Забава
Адел ја нападнаа зашто не ослабела додека била во брак
По двомесечна пауза на „Инстаграм“, британската пејачка Адел (31) објави две црно-бели фотографии на кои позира со Дедо Мраз и Гринч. Нејзините придружници веднаш ја забележале нејзината физичка промена.
Таа облекла долг сатенски фустан со кој ја истакнала новата линија, а русата коса ја навиткала во локни.

Нејзините обожаватели ја пофалија и ѝ сугерираа дека не е лошо да објави нова песна. Промената на Адел е видлива, а според пишувањата на странските медиуми, во борбата со вишокот килограми ѝ помогнале двајца тренери.

Благодарение на редовното вежбање и правилната исхрана таа ослабела 20 килограми.
И, додека повеќето ја фалат, некои сметаат дека решила да преземе нешто за нејзината тежина затоа што останала сама. По разводот од сопругот Симон Конецки, со кого има син Ангел (7), тие тврдат дека можеби сака да запознае некого, па не сака нејзината дебелина да ѝ биде проблем на тој план.
„Можеше да ги стопиш килограмите додека беше во брак, но јасно ни е. Тогаш знаеше дека ќе биде со тебе, а сега си во потрага по нов“, напишале злобниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Остин Батлер откри што се случува меѓу него и Емили Ратајковски
Откако се разведе пред неколку години, Емили Ратајковски не брза да пронајде нов маж во својот живот. Самата таа изјави дека во моментов не сака сериозно да се обврзе, туку да се забавува.
Ратајковски неодамна беше забележана во друштво на Остин Батлер во Њујорк – што веднаш предизвика гласини дека има нешто меѓу нив двајца.
Во интервју за „Венити фер“, актерот, секако, беше прашан дали има нешто меѓу него и Емили Ратајковски. „Вистинскиот одговор е дека имам многу пријатели, ние сме пријатели, вечеравме и сме пријатели.“
Остин Батлер признава дека поради интересот што знаел дека ќе го предизвика нивното излегување, сакал да се сокријат.
Батлер е исто така предмет на многу контроверзии откако се раздели од Каја Гербер на крајот од минатата година, а неодамна беше забележан со Зои Кравиц
Забава
(Видео) Нежна и елегантна: Портман го освои црвениот тепих
На доделyвањето на Governors Awards, актерката Натали Портман се појави во минималистичка Dior тоалета – мини-фустан со прерамки и сини цветни детали.
Стилот го надополни со класична пунџа, впечатлива шминка и накит од „Tiffany & Co“. Медиумите ја истакнаа како еден од најзабележливите модни избори на вечерта.
View this post on Instagram
Забава
Членка на жирито: Победничка на Мис Универзум требаше да биде Тајланд
Членката на жирито на овогодинешниот избор за „Мис Универзум“, Натали Глебова, ја доведе во прашање легитимноста на резултатите и истакна дека, според неа, победничка требало да биде Мис Тајланд, Праванеер Синга.
Во соопштението Глебова нагласи дека говори исклучиво во свое име. Потсети дека во 2005 година и претходните години резултатите на изборот ги објавувал независен ревизор со запечатени документи, и изјави дека би сакала оваа пракса да се врати. Додаде дека додека тоа не се случи, нема повторно да учествува како член на жирито.
View this post on Instagram
Глебова, која во 2005 година ја претставувала Канада на „Мис Универзум“, објави фотографија од Мис Тајланд и напиша: „Мојата победничка!“.

