Забава
Актерката Ања Тејлор-Џој е најубавата жена на светот според златниот пресек

Новото истражување покажа дека американската актерка Ања Тејлор-Џој е најубавата жена на светот според златниот пресек.
Нејзината убавина била проценета со помош на античкиот грчки метод за сметање наречен златен пресек.
Сметањето го одредува физичкото совршенство на една личност. Колку лицето е поблиску до соодносот 1:1, 618, толку личноста е посовршена.
Нејзините очи, веѓи, носот, усните, вилицата и обликот на лицето се измерени и се најблиску до идејата на старите Грци за жена со совршен изглед. Последното испитување го направи хирургот Џулијан де Силва.
Ања го зазеде првото место со резултат од 94,66 проценти. На листата се најдоа и Зендаја (94,37 отсто), Бела Хадид (94,35 отсто), Маргот Роби (93,43 отсто).
„Ања Тејлор-Џој беше јасен победник откога беа измерени сите делови на лицето за да се утврди физичкото совршенство“, рече Де Силва.
Ања е родена 1996 година. Почна да глуми во 2013. Светската слава ја стекна благодарение на серијата на „Нетфликс“, The Queen’s Gambit. Таа глуми и во филмовите Furiosa: A Mad Max Saga, The Super Mario Bros. Movie, како и серијата Peaky Blinders.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Актерот Мајкл Ворд обвинет за силување

Актерот Мајкл Ворд е обвинет за два случаи на силување и три сексуални напади, објави лондонската Метрополитен полиција.
Наводните инциденти наводно се случиле во јануари 2023 година.
Познат по своите улоги во серии и филмови како што се „Топ Бој“, „Мала секира“ и „Сина приказна“, Ворд го привлече вниманието на публиката и критичарите со својата младешка енергија и актерска автентичност, поради што беше крунисан со награда БАФТА во 2020 година.
Мајкл Ворд сега се соочува со сериозни обвиненија кои ќе го добијат својот судски епилог на 28 август, кога треба да се појави пред надлежниот суд во Лондон.
Детективскиот началник Скот Вејр од Метрополитен нагласи: „Нашите специјализирани службеници продолжуваат да ја поддржуваат жената што го направила извештајот. Знаеме дека истрагите од ваков вид можат да имаат значително влијание врз оние кои избираат да проговорат.“
Според него, истрагата е сè уште во тек, а полицијата апелира до јавноста да се воздржи од предвремени заклучоци.
Забава
Бајага се огласи првпат по откажаните концерти во Хрватска

Момчило Бајагиќ-Бајага се огласи за прв пат откако беа откажани неговите концерти во два хрватски града – Сисак и Солин.
На 1 август, пак, ќе одржи концерт во Пула, во Малиот римски театар.
„Ниту се обидов да разберам, ниту можам да разберам. Никогаш во животот не сум бил вклучен во политика и сум фокусиран само на прекрасно дружење со публиката во Пула“, рече музичарот во интервју за Нови лист.
„Пред неколку концерти ја освеживме листата на песни и сигурни сме дека публиката во Пула ќе биде многу задоволна и едвај чекаме“, додаде тој.
За потсетување, првиот концерт на Бајага во Сисак, кој требаше да се одржи на 4 јуни за да се прослави Денот на градот, беше откажан. Информацијата ја потврди менаџерот на групата Драгослав Гане Пецикоза за локалниот портал Sisak.info.
„Веќе имаме свирено во Сисак и сè помина без проблеми. Објаснувањето е дека новата влада ја најде својата каса празна и нема пари. Мислам, немаме друг избор. Тоа го кажаа. Имаме договор од јануари, но нема причина да тужиме или да се жалиме“, рече тој.
Потоа беше откажан и концертот на Бајага во Солин, кој требаше да се одржи во петок, 22 август 2025 година.
„Ве известуваме дека концертот на бендот Бајага и Инструктори, кој требаше да се одржи во петок, 22 август 2025 година, како дел од овогодинешниот Кава Фест, е откажан поради безбедносни и технички причини“, објави Кава Фест, кој се одржува во рамките на Солинското културно лето.
Но, Далматинскиот портал дознава дека организаторите наводно со недели биле под притисок од одредени здруженија и групи кои сè уште го сметаат Бајага за политички непожелна личност – без оглед на фактот дека истиот бенд и истиот музичар се редовни гости на хрватските сцени со години, од Пула до Дубровник. На крајот, притисокот си го направи своето и концертот беше откажан.
Забава
И шефицата на одделот за човечки ресурси поднесе оставка по мегаскандалот на концертот на „Колдплеј“

Шефицата на одделот за човечки ресурси во американската технолошка компанија „Астрономер“, Кристин Кабот, поднесе оставка откога беше снимена како го прегрнува сега веќе поранешниот извршен директор на компанијата, Енди Бајрон, на концерт на „Колдплеј“.
Компанијата потврди за Би-би-си дека Кристин Кабот повеќе не работи во „Астрономер“, само неколку дена откако Енди Бајрон исто така поднесе оставка. Неговото заминување дојде откога „Астрономер“ објави дека ќе биде ставен на отсуство и под истрага.
@ctvnews CEO and colleague caught on camera at Coldplay concert Coldplay singer Chris Martin may have caused an awkward moment when he commented on a CEO embracing a colleague at the band’s show in Boston. #news #ctvnews #coldplay #ceo #boston ♬ original sound – CTVNews
Скандал што го обиколи светот
Скандалот што доведе до вакви последици се случи на 16 јули на концерт на „Колдплеј“ во Бостон. Во тоа време Бајрон и Кабот беа прикажани на големиот екран на „Кис кам“ додека стоеја во публиката прегрнувајќи се.
Кога сфатија дека се во кадарот, двајцата одеднаш се повлекоа назад и се обидоа да си ги скријат лицата, што предизвика бура од коментари на социјалните мрежи.
Ситуацијата дополнително ја зачини пејачот на бендот, Крис Мартин, кој се пошегува со публиката: „Погледнете ги! Или имаат афера или се навистина срамежливи“.
Последиците од аферата
Енди Бајрон беше првиот што се соочи со последиците од своето неверство – првин неговата сопруга Меган го избриша неговото презиме од социјалните мрежи, а потоа, кога неговата милијардерска компанија „Астрономер“ почна внатрешна истрага, тој самиот поднесе оставка од функцијата извршен директор.
Фото: Принтскрин