Забава
Анџелина Џоли ја покажа новата тетоважа

Анџелина Џоли беше фотографирана во Њујорк додека ужива во продолжено патување на источниот брег, каде што ги посети музеите, рестораните и станот на нејзиниот поранешен сопруг Џони Ли Милер.
Актерката (46) се пофали со нова тетоважа на левата рака кога излегуваше од хотелот „Карлајл“ на горната источна страна на Менхетен.
Таблоидите шпекулираат дека Џоли тетоважата ја направила неодамна, среде долгата судска битка за целосно старателство над децата од бракот со Бред Пит.
Тетоважата гласи eppur si muove, која е на италијански и во превод значи „сепак се движи“.
Цитатот е од италијанскиот физичар, математичар и астроном Галилео Галилеј. „Земјата се движи и не е центар на универзумот“, рече тој пред инквизиторите како да сакал да каже дека можеби ја добиле оваа битка, но на крајот вистината ќе победи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото/Видео) Првата прегратка по 20 години од разводот: поранешните љубовници не ја кријат својата среќа

Поранешните сопружници Чарли Шин и Дениз Ричардс присуствуваа на премиерата на филмот „Чарли Шин“. Актерите разменија пријателски прегратки на црвениот тепих, па дури и се фотографираа заедно за странските медиуми.
Што се однесува до нивните комбинации, Чарли одлучи да носи црно пругасто одело за пригодата, кое го комбинираше со обична бела кошула.
Од друга страна, Дениз избра комплет – широки панталони и краток топ во црна боја изработен од сјаен материјал. Стилот го комплетираше со минимална шминка, брановидна коса и најобична огрлица.
Ова е првото заедничко појавување на Чарли и Дениз по разводот. Претходно, на 1 април се сретнаа по повод нејзиното реално шоу, кога Шин гостуваше во една епизода.
Чарли и Дениз беа во брак од 2002 до 2006 година и заедно имаат две ќерки – Лола и Семи.
фото: принтскрин
Забава
Се појавија фотографии: Остин Батлер го освои срцето на најсексипилниот модел на денешницата

Актерот Остин Батлер и моделот Емили Ратајковски неодамна беа фотографирани на интимна вечера во познатиот ресторан „Вејверли Ин“ во Њујорк.
Според инсајдер за блогот „Deux Moi“, двојката уживала во лежерен разговор и пијалоци, а настанот траел повеќе од два часа. Емили пиела мартини, додека Батлер, како вистински господин, пиел виски.
Austin Butler and Emily Ratajkowski spotted out to dinner in New York City pic.twitter.com/tHZrvp3jss
— Austin Butler News (@AButlerNews) September 6, 2025
Иако немало јавни испади на нежност, изворите тврдат дека Емили се наведнала кон Батлер неколку пати, и дека актерот во еден момент ја ставил раката преку рамо.
Фотографиите од таа вечер се појавија и на социјалните мрежи, а на Икс веќе започна дискусија за новиот пар во светот на познатите личности.
Вљубените сè уште не ги коментирале овие шпекулации, меѓутоа, нивните вечерни средби нè потсетуваат на почетокот на една ветувачка љубовна приказна.
Батлер претходно беше во тригодишна врска со Каја Гербер, додека Ратајковски зад себе има брак со бизнисменот Себастијан Баер-Меклард, со кого има син, Силвестер.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Повторно ја покажа голата нога, а интернетот „експлодираше“

Се чини дека Филмскиот фестивал во Торонто е следната голема прослава за познатите личности. Сидни Свини и Метју Меконахи веќе го имаа своето деби на црвениот тепих на фестивалот, а сега и Анџелина Џоли го направи истото.
Актерката се појави на премиерата на филмот „Couture“, а за пригодата носеше, навидум, едноставна креација. Таа се одлучи за фустан-тренч-капут во кафеава боја, од брендот „Габриела Херст“ и црни салонки.
Својот стајлинг го комплетираше со минимална шминка во природни тонови и брановидна фризура.
Сепак, токму одреден дел од нејзиното тело привлече најголемо внимание…
Според медиумските извештаи, Анџелина Џоли одлучи да ја повтори познатата поза за фотосесија од Оскарите во 2012 година по 13 години.
Тогаш носеше гламурозен црн фустан и впечатлив црвен кармин, а за фотосесијата ја истакна ногата. Може да се каже дека интернетот експлодираше во тоа време поради нејзиното смело позирање, а ногата стана вистинска сензација.
Angelina Jolie with her famous leg pose https://t.co/hAReFuBOvX#angelinajolie #beautiful #viralshorts #shorts pic.twitter.com/YRBx9I5UHg
— Angelina Jolie Fan (@brangelinablog) September 8, 2025
Се чини дека сега повторно го направи тоа и реакциите на јавноста се исти како пред 13 години…
Angelina Jolie bared some leg tonight in a trenchcoat dress at the #TIFF premiere of her new movie!
Click ⬇️https://t.co/d11yGBIbQr
— JustJared.com (@JustJared) September 8, 2025
фото: принтскрин