Контакт

Забава

Актерката Лиза Бонет поднесе барање за развод две години по објавата за разделбата од Џејсон Момоа

Објавено пред

Американската актерка Лиза Бонет (56) официјално поднесе барање за развод две години по објавувањето дека се разделува од свжојот сопруг, актерот Џејсон Момоа (44). ТМЗ пишува дека Бонет поднелa барање за развод на суд, а медиумите пишуваат дека тие се разделени од 7 октомври 2020 година, според она што актерката го навела како дата на разделбата.

dobivaj vesti na viber

Се дознава и дека таа побарала заедничко старателство над своите деца, ќерката Лола (16) и синот Накоа-Волф (15).

Момоа и неговата долгогодишна партнерка и сопруга решија да тргнат секој по својот пат во јануари 2022 година. Веста за разводот ја споделија со своите следбеници преку социјалните мрежи.

„Сите ги почувствувавме притисокот и промените на овие трансформациски времиња. Револуцијата се случува и нашето семејство не е исклучок. Се чувствуваме како да растеме низ сеизмичките поместувања што се случуваат“, почнаа актерите во заедничката објава и продолжија:

„И затоа сакаме да ја споделиме веста за разводот со вас. Не го споделуваме затоа што мислиме дека тоа е важна вест, туку тоа да го направиме достоинствено и искрено. Љубовта меѓу нас продолжува и се развива на начинот на кој сакаме да биде позната и доживеана. Се ослободуваме еден со друг да бидеме она што учиме да станеме“, додаваат тие.

„Нашата посветеност кон светиот живот и децата е непоколеблива. Ги учиме децата на сè што е можно. Ја живееме молитвата. Љубовта нека надвладее“, заклучија тие во заедничкото соопштение.

Момоа и Лиза се во врска од 2005 година, а заедно имаат две деца. Тие го кажаа судбоносното „да“ на тајна венчавка во 2017 година. Лиза е 12 години постара од Џејсон, но разликата во години не била пречка за нивната љубов.

„Кога имав осум години, ја видов Лиза на телевизија и реков: ‘Мамо, ја сакам’“, се пошегува ѕвездата на „Аквамен“ и „Гејм оф Тронс“ како гостин на едно шоу во септември 2017 година.

Забава

(Фото) Годините минуваат, а таа е сè поубава и поубава: „Знаеш ли да старееш“

Објавено пред

Сè повеќе корисници на Инстаграм се приклучуваат на виралниот тренд на објавување на свои фотографии од 2016 година. Целта е луѓето да се сетат на стари фотографии и објави што ги направиле пред 10 години, а кои будат носталгија.

dobivaj vesti na viber

Познатата манекенка Емили Ратајковски, која објави серија атрактивни, а може да се каже и провокативни фотографии, не беше исклучок.

Компилацијата претставува некои споделени моменти со блиски пријатели и луѓе од нејзиниот живот, но вниманието на корисниците го привлекоа, да речеме, и некои поинтересни фотографии.

Зборуваме за голи фотографии кои се исто така дел од оваа објава, а ја покажуваат совршената фигура на позната убавица. Многу корисници на Инстаграм ѝ рекоа на Емили дека „не остарела“ и дека е сè уште убава.

„Буквално изгледаш исто“, „Убава си“, „Знаеш ли да старееш“, се само дел од коментарите.

Прикажи повеќе...

Забава

Кои се најголемите таленти на секој хороскопски знак? Близнаците се иноватори, Биковите се упорни…

Објавено пред

Секој хороскопски знак носи свој уникатен талент – дар што Бог ви го дал за да ја исполните вашата животна мисија и да живеете значаен и исполнет живот. Овие посебни таленти не се само симболични особини, туку вистински силни страни што ве водат низ предизвици и ве водат кон успех.

dobivaj vesti na viber

Подолу, откријте кој е вашиот најголем дар според вашиот хороскопски знак и како да го препознаете, развиете и користите за да го постигнете вашиот целосен потенцијал.

