Забава
Амброзио на плажа со нејзината 12-годишна „мини јас“

Алесандра Амброзио сподели низа фотографии на Инстаграм во средата наутро.
На некои од нив, 39-годишнaта икона на модната индустрија ја држи близу крај себе својата 12-годишна ќерка Ања додека се релаксираат на живописната плажа Малибу, а на други, ќерката на ѕвездата од модните писти кулира на балкон.
Поранешниот ангел на „Викторијас сикрет“ напиша симпатичен опис на објавата: Сите шмизли.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Шон Бејкер на Оскарите го достигна рекордот што го држеше Волт Дизни цели 70 години

Шон Бејкер освои четири златни статуетки на синоќешното доделување на Оскарите, израмнувајќи го рекордот кој 70 години го држеше Волт Дизни, едно од најголемите имиња во Холивуд.
Со освојувањето на Оскарите за најдобар филм, најдобра режија, најдобра монтажа и најдобро оригинално сценарио за филмот „Анора“, Шон Бејкер стана само втората личност што го направила тоа.
За разлика од Дизни, Бејкер ги освои сите четири награди за еден филм, односно победи во сите категории во кои беше номиниран, додека петтиот Оскар за филмот „Анора“ и припадна на Мајки Медисон за најдобра женска улога.
Успехот на оваа вечер претставува продолжување на големиот подем за Бејкер, кој претходно важеше за уметнички режисер и аутсајдер, бидејќи не доби ниту една номинација пред овој филм.
Ако сака да го „брка“ успехот на Дизни, на Шон Бејкер му претстои долг пат, бидејќи славниот Дизни имаше вкупно 22 Оскари.
Забава
Официјално музичко видео за „Правда“, резултат на соработката меѓу „Суперхикс“ и „21 век“

Излезе официјалното музичко видео за синглот „Правда“, резултат на соработката меѓу Суперхикс и 21Век.
Синглот „Правда“ е дел од последниот албум на Суперхикс, „Сила и Нервоза“.
Песната е создадена со заеднички напори на двата бенда, со текст од Борис Минов, додека музиката и аранжманот се дело на Суперхикс и 21Век.
Продукцијата е реализирана во студиото „ТРА ЛА ЛА“ во Скопје, под водство на искусниот продуцент Мите Димовски.
Видеото за „Правда” е режирано од Милан Блажевски, со Огнен Ацевски како директор на фотографија. Марко Најдановски придонесе како асистент на камера, додека Виктор Атовски беше задолжен за дрон операциите. Костимографијата, сценографијата и организацијата беа под раководство на Борис Минов. Во главната улога на Правдамен се појавува Александар Георгиев, додека останатите улоги ги толкуваат членовите на Суперхикс и 21Век.
Забава
Мик Џегер присуствуваше на „Оскарите“ со 44 години помладата партнерка од него

Легендарниот фронтмен на „Ролинг стоунс“, Мик Џегер (81), и неговата партнерката Мелани Хемрик (37) ретко се појавуваат заедно во јавноста, но овој пат направија исклучок и присуствуваа на „Оскарите“. Држејќи се за рака, гордо се прошетаа на црвениот тепих, а според пишувањата на странските медиуми, тие цело време не се одвоиле еден од друг.
Неговата 44 години помлада партнерка блесна во црн фустан со висок шлиц од страната и асиметрично деколте, што ја истакна нејзината фигура, а музичарот за церемонијата избра црн костум и бела кошула.
View this post on Instagram
Мик Џегер и Мелани Хемрик се запознаа во 2014 година кога „Ролинг стоунс“ беше на турнеја во Токио, во исто време кога американскиот балетски театар, чиј член била Хамрик, настапуваше во Јапонија. Нивната романса се продлабочи кога Џегер ја покани балерината да му се придружи за време на турнејата во Цирих.
View this post on Instagram
Двојката во 2016 година го доби синот Деверо.