Забава
Архитект вложи 37 милиони долари за да одгледува банани во Исланд

Исландски архитект одлучи да го искористи изобилството на геотермална енергија што неговата земја го има и за 37 милиони долари планира да одгледува егзотично овошје.
Бидејќи зимата на Исланд трае девет месеци, жителите на оваа островска земја имаат ограничени можности за земјоделство. Државата има доста неискористена површина, многу вулкани и енергија што ја овозможуваат тие. Токму тоа му е потребно на архитектот на проектот – Хјордис Сигурдардотир.
Овој архитект почнал интересен бизнис-подвиг во чии рамки се градат првите биокуполи во светот, од кои најголемата ќе биде со големина на фудбалско игралиште и ќе се протега на шест ката над и под земјата.
Самиот проект е инспириран од седиштето на „Амазон“ во Сиетл и од сингапурските градини. Иако сè уште не е собран износот потребен за да почне изградбата, има многу моќни инвеститори, вклучувајќи ја и најголемата исландска банка „Арион“.
„Алдин“, како што е наречен проектот, ќе биде лоциран во паркот Рејкјавик и ќе се протега на површина од 4.500 квадратни метри, а во него ќе работат околу 60 луѓе. Стаклените куполи ќе се користат за одгледување банани и други тропски овошја, но ќе служат и како еден вид медитеранско одморалиште во близина на Северниот Пол, а неговата функција ќе биде да го зајакне туризмот во оваа изолирана локација. Всушност, секоја од куполите ќе има различни клими и цели. Најмалата ќе биде фармерска лабораторија и ќе вклучува маркет, ресторан и објект за едукација, додека другите две ќе бидат тропски и медитерански одморалишта во кои ќе се одржуваат бизнис-конференции и други случувања. Покрај тоа, станува збор за туристичка атракција што, ако сè оди според планот, ќе има најниски оперативни и енергетски трошоци во светот.
Проектот е во завршна фаза за добивање дозвола од главниот град, а отворањето на куполите е закажано за две години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
На листата на најдобрите печива во светот има и специјалитет од Македонија

Интернет-страницата TasteAtlas, која со оценување на традиционални јадења од целиот свет дава увид во гастрономските специјалитети, често објавува листи на најдобрите јадења.
На последната се најде македонскиот зелник.
Имено, објавена е листа на најдобрите печива во светот. И додека зелникот од Македонија е на високото 11 место, Србија и Босна се на првите позиции со Пазарските мантии и бурекот. На трето место е баницата со сирење од Бугарија.
Во прилог, целата листа на најубавите печива.
View this post on Instagram
Забава
Џенифер Анистон подготвена за трет брак, планирала венчавка на плажа со Џим Кертис

Изгледа дека за Џенифер Анистон наскоро би можеле да прозвонат венчални ѕвона. Како што пишуваат странските медиуми, ѕвездата од „Пријатели“ наводно е подготвена за сериозен чекор со својот нов партнер, Џим Кертис. Иако 56-годишната актерка веќе неколку месеци дискретно се гледа со гуруто за самопомош, извори тврдат дека нивната врска брзо се развива бидејќи се познаваат со години, и таа овој пат е сигурна во својата одлука.
Гласините за романтиката на парот во последните недели не престануваат да ги полнат медиумите, а изгледа дека врската, која наводно ја прифатил и нејзиниот најблизок круг пријатели, се движи кон трајна обврска.
„Џен и Џим се луди еден за друг, а таа е во фаза од животот кога е уморна од љубовни игри“, открил извор.
„Таа вложи сè во оваа романса и лесно е да се види зошто. Џим е душа од човек со неверојатна емпатија за потребите на Џен. Верува дека конечно го пронашла својот човек за цел живот.“
Изгледа дека Кертис од самиот почеток го дели нејзиното мислење. „Разговарале за заедничка иднина уште на првиот состанок“, објаснил добро информиран извор, додавајќи дека Кертис „јасно кажал од првиот ден“ колку е посветен на нивната врска.
За Анистон ова би бил трет брак, а наводно планира интимна и едноставна церемонија. „Возбудени се што ќе се венчаат и сакаат да си ги разменат заветите на плажа во Кабо, пред мала група блиски пријатели“, открил извор.
Нивната врска брзо напредува, а парот веќе бил виден на неколку патувања. Во јуни се повлекле во мирниот Ventana Inn во Big Sur, а кратко потоа се појавиле во јавноста за време на одмор на јахта во Шпанија за Денот на независноста. Фотографите ги фатиле како разменуваат нежности на палубата, без да се грижат за љубопитните погледи.
Кертис по враќањето дури пишувал за патувањето: „Се вратив од одмор, какво искуство!“ напишал тој. Осврнувајќи се на патувањето, додал: „Кога бев болен, тажен и во болка, никогаш не мислев дека ќе имам изобилство, радост и љубов кои сега ги доживувам секојдневно.“
Забава
AERO Street Food Festival 2025 – паркот „Авионче“ ќе биде центар на уличната гастрономија и на музиката

Од 5 до 8 септември, во паркот „Авионче“, општина Аеродром ќе се одржи првиот AERO Street Food Festival, настан кој ќе ги обедини најдобрите улични гастрономски брендови со урбана музичка програма и забавни активности за сите генерации, а влезот ќе биде бесплатен.
Гастрономската понуда ќе опфати храна од 4 кујни, А-американска, Е-европска, Р-регионална и О-ориентална. Посетителите ќе можат да дегустираат богат избор на специјалитети – од интернационални улични вкусови до автентични традиционални јадења. А покрај тоа ќе имаат можност да уживаат во извонреден избор на пијалоци по екслузивно достапни цени.
Фестивалот ќе се одржува секој ден од 17:30 до 00:30 часот и ќе понуди настапи на реномирани изведувачи: Рингтонс, Southpark, Breakdown band, Goce SAF, Dj Aleksandar Jordanov, DJ Marko, DJ Micov, DJ Shime, DJ Mono, DJ Foodieman, DJ Guardian и DJ Fico.
Понудата ќе биде составена од над 12 познати брендови за храна, меѓу кои: Jojo’s BBQ, Oljo’s, Fat Kitchen, Sorelle Focaccia, Lora’s Sushi, Bistro 64, 15 за 12, Milkey, Destan, Smash Burger, La Pizza, Ноа Гирадико и други.
Покрај музиката и храната, фестивалот ќе понуди и интерактивни предизвици за публиката, вклучувајќи натпревари во најбрзо јадење, квизови, трки и други интерактивни забавни активности со награди. Настанот ќе се реализира со поддршка од Општина Аеродром.
„Нашата цел е да создадеме настан кој ќе ги поврзе луѓето преку храната, музиката и заедничките моменти. AERO Street Food Festival е локална приказна по светски стандарди и ќе биде празник на вкусови, звуци и позитивна енергија“ – изјавија организаторите.