Забава
Американската ТВ-публика за „Оскарите“ на рекордно ниско ниво
Рејтингот на американските телевизии за церемонијата на „Оскарите“ падна на ново најниско ниво, според првичните податоци на „Нилсен“ за неделното шоу, кое „Ју-ес тудеј“ го нарече руина на воз, а „Њујорк тајмс“ го опиша како мртва соба.
Публиката на ТВ-мрежата што ја емитуваше церемонијата, Еј-би-си на компанијата „Волт Дизни“, во просек изнесуваше 9,85 милиони, 58 проценти под минатогодишното последно рангирање од 23,6 милиони гледачи за најголемите признанија на филмската индустрија. Конечните броеви што вклучуваат луѓе што гледале во барови и ресторани се очекува да бидат објавени во вторник.
Падот го одразува трендот на доделување награди во живо среде пандемијата на коронавирусот. ТВ-публиката за „Еми“ во септември и за наградите „Греми“ во март исто така забележа најниско ниво досега. Оценките за „Златните глобуси“ во февруари паднаа 60 проценти во однос на претходната година.
Надевајќи се дека ќе привлечат гледачи додека се придржуваат до мерките за безбедност среде пандемијата, продуцентите на свеченоста оваа година испробаа неколку нови работи. Наградите првпат беа емитувани на историската железничка станица во центарот на Лос Анџелес во поинтимен амбиент, а присуствуваа само номинираните и нивни гости.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Амбер Херд сподели ретки моменти од новиот живот во Шпанија по промената на името
Амбер Херд им даде на своите следбеници ретка можност да погледнат во нејзиниот нов живот во Шпанија, каде што се пресели за да почне ново поглавје по исцрпувачката правна битка со поранешниот сопруг Џони Деп. Ѕвездата од „Аквамен“ го напушти Холивуд и најде нов дом во Мадрид, а во неодамнешната објава за Денот на благодарноста таа даде поглед во својот секојдневен живот.
По завршувањето на нејзиното судење за клевета, кое резултира со пресуда од 10,35 милиони долари за Деп и 2 милиона долари за Херд, актерката се пресели со ќерка си, првин на Мајорка, а потоа во Мадрид. Додека беше на Мајорка, „Ел Дијарио де Мајорка“ објави дека наводно го користела името Марта Џејн Канари – вистинското име на легендарната американска херојка Каламити Џејн.
Откога се пресели, Херд во голема мера се држеше подалеку од центарот на вниманието по нејзината последна филмска улога пред неколку години во „Аквамен и изгубеното кралство“. Сепак, таа неодамна сподели серија фотографии на социјалните мрежи од прославите за Денот на благодарноста во текот на годините вклучувајќи и дел од нејзиното готвење.
View this post on Instagram
„Здравица за Денот на благодарноста во текот на годините. Се навраќам на сите полни срца и чинии што ги споделив. Се надевам дека сте добро снабдени со обете оваа година“, напиша таа во објавата.
Херд повремено споделува делови од својот живот во Шпанија, како што се фотографии за Ноќта на вештерките, а претходно на социјалните мрежи го најави доаѓањето на близнаците Агнес и Оушн.
Актерката неодамна се врати на сцената во претставата наречена „Духот на народот“. Претставата се прикажуваше неколку ноќи во Масачусетс, а драматургот Џереми О. Харис откри дека продукцијата била половина на шпански, што совршено ѝ одговарало на Херд, со оглед на тоа што таа течно го зборува јазикот.
Еден од нејзините соседи изјави за „Мејл онлајн“ дека Херд и нејзиното семејство се целосно интегрирани во заедницата и живеат на место каде што никој никого не вознемирува. Иако папараците повремено се појавуваат пред нејзината куќа, повеќето локални жители не ја вознемируваат. Соседот додаде дека никој овде навистина не знае која е таа истакнувајќи дека и познати фудбалери живеат во истата област и уживаат во својата приватност.
фото/инстаграм
Забава
(Фото) Шведска министерка го почна денот во Скопје со симит-погача: „Енергичен појадок пред нејзината прва средба“
Министерката за европски прашања на Шведска, Јесика Розенкранц, која вчера и денес престојува во работна посета на Македонија, утрото го почна со симит-погача.
„Почнување на денот во Скопје со локален специјалитет! Нашата министерка за ЕУ, Јесика Розенкранц, почна напорен ден со енергичен појадок пред нејзината прва средба со македонскиот министер за ЕУ, Муртезани, и МЕА. Солено лепче во лепче – симит-погача, типично скопско печиво и каде е подобро да се ужива во него отколку во срцето на главниот плоштад во градот, со поглед на еден од најзначајните погледи во градот: Камениот мост, тврдината Кале, Старата чаршија, црквата „Св. Димитрија“, Даут-пашиниот амам, Мустафа-пашината џамија. Сè во еден кадар – поглед што совршено ја раскажува приказната за богатото мултикултурно наследство на Скопско и живописното општество на Северна Македонија. 🇸🇪 + 🇲🇰 = заедно посилни“, се вели во објавата на шведската амбасада на „Фејсбук“.
Забава
(Видео) Амбасадорката на САД во Грција се појави во проѕирен фустан, наиде на осуда
Новата амбасадорка на САД во Грција, Кимберли Гилфојл, предизвика доста внимание со својот моден избор на вечерата за Денот на благодарноста, што се одржа во Атина во вторникот.
Поранешната водителка на „Фокс њуз“ и поранешна свршеница на Доналд Трамп Помладиот се појави во тесен, речиси проѕирен црн фустан од тантела, што предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.
US Ambassador in Athens sparks a stir with a sheer dress
The new US Ambassador to Greece, Kimberly Guilfoyle, became the unexpected star of a Thanksgiving event hosted by the American-Hellenic Chamber of Commerce. The focus wasn’t on her speech but on her outfit — a sheer… pic.twitter.com/XPmsi8yYXg
— NEXTA (@nexta_tv) November 27, 2025
Гилфојл (56) едвај се движеше во тесниот фустан, па дури и ѝ требаше помош за да се качи на сцената за да им се обрати на гостите. Нејзината облека многумина ја споредија со стилот на сестрите Кардашјан сметајќи ја за несоодветна за дипломат.
„Ова е дипломатска грешка, таа ја претставува својата земја, а не своето тело“, „Ова ми е убаво“, „Потребен ѝ е стилист“, „Изгледа како изгубена сестра Кардашјан“, се само дел од коментарите на социјалната мрежа X.
фото/принтскрин