Некои од даровите на хороскопските знаци се интересни.

Овен
Бог ви дал бестрашна енергија и неисцрпна волја да започнете нови работи. Вашата храброст и страст ве прават природен лидер.

Бик
Вашиот талент е упорност и способност да создадете стабилност и убавина околу вас. Имате дар да работите напорно и да уживате во плодовите на вашиот труд.

Близнаци
Бог ве обдарил со дар на комуникација и брзо размислување. Вашата љубопитност и прилагодливост ве прават одлични соговорници и иноватори.

Рак
Вашиот најголем талент е длабоката емпатија и интуиција. Бог ти дал сила да се грижиш за другите и да создаваш топли и сигурни односи.

Лав
Вашата харизма и креативност се божествени дарови. Имате моќ да инспирирате и да го осветлите патот на другите, а вашата енергија е заразна.

Девица
Бог ви дал остар ум и способност да забележувате детали. Вашата прецизност и посветеност се клучни за успех и помагање на другите.

Вага
Вашата способност да создавате рамнотежа и хармонија е дар што Бог особено го цени. Имате талент за правда и градење прекрасни односи.

Шкорпија
Вашата сила е длабока страст и решителност. Бог ви дал моќ на трансформација и способност да извлечете светлина од темнината.

Стрелец
Вашиот дар е оптимизам и љубов кон слободата. Имате способност да ширите знаење и да ги инспирирате другите на патот кон вистината.

Јарец
Бог ви дал дисциплина и мудрост. Вашиот талент е да го изградите својот пат до врвот со трпение и упорност.

Водолија
Вашата иновација и оригиналност се божествени дарови. Имате моќ да го промените светот преку вашите идеи и визии.

Риби
Вашата интуиција и сочувство се посебни таленти. Бог ви дал способност да поврзувате светови и да им помагате на другите да го пронајдат својот мир.

Како да го користите вашиот дар?
Препознајте ги вашите таленти, негувајте ги и користете ги за доброто на себе и на другите. Кога живеете во хармонија со вашиот божествен дар, ќе се чувствувате исполнето и успешно во сите области од вашиот живот.

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Кејт Мидлтон повторно е најубавата принцеза на светот

Објавено пред

Кејт Мидлтон повторно ја оправда титулата најдобро облечена жена за 2025 година и се појави на свечен настан во комбинација што носи силна порака.

dobivaj vesti na viber

Имено, принцезата од Велс неодамна беше домаќин на женскиот рагби тим „Red Roses“ по повод нивната победа на Светското првенство во рагби за жени.

За оваа свечена пригода, таа одлучи да носи елегантен црвен костум што претставува совршена комбинација од формален пристап кон модата и шик облека.

Со изборот на црвена боја, Кејт сакаше да им оддаде почит на националниот тим на нејзината земја за нивниот голем успех, но и да му покаже на светот уште еден беспрекорен аутфит од нејзиниот омилен бренд Александар Меквин.

Костумот е украсен со асиметричен крој и широки панталони што ја истакнуваа нејзината витка фигура. Стилот го надополни со минималистичка шминка во земјени тонови, а косата ја стилизираше на препознатлив начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа29 минути

(Видео) Русија го нападна Киев: делови од градот останаа без греење во студена ноќ

Русија ги нападна Киев и другите украински градови преку ноќ со балистички ракети и беспилотни летала, додека земјата се бори...

Свет53 минути

120 членови на Исламска држава избегаа од затвор во Сирија

Сирискиот министер за внатрешни работи изјави дека околу 120 припадници на Исламска држава избегале од затвор во градот Шадади, откако...

Свет1 час

Австралија затвора десетици плажи поради напади од ајкули

Десетици плажи долж источниот брег на Австралија, вклучувајќи го и Сиднеј, се затворени по четири напади од ајкули во последните...

