Забава
Актерката што регрутира жени во култ сега учи како да спасува луѓе
Актерката Алисон Мек, најпозната по улогата во серијата „Смолвил“, по излегувањето од затвор, се обидува да изгради нов живот и кариера.
Таа беше уапсена во 2018 година поради учество во сектата НХИВМ, која се претставувала како организација за самопомош, а всушност служела за сексуално искористување жени. Во 2021 година беше осудена на три години затвор, а пуштена е во 2023.
Мек денес студира социјална работа и вели дека сака да го посвети животот на помагање на другите. Во седумделниот поткаст „Алисон афер НХИВМ“ призна дека ја злоупотребила својата моќ, но и дека дел од неа навистина сакал да им помага на луѓето.
Во сектата таа имала улога на шефица што регрутира жени уверувајќи ги дека станува збор за програма за женска моќ. Жените биле подложени на изнудувања, глад, жигосување и сексуална злоупотреба од водачот Кит Раниер, кој е осуден на 120 години затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Секси водителката се погрижи сите да гледаат во неа
Прекрасната британска водителка Аманда Холден (54) привлекува внимание каде и да се појави, без разлика дали е на улица или на свечен настан, што не е изненадувачки со оглед на тоа што има околу шеесет години, а изгледа многу помладо.
Токму нејзината младост ѝ дава самодоверба и храброст да носи дури и најпровокативни комбинации, па затоа сексипилната Британка повторно беше во центарот на вниманието благодарение на донекаде неочекуваната креација што ја носеше.
Таа присуствуваше на доделувањето на модните награди во Лондон со својата 19-годишна ќерка Лекси, а за овој празничен настан се погрижи буквално сите очи да бидат вперени во неа.
Како? Со тоа што носеше впечатлива, смела креација во форма на сатенски фустан кој имаше многу провокативен детаљ на грбот што беше навистина невозможно да не се забележи.
Горниот дел од фустанот е во форма на корсет со гол грб и исечок на долниот дел од грбот што наликува на танга гаќички, кој е обликуван во машна на предната страна и го нагласува струкот.
Таа ја заокружи оваа смела комбинација, поради која беше во центарот на вниманието, со елегантни, препознатливи чевли Лубутен, а нејзината ќерка не беше помалку провокативна, следејќи ја мајка си во изборот на црн фустан.
Забава
(Видео) Костимот на Џулија Робертс е сè што ви треба за да бидете оригинални
Џулија Робертс е позната по својата природна убавина и беспрекорен стил. Уште во 1990-тите, актерката разви уникатен моден израз кој не ги следи модните трендови, туку го следи својот личен стил.
Таа и дава предност на една модна комбинација пред другите, и се чини дека овој стил на облекување останал ист до ден-денес. Ова се разновидни одела кои кажуваат повеќе за нејзината личност отколку што некогаш би можела да каже сама.
Како и да е, на Џулија не може да ѝ се одрече нивото на самодоверба што секогаш ја носи со себе – а тоа е забележливо и во нејзините модни избори.
И така беше и овој пат…
Актерката присуствуваше на годишните награди „Готам“ во Њујорк и прошета по црвениот тепих во шик костум од Том Форд. Станува збор за преголем сатенски костум во виолетова боја со дискретен дезен со точки.
Костимот е украсен со интересни, да речеме машки детали, (двојно закопчување и џеб во горниот лев агол) кои беа впечатлив дел од комбинацијата.
Стајлингот го заокружи со елегантни црни чевли, но и тенки ѓердани. Насмевката што ја покажуваше во текот на целата вечер беше исто така забележлива.
Забава
(Видео) Кралицата на необичните изданија повторно шокира: Дали и ова е фустан?
Многу познати личности блеснаа на доделувањето на наградите „Готам“ во Њујорк, а покрај Џулија Робертс, која привлече внимание со својот сатенски костум, цел на модните критичари беше пејачката и претприемачка Ријана.
Ријана одлучи да облече преголем фустан за оваа пригода, поточно, подуена креација која го носи потписот на брендот „Баленсијага“. Станува збор за минималистичка тоалета во пудресто розова боја која уникатно го отсликува бунтовничкиот дух на Ријана.
За да го комплетира стајлингот, таа додаде скапа огрлица во розови и виолетови тонови, како и пердувеста шапка која дополнително го нагласуваше нејзиниот смел моден израз.
Впечатливи беа и црните кожни ракавици, кои на целиот аутфит му дадоа современа нота.
Секако, друштво на овој настан ѝ правеше нејзиниот сопруг АСАП Роки, кој носеше едноставно одело од Шанел во кафеава боја.

