Забава
Актерката Синтија Никосн од „Сексот и градот“ во трка за гувернер на државата Њујорк
Актерката Синтија Никсон, позната по улогата во серијата „Сексот и градот“, изјавила дека е подготвена да победи на изборите за гувернер на сојузната држава Њујорк.
„Ме знаете како актерка, но јас сум многу повеќе од тоа“, рекла Никсон во интервју за агенцијата „Асошиетед прес“.
Нејзината кампања во рамките на Демократската партија е насочена против истакнатиот член на таа партија Ендру Куомо, кој е на местото гувернер на Њујорк два мандата, а таа го нарекува политички силеџија.
Никсон смета дека Куомо не успеал да се избори со корупцијата, нееднаквоста во образованието, вели дека под неговата власт уште повеќе пропаѓа њујоршкото метро, а му ја оспорува и програмата за економски развој, како и неодамна усвоениот државен буџет за кој Никсон вели дека е резултат на закулисни спогодби.
Синтија Никсон е родена на 9 април 1966 година, добитничка на наградите „Еми“, „Греми“ и „Тони“, а е најпозната по улогата на Миранда Хобс во серијата „Сексот и градот“. Педесетгодишната Синтија е њујорчанка и долгогодишна политичка активистка за подобро финансирање на просветата, за рамноправност во бракот и права на жените, беше активистка во претседателската кампања на Барак Обама и градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио.
Изборите за гувернер на Њујорк ќе бидат одржани на 6 ноември кога ќе биде и гласањето за Конгресот, а Никсон признава дека пред неа е тешка задача.
Ако победи Никсон, мајка на три деца, ќе биде првата декларирана лезбијка на функцијата гувернер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Сенидах доаѓа во Скопје: првиот солистички концерт во Македонија закажан на 14 февруари
Регионалната музичка икона Сенидах го најави својот прв солистички концерт во Скопје, на 14 февруари 2026 година, во СЦ „Јане Сандански“.
По спектакуларниот настап на белградскиот Ташмајдан, Сенидах ја носи својата естетика, енергија и препознатлив сценски израз во македонската престолнина, подготвена да создаде уште еден момент што ги поместува стандардите на регионалните live настапи.
Својата кариера ја гради храбро, гласно и без компромиси. Денес е препознатлива по специфичниот вокал, неповторливиот музички израз и сценски настап што ги брише границите меѓу жанровите, сензибилитетите и стиловите. Сенидах умешно ги спојува R&B, трап и елементите на балканската народна музика, создавајќи звук кој е единствен во регионот и препознатлив глобално.
Од соработки со уметници како Дино Мерлин, Цоби, Џала Брат и Буба Корели, Раф Камора, до самостојни изданија што бројат милионски стримови – Сенидах го изгради статусот на едно од најавтентичните современи имиња на новата балканска сцена. Нејзиниот трет студиски албум „Сен и дах“ објавен на почетокот од годината, бележи исклучителни резултати, додека сингловите „Делија“ и „Иди гаде“ и понатаму доминираат на топ-листите.
Забава
(Видео) Мисицата од Брегот на Слоновата Коска упадна во претставувањето на хрватската претставничка на Мис Универзум
Хрватската претставничка Лаура Гњатовиќ се пласираше меѓу првите 30 на 74-от избор за Мис Универзум во Тајланд. Сепак, на самиот почеток, пред да се претстави на сцената, кандидатката пред неа имаше мали проблеми.
Пред Лаура, се претстави девојката од Брегот на Слоновата Коска, Оливија Јејс, која го кажа своето име и презиме, но потоа направи пауза и го повтори, што се поклопи со претставувањето на хрватската претставничка.
Por demorona, la representante de Cote D’ Ivoire que además es de las favoritas, no pudo presentarse por completo. #MissUniverso. #MissUniverse #MissUniverse2025 pic.twitter.com/T5PWPhbEiA
— Ric La Torre (@RicLaTorreZ) November 21, 2025
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Мис Универзум 2025 е претставничката на Мексико
Ноќеска, на Тајланд се одржа финалето на 74-от избор за Мис Универзум. Мис Универзум 2025 е Мексиканката Фатима Бош. Првата придружничка е Мис Тајланд.
View this post on Instagram
Втората придружничка е Мис Венецуела, третата е Мис Филипини, а четвртата придружничка е девојката од Брегот на Слоновата Коска.
View this post on Instagram
Круната на победничката ѝ ја врачи минатогодишната победничка, данската претставничка Викторија Кјар Теилвиг.
View this post on Instagram
фото: принтскрин

