Забава
Адел потврди дека ќе одржи концерти во Лас Вегас

Адел изјави дека концертите во Лас Вегас, кои неодамна ги откажа пред самиот почеток на турнејата, ќе ги одржи подоцна оваа година.
Минатиот месец таа ги информира своите фанови дека мора да ги одложи планираните настапи во Лас Вегас бидејќи неколку членови од нејзиниот тим се заразиле од коронавирус.
Во разговор со ТВ-водителот Грејм Нортон во неговата емисија на „Би-би-си“, таа вети дека набргу ќе ги потврди новите датуми.
„Тоа мора да се случи оваа година бидејќи имам планови за в година. Замислете да морам да откажам затоа што имам бебе“, рече таа оставајќи го водителот во недоумица дали се шегува или сериозно размислува за бебе.
Поп-дивата, која го има деветгодишен син Анџело со поранешниот сопруг Сајмон Конецки, потоа откри дека би сакала да има повеќе деца.
Таа одби да каже дали дијамантскиот прстен што го носеше на „Брит авордс“ минатата недела значи дека се свршила со нејзиното момче Рич Пол.
Адел триумифира на огодинешните британски музички награди освојувајќи ги трите главни награди – за најдобра песна, најдобар албум и најдобар изведувач.
На церемонијата таа го изведе синглот I Drink Wine.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Ништо не можете да им сокриете: најинтуитивните хороскопски знаци

Постојат луѓе кои едноставно чувствуваат работи – дури и пред да ги изговорите. Може да се обидете да глумите дека сè е во ред, но тие ќе знаат дека не е. Интуицијата кај нив е како внатрешен радар што ги бележи и најмалите промени во тонот, погледот или однесувањето. Астрологијата вели дека припадниците на овие хороскопски знаци се родени „читачи меѓу редови“, и речиси е невозможно нешто да им се сокрие.
Риби
Рибите се неверојатно чувствителни на туѓите емоции и расположенија. Речиси како да имаат шесто сетило кога станува збор за намерите, скриените мисли и она што луѓето не сакаат да го кажат на глас. Нивната емпатија гранични со психичка перцепција – толку се поврзани со туѓите енергии што често ни самите не знаат дали чувството што го имаат е нивно или туѓо. Ако сте тажни, лути, заљубени или нешто криете – Рибите ќе го знаат тоа. И пред вие самите да сфатите.
Шкорпија
Шкорпиите имаат вродена способност да навлезат во суштината на нештата. Нивната интуиција не е нежна како кај Рибите – таа е длабока, остра и аналитична. Ако нешто не им штима, нема веднаш да ве соочат, но ќе почнат да ве набљудуваат, да испитуваат и да ги поврзуваат точките. Шкорпиите не веруваат лесно, но кога ќе почувствуваат дека нешто им криете, се претвораат во детективи. И не се откажуваат додека не ја откријат вистината. Нивното внатрешно непријателство често се покажува како оправдано – затоа што ретко грешат.
Забава
„И’ готвеше штрудла“ – сестрата на Јованка Броз го опишува односот меѓу Тито и Софија Лорен

