Забава
Анџелина Џоли: Само моите деца знаат која сум всушност јас

Таа е јавна личност со децении и глумеше во повеќе популарни филмови.
Сепак, во интервју за „Екстра“, Анџелина Џоли вели дека само нејзините деца го знаат нејзиното вистинско јас.
45-годишната актерка се отвори за тоа какви се очекувањата на луѓето од неа додека зборуваше за новиот анимиран филм „Еден и единствен Иван“, адаптација на најпродаваната, наградувана книга за еден необичен горила, во режија на Теа Шарок.
„Еден и единствен Иван“ – комбинација на авантура и специјални ефекти – е приказна за убавината на пријателството, силата на визуализацијата и значењето на местото што го нарекуваме дом. Филмот е базиран на детскиот бестселер на Кетрин Еплгејт.
Анџелина Џоли го продуцира филмот и го позајмува гласот за слоницата Стела, која му помага на сребрениот горила Иван да направи план за да избега од заробеништво во „Биг топ-мол“. Филмот почна да се прикажува на стриминг- платформата „Дизни плус“ во четвртокот.
Анџелина била заинтересирана за приказната откога ќерка ѝ Шилох (14) прва ја прочитала.
„Шилох ја прочита книгата и потоа почнавме да ја читаме заедно и да разговаравме за Иван и зошто е толку посебен“, објасни таа во интервјуто.
Анџелина говореше и за моралот на филмот за кој нејзиниот колега Бруклин Принс неодамна рече дека филмот ја потенцира важноста на одржување на ветувањата.
„Јас сум таа што сум и не знам како да бидам нешто друго… но, ако ме прашате: Дали луѓето вистински ме познаваат која сум? Мислам дека само моите деца би можеле да објаснат која сум навистина“, рече таа.
Правна битка: Нејзините коментари доаѓаат во услови на предолга бракоразводна сага и нејзиното ново барање приватниот судија да се повлече од работните обврски кон еден од адвокатите на поранешниот сопруг Бред Пит.
Актерката неодамна побара судијата Џон Одеркирк да биде изземен од случајот затоа што не кажал дека во исто време бил ангажиран и од адвокатката на Бред.
Анџелина и Бред почнаа врска во 2005 година, се венчаа во 2014 година, а се разделија само две години подоцна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Сонуван дом, реална добивка – „Доме, сладок доме!“

Секој нов дом почнува со еден сладок сон, а понекогаш и со само еден лоз. Државна лотарија со гордост го претставува инстант лозот „Доме, сладок доме“, кој нуди шанси за парични добивки и можност да се оствари еден од најголемите животни соништа – сопствен дом во Скопје.
Со цена од само 100 денари, секој има шанса да го предизвика сопствениот момент на среќа. Играта е едноставна и брза: се гребат трите добитни броеви и потоа сите 15 полиња на лозот. Доколку еден од твоите броеви се совпадне со некој од добитните броеви, лозот е добитен. Под сјајната површина можеби се крие токму клучот до твојот нов дом.
Главната добивка е стан во нов, модерен станбен комплекс во општина Аеродром, една од најпосакуваните урбани локации во Скопје. Освен становите, лозот нуди и многубројни парични добивки во вредност од 100 до 100.000 денари, што дополнително ја зголемува возбудата.
Во продажба е втората серија од инстант лозот „Доме сладок доме“, а досега од двете серии на оваа инстант игра, веќе има среќни добитници што го остварија својот сон. Луѓе од различни делови на државата, Скопје, Штип, Битола, Кавадарци, Тетово, Кичево, Преспа и Ресен веќе се вселени во своите нови станови. Приказните потврдуваат дека среќата најчесто доаѓа кога најмалку ја очекуваме.
За некого „Доме, сладок доме“ значеше конечно свој кров над глава. За друг, подарок за дете или блиски. Ова не е само игра. Туку вистинска животна шанса, да се почувствува сигурност, стабилност и да се направи голем чекор напред.
Лозот може да се купи на сите продажни места на Државна лотарија низ државата. Ве потсетуваме дека игрите на среќа се форма на забава и треба да се игра одговорно.
(ПР)
Забава
Џон Крајер откри колку заработувал во „Два и пол мажи“

Актерот Џон Крајер, кој го играше ликот на Алан, изјави дека неговата плата во хит-серијата „Два и пол мажи“ била далеку помала од онаа на Чарли Шин.
Додека Шин добивал речиси 2 милиона долари од епизода во последната година пред отказот во 2011, Крајер зел речиси една третина од таа сума. Неговата заработка пораснала на 620.000 долари дури по заминувањето на Шин кога во серијата се приклучи Ештон Кучер.
Откритието стана актуелно преку новиот документарец на „Нетфликс“, Aka Charlie Sheen, кој ги прикажува бурната кариера и приватниот живот на Шин. Во документарецот Крајер го споредува Шин со диктаторот Ким Џонг-II поради тоа што, како што вели, неговото лудо однесување му носело се поголеми хонорари.
Се спомнуваат и анегдоти од снимањата, како и изјави од блиски луѓе на Шин, меѓу кои и поранешната сопруга Дениз Ричардс.
Забава
Познат готвач уапсен за три банкарски грабежи во еден ден

Полицијата во Сан Франциско го уапси 62-годишниот готвач Валентино Лучин, осомничен дека истиот ден ограбил три банки во централниот дел на градот. Според извештаите, тој на банкарите им давал ливче со закана да му дадат пари и секојпат успевал да избега со готовина.
Лучин е идентификуван со помош на дојави и приведен без инциденти. Неговата кауција е одредена на 200.000 долари.
Ова не е првпат тој да се соочи со вакви обвиненија – во 2018 година признал грабеж на банка во Калифорнија кога украл над 15.000 долари.
Лучин бил ценет готвач, познат по италијанската кујна и менаџирање ресторани.