Забава
Анонимен купувач ѝ ја врати култната кожена јакна на Оливија Њутн-Џон
Пејачката Оливија Њутн-Џон (71) се бори со рак веќе со години, а во ноември минатата година лошата болест ѝ се врати третпат. Таа тогаш рече дека не сака да знае уште колку време ѝ останува и дека нејзините шанси за оздравување се мали.
На почетокот на ноември таа организира аукција на предмети од својата долга кариера за да собере пари за лекување на ракот. Култната кожена јакна што ја носеше во филмот „Брилјантин“ беше меѓу избраните 500 артикли и почетната цена ѝ беше 200.000 долари.

„Воопшто не сум тажна што ќе се разделам со тие работи“. Тоа се само работи и се обидувам да не бидам приврзан кон нештата. Ќе ги задржам убавите спомени и фотографии во моето сеќавање“, рече пејачката во оваа пригода.
Анонимен клиент ја развесели Оливија со тоа што ѝ ја подари нејзината јакна и донира дополнителни 185.000 фунти за австралискиот центар за лекување од рак, што го отвори во 1992 година кога првпат ѝ беше дијагностициран карцином на дојката.
„Јакната не треба да биде во плакарот на милијардерот кој само би се фалел со неа во кантри-клуб“, ѝ рече актерот кога ѝ ја предаде јакната на состанокот во Калифорнија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“
Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место, освојувајќи вкупно 141 поен.
Конечниот пласман беше одреден од комбинираните гласови на стручните жири-комисии и публиката, при што Македонија оствари одличен резултат кај жирито, пласирајќи се меѓу првите пет земји според нивното гласање.

Во жири-гласањето, Македонија доби 12 поени од Црна Гора и Италија, што дополнително го потврди силниот впечаток што настапот на Нела Манческа го остави кај професионалните оценувачи.
Победник на годинашното издание на Јуниор Евросонг е Франција со освоени 248 поени, второто место ѝ припадна на Украина, а третото на Грузија.
Забава
(Видео) „Miracle“ одекна во Тбилиси: Нела Манческа ја претстави Македонија на Јуниор Евросонг
Вечерва во Тбилиси, Грузија, се одржува 23-то издание на Јуниор Евросонг, а Македонија ја претставуваше Нела Манческа со песната Miracle.
Aвтори на песната се продуцентoт Лазар Цветкоски и Магдалена Ена-Цветкоска која го напиша текстот.
View this post on Instagram
На овогодишниот избор за песна на Детска Евровизија учествуваат 18 земји.
Гласањето можете да го следите во живо на линкот.
Забава
Љубов под елката: Три знаци ќе доживеат филмска љубов до крајот на месецот
Иако декември е хаотичен месец, за некои хороскопски знаци љубовта оваа година доаѓа посилно од очекуваното. Според астрологот Адама Сисеј од „Lilith Astrology“, клучни се транзитите на Венера и Марс – планетите на љубовта, привлечноста и страста. Кога тие се поволно поставени, се случуваат токму оние „филмски“ моменти: вистинско време, вистинско место, вистинска личност.
Овие три знаци имаат најголеми шанси Новата година да не ја дочекаат сами:
Близнаци – Венера и Марс се во силен аспект со вашиот знак, носејќи нови средби, лесна комуникација и природна хемија. Ќе бидете похрабри и поотворени – токму она што ви оди најдобро.
Стрелец – Венера и Марс се во вашиот знак речиси цел месец, па вашата привлечност е на врвот. Спонтани излегувања, флерт и романса доаѓаат без многу напор.
Јарец – Кон крајот на декември, двете планети влегуваат во вашиот знак и ги активираат романтичните и страстните импулси. Можно е новогодишниот бакнеж да биде со некој навистина посебен.
Ако не сте меѓу овие знаци – вреди да го проверите и вашиот подзнак.
Фото: Pexels

