Забава
Андреа Бочели ја критикува владата на Италија во врска со правилата за самоизолација

Италијанскиот тенор Андреа Бочели во понеделникот упати остра критика до италијанската влада за нејзиното постапување со коронавирусот, велејќи дека тој бил понижен од неодамнешната самоизолација и ги повика луѓето да не ги почитуваат правилата што сè уште постојат.
Неговите коментари на конференција во италијанскиот Сенат беа изненадувачки и сосема неочекувани затоа што 61-годишниот слеп оперски пејач беше симбол на национално единство во екот на пандемијата, кога на Велигден во празна катедрала во Милано пееше соло во живо. Неговиот настап во празната миланската катедрала беше насловен „Музика за надеж“.
„Се чувствував понижено и навредено. Не можев да ја напуштам куќата иако не сум сторил никакво кривично дело“, рече Бочели на конференцијата на која присуствуваа опозициски политичари, вклучувајќи го и Матео Салвини, лидер на крајно десничарската партија Лига, која ја нападна владата на премиерот Џузепе Конте во врска со справувањето со здравствената криза.
Строгите прописи за самоизолација започнаа во почетокот на март, а беа постепено ублажувани наредните три месеци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Актерките на САГ-наградите изненадија со послаб изглед, многумина се сомневаат во „оземпик“

Наградите САГ ги прославија најдобрите ТВ и филмски проекти во изминатата година на глобалната сцена. Сепак, појавувањата на црвениот тепих привлекоа најголемо внимание на социјалните мрежи во неделата вечерта бидејќи обожавателите забележаа дека некои од актерките изгледаат значително послаби.
Поради зголемениот интерес на индустријата за лекот за слабеење „оземпик“, неколку ѕвезди предизвикаа бурни реакции со своите телесни трансформации при пристигнувањето на доделувањето на наградите во Лос Анџелес.
Лудилото „оземпик“ достигна ново ниво – многу познати личности или отворено признаваат дека го користат лекот за слабеење или предизвикуваат шпекулации поради својот видно послаб изглед.
Оскаровката Кети Бејтс, која откри дека лекот ѝ помогнал да изгуби 45 килограми, ја покажа својата нова фигура во елегантен црн костим. Во меѓувреме, Брук Шилдс, Деми Мур, Аријана Гранде, Селена Гомез и Џорџина Чепмен исто така привлекоа внимание со својот моден избор, а, како што многумина тврдат, изгледаа значително послабо.
Обожавателите коментираа: „Деми Мур изгледа навистина слабо“, „Се чини дека ‘оземпик’ е виновникот“.
Demi Moore looking really skinny… #SAGAwards
— 🇹🇹 🇹🇹🇹🇹 (@CJG_TT) February 24, 2025
„Дури и оние што веќе беа слаби сега изгледаат крајно изнемоштено. Видете ги неодамнешните фотографии на Никол Кидман и Брук Шилдс. Страшно!“
Not a single person can convince me that Selena Gomez didn’t get on the ozempic train
— Monica (@_monicalal) February 24, 2025
„Ниеден човек не може да ме убеди дека Селена Гомез не се качила на возот ‘оземпик’“.
Забава
(Видео) Селена Гомез остана во шок по прогласувањето на наградите САГ, нејзината реакција е хит

Селена Гомез и екипата на Only Murders in the Building ја добија наградата за најдобра хумористична серија на САГ, а нејзината шокирана реакција по објавата стана вирален хит.
Кога слушнала дека серијата ја добила наградата, изненадена ја отворила устата и во целосен шок тргнала кон сцената и прашала: „Дали треба да зборувам? Не можам да зборувам“.
Selena Gomez was in complete disbelief after ‘Only Murders in the Building’ won the #SAGAward for Outstanding Ensemble in a Comedy Series. pic.twitter.com/a1JFrsxBmb
— Entertainment Tonight (@etnow) February 24, 2025
„Чекај, ние никогаш не освојуваме ништо, ова е толку чудно“, рече таа, а потоа додаде: „Добро, добро, Марти и Стив не се тука затоа што, знаете, навистина не им е гајле… Искрено сум многу благодарна. Сите го заслужуваат ова. Ја носам дома наградата за сите нас. И ова го враќам во Њујорк за петтата сезона. Многу сум благодарна“, рече таа.
Забава
(Фото) Која позната дама доминира на САГ-наградите

Некои од најголемите холивудски ѕвезди се собраа синоќа на доделувањето на филмските награди САГ во Лос Анџелес. Актерите се прошетаа на црвениот тепих во гламурозни креации на познати дизајнери, а вечерта ја одбележаа и добитниците на престижни награди.
Деми Мур ја доби наградата за најдобра главна женска улога, а Зои Салдања ја доби наградата за најдобра споредна женска улога.
На црвениот тепих блеснаа и многу познати дами, меѓу кои Аријана Гранде, Мајли Медисон и Селена Гомез.
Особено внимание привлече Памела Андерсон, која уште еднаш остана доследна на својот природен изглед и се појави без шминка во елегантен бел фустан. На церемонијата се појавија и ѕвездите од хит-серијата „Бриџертон“.