Забава
Актерка на црвениот тепих прошета во сако со дупки на градите
Комичарката и актерка Витни Камингс присуствуваше на 31. “Ел вомен гала“ во Лос Анџелес, чиј домаќин беше славниот дизајнер Ралф Лорен, кој ги слави жените во филмската индустрија.
На специјалниот настан се собраа бројни ѕвезди, а најголемо внимание Витни привлече со својата модна комбинација.
Имено, таа носеше сиво здолниште и сако во иста боја, но на градите имаше исечени два круга под кои се гледаше црвен градник со детали од тантела.
На овој настан освен Витни Камингс присуствуваа и Деми Мур, Селена Гомез, Ева Лонгорија и многу други познати ѕвезди од американската индустрија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Се одржа 31-та Elle Women гала вечера: познатите холивудски жени блеснаа во нивните комбинации
Во организација на познатиот дизајнер Ралф Лорен, во Лос Анџелес се одржа 31-та Elle Women гала вечера за славење на дамите од филмската индустрија.
Оваа специјална пригода беше совршен момент за познатите холивудски жени да блеснат во нивните внимателно избрани комбинации.
Актерката и продуцентка Ева Лонгорија избра долг фустан во боја на шампањ, музичарката Селена Гомез блескаше во црн костум со детали кои блескаа на светлината, додека холивудската икона Деми Мур воодушеви во гламурозен фустан украсен со златни детали.
Забава
Меган Маркл беше фотографирана во ретко излегување, позираше и танцуваше, Хари не беше таму
Меган Маркл деновиве беше фотографирана во ретко излегување.
Таа беше на презентација на линијата за коса на познат бренд во Лос Анџелес. Таа дојде со нејзините пријатели Кади Ли и Мајк Харис, а вечерта ја помина позирајќи пред фотографите.
Странските медиуми пишуваат дека се дружела и со фризерот Серж Норман и шминкерот Даниел Мартин. Во текот на вечерта таа се опушти и танцуваше.
Меган пристигна на настанот во црн комбинезон без прерамки со спуштена коса. Нејзините видеа се проширија на социјалните мрежи, а на многумина им беше чудно што принцот Хари не дојде со неа.
Забава
Јелена Розга: 2024 година ќе ја паметам по љубов, среќна сум и никогаш поисполнета
Крајот на 2024 е близу, а Јелена Розга за хрватски медиум откри по што ќе ја запамети и кои се нејзините планови за претстојната празнична сезона.
„Ќе ја паметам по многу убави концерти и по љубов. Среќна сум и никогаш поисполнета. Беше навистина добра година за мене“, изјави Јелена.
„Одам кај мене дома, ќе седнам на брегот, ќе јадам и ќе пијам кафе. Се надевам дека времето ќе биде убаво и така ќе бидам со часови, а можеби и ќе фатам некоја боја“, изјави пејачката од Сплит.
Ја прашале и што има на списокот со желби за 2025 година. „Само здравје и толку, се друго ќе биде лесно. Вредна сум, сакам да пеам, ја сакам својата работа повеќе од се на светот, само нека ме служи здравјето“, заклучила таа.