Македонија18 часа

Заменик министерот за образование поднесе оставка

Заменик министерот за образование, Лулзим Алиу, поднесе оставка. Тој вели дека сака да се посвети на неговата истражувачко – научна...

Македонија19 часа

(Видео) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека разговорите со Али Ахмети биле во врска со локалната...

Македонија20 часа

Николоски од Охрид: Засилено работиме на завршување на автопатот Охрид – Кичево

Интензивно работиме на завршување на автопатот Охрид-Кичево. Користиме совремеми техники за да ги стабилизираме косините. Од 16, веќе 14 косини...

Македонија20 часа

Утре почнува тестирањето на камерите, на неколку локации во Скопје сообраќајот ќе биде запрен

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота)...

Свет21 час

(Видео) Вагоните преполовени, објавена снимка од воздух од железничката несреќа во Шпанија

Местото на несреќата каде вчера вечер се судрија два воза во Шпанија е снимено од хеликоптер утрово. Цивилната гарда продолжува...

Свет22 часа

Трамп испрати скандалозно писмо до Норвежаните: Нема Нобел? Тогаш заборавете на мирот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, испрати скандалозно писмо до норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе, објавуваат сите водечки норвешки медиуми, во...

Македонија23 часа

Заев и Филипче се обиделе да му ја превземат приватната болница на др. Жан Митрев, институциите молчеле, обвини ВМРО-ДПМНЕ

Заев и Филипче додека се обидувале да му ја превземат болницата на др. Жан Митрев, ја претвориле Македонија во рекетарска...

Свет23 часа

Трамп: Данска не успеа да ја отстрани руската закана од Гренланд, време е да се направи тоа

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Данска не успеала да направи ништо за да ја отстрани „руската закана“ од...

Топ23 часа

Внук осомничен за обид за убиство на сопствената баба

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишник за кого постои основано сомнение дека се обидел...

Свет23 часа

(Видео) Најмалку 39 загинати во судир на два воза во Шпанија

Во судир меѓу два брзи воза во Адамуз, во близина на Кордоба, Шпанија, загинаа најмалку 39 лица, а повеќе од...

Македонија24 часа

Денеска се празнува Богојавление-Водици

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление кој се одбележува уште од вториот век. На овој ден, според христијанското предание,...

Македонија2 дена

Во домот на судија од Апелација пронајдени соѕидани 350.000 евра

Во рамките на опсежна истрага на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција иницирана откако на 14 декември...

Свет2 дена

Осумте земји на кои Трамп им најави царини поради Гренланд порачаа: Ќе останеме обединети и солидарни со Данска и Гренланѓаните

Осумте европски држави, кои се најдоа на мета на најавените царини од американскиот претседател Доналд Трамп поради поддршката за Данска...

Македонија2 дена

Уставниот суд веќе ја потврди законитоста на одлуките за вонредната состојба, му одговори Пендаровски на премиерот Мицкоски

Поранешниот претседател Стево Пендаровски му возврати на премиерот Христијан Мицкоски поради неговата изјава дека има основани сомнежи за уставноста и...

Македонија2 дена

Мицкоски: Мафијашки упади во времето на вонредната состојба, случајот со Жан Митрев отвора прашања и за одлуките на Пендаровски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не е изненаден од тврдењата на хирургот Жан Митрев дека поранешниот министер за здравство Венко...

Топ2 дена

Пожар во свињарска фарма во Градско, угинаа животни, неколку лица побарале лекарска помош

Вчера во СВР Велес бил пријавен пожар што избувнал во свињарска фарма на фирма во селото Долно Чичево, општина Градско....

Македонија2 дена

Втор смртен случај од грип: Почина 69-годишен пациент на Инфективна

Шеесет и деветгодишен пациент починал од компликации предизвикани од сезонски грип на Клиниката за инфективни болести во Скопје, соопшти директорот...