Забава
Американска актерка од популарна серија може да ѝ биде двојничка на Колинда Грабар-Китаровиќ
Бројот на девојки кои личат на хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ постојано расте. Последна во серијата беше ѕвездата на реалното шоу Коко Остин. Приказните дека потсетува на хрватската претседателка дојдоа и до самата Коко, на која тоа воопшто не ѝ пречеше, напротив дури и се пофали на „Твитер“.
„Се сеќавате ли како луѓето ме заменија со хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ? Медиумите ме прашуваат што мислам за тоа. Морам да признаам дека сме многу слични. Можеби сме роднини. Воопшто не ми пречи што ме споредуваат со неа”, напиша тогаш старлетата.
Но една актерка уште повеќе потсетува на Колинда. Станува збор за Кони Бритон, американска актерка и пејачка и ѕвезда на серијата „Валканиот Џон“.

Кони е родена во март 1967 година, а својата успешна телевизиска кариера ја почна уште во младоста. Досега немаше некои големи остварувања, но серијата „Валканиот Џон” во последниве месеци го привлече вниманието на јавноста и може да постигне одлични резултати. Кони веќе беше номинирана за „Златен глобус“ и Critic’s Choice наградата за оваа улога.

„Валканиот Џон“ е всушност криминалистичка серија направена според вистинска приказна, и Кони игра богата и успешна дизајнерка на ентериер која има своја компанија и, по четири пропаднати бракови, бара среќа користејќи апликации за дејтање. Таа се забавува со Џон Михан, човек со прилично темно минато, кој се преправа дека е анестезиолог. Тајните, манипулацијата и борбата за голиот живот стануваат основните мотиви на оваа серија.
Ликот на Џон во серијата го толкува Ерик Бана, австралиски актер од хрватско потекло. Можеби тој прв ќе забележи и ќе каже дека Кони е иста Колинда!

Обликот на очите, образите, носот и косата се главните допирни точки помеѓу американската актерка и хрватската претседателка. Тие особено личат кога се смеат и кога Колинда носи кадрици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.
Забава
Велат дека изгледаат како „мајка и син“, но тие се сакаат лудо: „Беше многу болно“
Поранешната мисица Пријанка Чопра (43) ужива во хармоничен брак со Ник Џонас (33) осум години, барем така се мислеше претходно, а секој пат кога се појавуваа заедно беше вистински празник за очите. Сè додека гласините за проблеми во бракот и потенцијален развод не станаа почести.
Пријанка и Ник се родители на девојче, Малта, и ако може да се верува на најновото интервју дадено од една од најубавите жени на светот, сите гласини се само обични лаги.
„Заедно сме осум години. Ако луѓето сè уште сакаат да чекаат сè да се распадне, тоа е нивен избор. Веќе не размислувам за тоа“, изјави таа за Variety.
Со оглед на тоа што Пријанка е десет години постара од Ник, можно е ваквите гласини да започнале поради таа разлика, со оглед на тоа што понекогаш погрдно ги нарекуваат „мајка и син“ на социјалните мрежи.
„Мислам дека работата е во тоа што доаѓаме од различни култури, различни земји, различни религии, разлики во возраста. Беше многу болно. Не обрнувавме внимание на тоа што другите зборуваа, наместо тоа само се гледавме и си мислевме ‘не е важно’. Денес, никакви коментари не влијаат врз нас“, истакна кралицата на убавината.
Пријанка Чопра и Ник Џонас се венчаа по само шест месеци врска, што од оваа перспектива можеше да биде лош потег.
„Кога се омажив за него, не бев ни сигурна дали дел од него е вистински. Мислев дека е лудо и дека глуми, но Ник е целосно искрен и тоа ме инспирира секој ден. Тој е секогаш ист“, заклучи Пријанка.

