен совет на Гордон се однесува на резервацијата на маса во ресторан. Ако сакате да излезете на романтична вечера со вашиот партнер, Ремзи советува да резервирате маса за тројца за да избегнете „да бидете во ќош.
Забава
Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга се појавија на премиера на филм во Белград, се држеа за рака
Сергеј Трифуновиќ и неговата сопруга Исидора беа на премиерата на филм во Белград.
Парот на премиерата дојде во елегантно издание. На црвениот тепих позираа со актерката Марта Бјелица и цело време се држеа за раце.
Сергеј и Исидодора беа на премиерата на истиот филм пред една недела. Тоа беше прво јавно излегување на парот по нивната неодамнешна тепачка и семејно насилство. Двојката дојде во лежерна облека и спремно им позираше на фотографите.
Забава
Пријанка Чопра објави фотографија од детството, ја нападнаа дека е „трансродова“
Пријанка Чопра, индиска актерка, пејачка, поранешна Мис на светот и сопруга на пејачот Ник Џонас, на социјалните мрежи објави фотографија од младоста поради која стана мета на негативни коментари.
„Предупредување: Немојте да се потсмевате со мојата деветгодишна верзија. Неверојатно е да се мисли што може да и направи пубертетот и дотерувањето на една девојка. Лево е мојата фотографија кога бев помлада со момчешка фризура што требаше да биде практично за училиште (благодарам, мамо). Претходно имав фризура во облик на чинија, па ова беше подобрување“, напиша Пријанка покрај фотографиите.
„На десната страна сум јас на 17 години, откако ја освоив титулата Мис Индија во 2000 година и уживав во шармот на косата, шминката и гардеробата. Фотографиите се направени со разлика од помалку од десет години. Како што прекрасно кажа Бритни Спирс: Јас не сум девојка, но сè уште не сум ни жена. Токму така се чувствував тогаш, влегувајќи во големиот свет на забавната индустрија“, додаде таа.
На Инстаграм ја следат повеќе од 92 милиони луѓе, а некои и напишале грди коментари поради фотографија од нејзиното детство.
„Убаво го напишавте сето тоа, но заборавивте да ја спомнете пластичната хирургија“, „Ова е неверојатно“, „Секогаш ми изгледаше малку мажествено, мислев дека можеби е трансродова, ова е доказ“, „Заблагодари се на твојот пластичен хирург“ , „Позади овие фотографии се крие подлабока приказна“, „Се родила како машко“, беа коментарите на некои луѓе.
Секако, имаше и такви кои застанаа во нејзина одбрана и и пишуваа комплименти.