Забава
Актерот Хејген Милс изврши самоубиство откога ја застрела својата девојка
Ѕвездата од серијата „Баскетс“, 29-годишниот актер Хејген Милс, се обидел да ја убие својата девојка Ерика Прајс во нивниот дом во Мејфилд по што се самоубил. Според британски „Дејли мејл“, Милс ја застрелал мајката на својата 4-годишна ќерка во градите и раката, но таа успеала да избега и да повика полиција.
По тоа, Милс си пресудил самиот пукајќи си во главата. Во моментот на нападот нивната ќерка Мила и мајката на Ерика биле исто така во куќата, но, за среќа, тие не се повредени.

Според полицискиот извештај, актерот ги држел ќерката и мајката на поранешната девојка како заложници во куќата сè додека таа не се вратила дома. Штом дошла, тој почнал да пука кон неа, но, за среќа, нејзината состојба е стабилна.
Хејген одамна ѝ е познат на полицијата, а пред овој инцидент бил во затвор, каде што издржувал казна поради силување од прв степен и содомија, како и киднапирање и поседување метафетамин. Тој бил ослободен од затвор на 6 мај.
Еден од неговите агенти подоцна откри дека не се слушнал со актерот од 2018 година кога се вратил во родниот Кентаки со објаснување дека треба да реши некои проблеми што не се поврзани со филмската индустрија.
Самоубиство во живо на Facebook, бидејќи ќерката му се верила без прашање
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Мисицата од Брегот на Слоновата Коска упадна во претставувањето на хрватската претставничка на Мис Универзум
Хрватската претставничка Лаура Гњатовиќ се пласираше меѓу првите 30 на 74-от избор за Мис Универзум во Тајланд. Сепак, на самиот почеток, пред да се претстави на сцената, кандидатката пред неа имаше мали проблеми.
Пред Лаура, се претстави девојката од Брегот на Слоновата Коска, Оливија Јејс, која го кажа своето име и презиме, но потоа направи пауза и го повтори, што се поклопи со претставувањето на хрватската претставничка.
Por demorona, la representante de Cote D’ Ivoire que además es de las favoritas, no pudo presentarse por completo. #MissUniverso. #MissUniverse #MissUniverse2025 pic.twitter.com/T5PWPhbEiA
— Ric La Torre (@RicLaTorreZ) November 21, 2025
фото: принтскрин
Забава
(Видео) Мис Универзум 2025 е претставничката на Мексико
Ноќеска, на Тајланд се одржа финалето на 74-от избор за Мис Универзум. Мис Универзум 2025 е Мексиканката Фатима Бош. Првата придружничка е Мис Тајланд.
View this post on Instagram
Втората придружничка е Мис Венецуела, третата е Мис Филипини, а четвртата придружничка е девојката од Брегот на Слоновата Коска.
View this post on Instagram
Круната на победничката ѝ ја врачи минатогодишната победничка, данската претставничка Викторија Кјар Теилвиг.
View this post on Instagram
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Облече најмало бикини и помисли дека никој нема да ја види: папараците ја фатија на покривот на хотел
Популарната пејачка Дуа Липа моментално е во Рио де Жанеиро за нејзината бразилска турнеја „Радикален оптимизам“, а слободното време помеѓу настапите и пробите го искористи за да се опушти.

Сепак, папараците не ја пропуштија иако беше далеку од јавноста, и ја фатија на базенот на покривот од луксузниот хотел каде што престојува.

Во тесно црно-жолто бикини, Дуа Липа го покажа своето витко, тонирано и исончано тело, особено нејзините извајани стомачни мускули кои е невозможно да не се забележат и да не се коментираат, кои не избегаа од објективите.

Снимена е додека се обидува да се завитка во парео со ист дезен како бикинито, а како моден додаток носеше очила за сонце. Долгата коса лежерно паѓаше преку грбот, а очигледно е дека немаше ни трага шминка додека го впиваше витаминот Д.
Забележлив е и нејзиниот скап веренички прстен, со кој британскиот актер Калум Тарнер ја запроси кон крајот на декември минатата година.
фото: принтскрин

