Забава
Американските ѕвезди настапија на затворањето на Игрите, на шоуто најмногу внимание привлече Том Круз
Олимписките игри во Париз официјално се затворени. Традиционалната церемонија на затворање се одржа на францускиот национален стадион. На церемонијата беа вклучени повеќе од 100 танчери, циркуски уметници и други изведувачи.
Уметничкиот директор Томас Џоли откри дека церемонијата на затворање била замислена како комбинација на чудо и дистопија, а како дел од церемонијата, Златниот патник се спуштил на стадионот за да ги води гледачите низ историјата на Олимписките игри, а акробатите ги обновија и ги подигнаа познатите пет прстени на Игрите.

Свеченото затворање го одбележаа настапите на француските бендови, како и претходно подготвените снимки од настапите на американските ѕвезди, кои го најавија одржувањето на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.

Светски познатиот француски бенд „Феникс“ направи музички спектакл и со своите хитови ја крена публиката на нозе.
На свеченото затворање настапи и францускиот бенд „Ер“, кој го отвори настапот со хит-песната Playground Love.

Американскиот актер Том Круз упадна на стадионот за време на кревањето на американското знаме и интонирањето на американската химна фрлајќи ја публиката во транс.

Потоа го зеде знамето и со мотор се упати кон Лос Анџелес, па скокна од авион и позира покрај знакот Холивуд во однапред снимена секвенција.



На свеченото затворање настапија и бендот „Ред хот чили пеперс“ со песната Can’t Stop и Били Ајлиш.

Прикажан е и настапот на најголемата вирална ѕвезда на овие Игри, раперот Снуп Дог, како и на Др. Дре, кој беше еден од последните носители на олимпискиот факел во Париз на свеченото отворање.

Инаку, музичарите претходно ги снимаа своите настапи во Лос Анџелес, а беа избрани поради поврзаноста со тој град.
Олимписките игри во Париз беа затворени со песната My Way.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Концерт на „Нокаут“ на 9 мај во СЦ Јане Сандански
„Нокаут“ ќе слави 30 години постоење со концерт на 9 мај, со почеток во 21 часот, во СЦ Јане Сандански.
Пере и дружината ќе ја прошетаат публиката со својата “временска машина“ низ историјата на нивното постоење, преку концертната изведба на нивните најголеми хитови… Од Еј Би Си, Временска машина, Би се викал те сакам, Телефонскиот број не постои, Hi Fi, Мене ми припаѓаш, Сонувам Диско, Илјада причини за крај, Позитиво, Да си тука вечерва, Кога ме сакаш ти, Лебедот бел, Знаеш каде да ма најдеш…..
Бендот најавува фантастично аудиовизуелно шоу, збогатено со специјални ефекти и „луда“ забава до максимум. Фасцинантната овална сцена, концертен ринг сместен на самиот центар во средината на салата, моќно озвучување кое создава звучна магија, лајт шоу и светлосни ефекти кои приредуваат волшебство од бои и голем лед екран сместен на плафонот од сцената, за прв пат СЦ Јане Сандански ќе го претворат во вистинска музичка арена. Нокаут – 360 степени, концертен спектакл во кој ќе можете подеднакво да уживате со поглед од сите трибини.
Концертниот јубилеј со своите настапи ќе го збогатат и специјалните гости на бендот, Игор Џамбазов, Дарко Гелев Брејк, Дупер, Дарко Димитров, Дамјан Пејчиновски и уште многу други музички изненадувања.
Билетите знаете каде да ги најдете од среда, 18 февруари на www.wayin.mk.
Забава
(Фото/видео) Џипот од 500.000 евра на Бака прасе изгоре во Белград
Луксузниот Мерцедес вреден половина милион евра, во сопственост на еден од најпознатите регионални инфлуенсери, Богдан Илиќ, попознат како Бака прасе, изгоре во Белград синоќа околу 3:30 часот, јавија српските медиуми.

Пожарот бил изгаснат во рок од пет минути, но има голема материјална штета.
Според достапните информации, внатрешноста на возилото е целосно уништена, а топлината ги скршила и прозорците. Бака прасе го купи скапиот автомобил, кој го нарече „бесна машина“, пред три години, и еднаш изјави дека се кае за купувањето.

Кратко по инцидентот, инфлуенсерот објави видео од уништеното возило. Тој се обиде целата ситуација да ја претвори во шега, објавувајќи лажен оглас за продажба на автомобили.
„Оглас за автомобил, Brabus 800 4×4. Прв сопственик, баба го возеше на пазар. Година 2022, малку исполиран и како нов. Во возна состојба, ентериер по нарачка. Заинтересиран сум за DM“, рече тој.
@bakaprase Hitna prodaja 🙏
Причината за пожарот сè уште не е позната, но Telegraf.rs пишува дека првите резултати од истрагата укажуваат дека пожарот бил подметнат. Се сомнева дека автомобилот бил полеан со запалива течност, а потоа запален.
Истрагата е во тек.
фото/депозитфотос
Забава
(Видео) Раскошните облини на бразилските жени повторно го освојуваат светот: И никој не е имун на нив
Магичниот Рио де Жанеиро привлекува голем број туристи секоја година, особено за време на традиционалниот карневал во Рио, кога брзо станува центар на светот, но и на добрите забави.
Овогодинешниот карневал започна на 13 февруари и ќе трае до 21 февруари, а посетителите на овој спектакл ќе имаат можност да уживаат во звуците на самбата, огнените и енергични танцови движења на учесниците, како и во раскошните облини на познатите бразилски жени.
Во овој период, танчерките ќе парадираат по улицата Маркес де Сапука секоја вечер, а жителите на Бразил, како и бројните туристи, внимателно ќе ги следат од сите страни.

