Забава
Анџелина Џоли глуми во современ вестерн

Нејзиниот следен филм е проект на „Ворнер брос“, кој треба да се појави во киносалите и на стриминг-платформата „Ејч-би-о макс“ истовремено.
Премиерата на современиот вестерн Those Who Wished Me Dead е закажана за 14 мај оваа година, како што објавија таблоидите.
Во филмот, во режија на Тејлор Шеридан, оскаровката (45) глуми заедно со Николас Холт, Џон Бернтал, Тајлер Пери и Ејдан Гилен.
Трилерот следи сведок на убиство, тинејџер, кого го гонат атентатори во пустината Монтана и тој мора да се справи со смртоносен шумски пожар.
Филмот е еден од десетината проекти на „Ворнер брадерс“, што оваа година ќе бидат објавени истовремено и во коносала и на „Ејч-би-о макс“, во планот на студиото да ги минимизира финансиските последици од пандемијата и затворените киносали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Вештачката интелигенција ги предупредува туристите да внимаваат кога поминуваат улица во Македонија оти има агресивни возачи

Некои возачи може да бидат агресивни, па затоа внимавајте кога поминувате улица. Ваков е одговорот на вештачката интелигенција („Чат ГПТ“) на прашањето дали е Македонија безбедна дестинација за патување.
Oценката е дека земјата е генерално безбедна за туристите, со ниска стапка на криминал, а насилството е ретко. Сепак, „Чат ГПТ“ препорачува, како и за секоја друга дестинација, да бидете внимателни.
Покрај сообраќајот, апликацијата ги предупредува туристите да избегнуваат протести и политички собири, како и да внимаваат да не им биде наплатено повеќе од она што е реална цена во такси -озилата и маркетите.
Се додава и дека луѓето се гостопримливи и честопати подготвени да им помогнат на туристите, безбеден е за двојки, но да се избегнуваат изолирани области во текот на ноќта. Автобусите и такси-возилата се генерално безбедни, се додава во одговорот што го добивме.
Вештачката интелигенција препорачува да се посетат Скопје, Охрид, Маврово и Кратово.
Забава
„Веќе изгледа како 30-годишна“: лицето на младата актерка предизвика лавина коментари

Актерката Мили Боби Браун неодамна го привлече вниманието на медиумите со својот изглед, а нејзиното лице предизвика особена дискусија со оглед на тоа што има само 21 година.
На премиерата на нејзиниот нов филм The Electric State во Лос Анџелес актерката изненади многумина. Таа блесна во златен фустан украсен со мониста, вреден речиси 10.000 евра, а креацијата ја комплетира со раскошна пунџа.
Сепак, токму нејзиното лице привлече најмногу коментари.
Millie Bobby brown needs to stop letting doctors touch her face.
— Shameless Learner 🤔 (@mrembo_wa_maji) February 26, 2025
Последниве денови на социјалните мрежи се зборуваше за тоа дека актерката изгледа многу постаро. „Буквално, отидов да ѝ ја проверам возраста“, „Таа веќе изгледа како да има 30 години“, „Кога фазата ‘имам 21, изгледам како да имам 45’ стана повторно тренди?“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
Забава
Актерот Џин Хекман и неговата сопруга пронајдени мртви

Легендарниот холивудски актер Џин Хекман е пронајден мртов во својот дом во Санта Фе, Ново Мексико, заедно со сопругата, пијанистката Бетси Аракава, објави Santa Fe New Mexican повикувајќи се на полицијата.
Полицијата во округот Санта Фе ги откри телата на двократниот оскаровец, 63-годишната Бетси и нивното куче во средата попладне.
Нема сомнеж за казнено дело, а причината за смртта не е објавена. Шерифот на округот Санта Фе, Адан Мендоза, ја потврди веста денес.