На денешен ден, 25 мај, во поранешна Југославија се празнуваше роденденот на Јосип Броз Тито како Ден на младоста. По тој повод проследуваме една интересна приказна за тоа како тој ја пречекал убавата Софија Лорен на островот Бриони.
Јосип Броз Тито за време на своето владеење бил домаќин на многу светски ѕвезди како Елизабет Тејлор, Софија Лорен и Ричард Бартон. Сите тие оставиле силен впечаток едни на други, а особено на Јованка Броз, раскажува нејзината сестра Нада Будисављевиќ во книгата на Жарко Јокановиќ „Мојата сестра Јованка Броз“, во која открива бројни интересни моменти од животот на претседателот на СФРЈ и првата дама.
Посебно внимание во тогашните медиуми предизвикала посетата на славната актерка Софија Лорен, која поминала петнаесет дена на Бриони. Нада се сеќава дека италијанската дива тогаш го повела и својот син, кој имал само година и пол, како и една швајцарска дадилка.
Била сместена во вилата „Јадранка“, каде претходно престојувале Тито и Јованка. Секојдневно доаѓала на плажа да се капе, а Тито и Јованка биле присутни цело време за време на нејзината посета.
„Секој ден му се јавуваше на Карло Понти. Косата ја миеше со дестилирана вода и ставаше маслиново масло. Нејзината коса беше прекрасна, навистина величествена. Кога ја фотографираа, секогаш го вртеше поубавиот профил. Тоа се тие мали тајни на големите мајстори“, раскажала Нада Будисављевиќ.
Како што вели Нада, а тоа го потврдуваат и многумина кои ја познавале славната актерка, Софија Лорен обожавала да готви.
„Подоцна издаде книга Софија во кујна, со љубов, или нешто слично. Подготвуваше сосови за шпагети, и тоа во големи количини. Се сеќавам дека ставаше телешко, свинско месо, пршута, и – на мое изненадување – дури осум килограми свеж домат. Тоа беше вистински специјалитет. Сите го јадевме заедно и беше божествено“, се присетува сестрата на Јованка.
Нада открива и дека Тито лично ѝ подготвувал штрудла на Софија.
„Уживаше во тоа. Имаше некој готвач, но Тито сам ги правеше штруклите, штрудлата со јаболка… Го развиваше тестото на масата, виткаше, месеше и печеше. Не знам дали ги знаеше точните мерки, можеби готвачот му помагал, но се гледаше дека уживаше во тоа“, вели Нада, пренесе „Она.рс“.
Софија Лорен денес има 88 години, а покрај Моника Белучи важи за најпозната Италијанка во светот. Холивудската дива, модел и модна икона уште од 1950-тите, стекна статус на филмска легенда и божица на убавината на која ѝ се восхитуваа и мажи и жени.
Најпосебно место во нејзиното срце зазел италијанскиот филмски продуцент Карло Понти. Се запознале кога Софија имала само 16 години. Иако на почетокот ѝ бил само продуцент и ментор во светот на шоу-бизнисот, нивната разлика од 22 години брзо била надмината од силните емоции кои не можеле да ги сокријат.
Во тој период Понти бил оженет и имал две деца. За да се разведе, била потребна согласност од Ватикан, но не ја добиле. Затоа во 1957 година отпатувале во Мексико, каде што Понти се развел и се оженил со Софија. Меѓутоа, по враќањето во Италија, се соочиле со нови проблеми – нивната заедница не била признаена како легална.
Понти бил обвинет за бигамија, а Лорен за незаконска врска. Не смееле ниту да се појавуваат заедно во јавност. Не сакајќи да се прилагодат на тогашните општествени норми, парот ја напуштил Италија и со години живеел во странство, борејќи се за правото нивната љубов да биде признаена.
Забава
Борис Џонсон стана татко по деветти пат

Поранешниот премиер на Обединетото Кралство Борис Џонсон (60) добил дете со сопругата Кери (37).
Кери на Инстаграм ја сподели веста за раѓањето на нејзината ќерка, која го доби името Попи Елиза Џозефин Џонсон. Девојчето е родено на 21 мај.
„Не можам да поверувам колку си убава и минијатурна. Се чувствувам неверојатна среќа. Сите сме тотално заљубени. Не сум сигурна дали спиев ни минута откако си родена, бидејќи не можам да престанам да гледам колку си прекрасна“, напишала таа.
Двојката веќе има три деца.
„Вилф, Роми и Френк се исклучително воодушевени, особено Роми која очајно сакаше сестра“, напиша сопругата на Џонсон во објавата.
„Животот не може да биде подобар“, додаде таа.
Двојката се венча во мај 2021 година. Нивниот најстар син Вилф е роден во април 2020 година, Роми во декември 2021 година и Френк во јули 2023 година.
Нивната ќерка Попи, за која Кери рече дека е „последниот член на бандата“, е деветтото дете на Борис Џонсон. Со поранешната сопруга Марина Вилер има четири деца, а за време на аферата со уметничкиот консултант Хелен Мекинтајр доби дете во 2009 година.