Забава
Атеизмот во Западна Европа се шири со голема брзина
Според социолозите, во Западна Европа последниве неколку години се случува „дехристијанизација“. Како еден од показателите за ваквите процеси го посочуваат фактот дека во последните 2 децении продадени се 500 римокатолички и протестантски цркви. Врз основа на податоците, половина од нив биле преиначени во други верски објекти, а другата половина во кафулиња или туристички комплекси.
Откако стивнаа коментарите за пожарот кој сериозно ја оштети Богородичната црква во Париз, меѓу кои беа и такви кои, според аналитичарите, укажуваат на тоа дека Европа суштински се „дехристијанизира“, нa платформата „Редит“ се актуелизираше картата на Европа која сведочи за порастот на бројот на атеисти.
Според оваа карта, најголем број на атеисти има во Чешка, дури 72 проценти. Во Норвешка има 62, а во Велика Британија 53%. Половина од Швеѓаните не се верници, а во Франција, 40 проценти од населението го чинат атеисти.
За разлика од Чешка, Словачка со која некогаш беа една земја, има само 12 отсто атеисти. По Чешка, најголем број на атеисти во однос на земјите од некогашниот источен блок има во Русија – 15 проценти. Полска има седум проценти, а во Србија и Грција има четири проценти граѓани кои не припаѓаат на ниедна религија. Според оваа карта, најмалку атеисти на Балканот има во Црна Гора, Македонија и Романија.
Многумина на резултатите од ова истражување на „Редит“, гледаат и со доза на скептицизам, но сопред познавачите несомнено е дека атеизмот расте поради кризата на религијата.
Социологот и научен советник, Зоран Милошевиќ, за „Спутник“ вели дека појавата на атеизмот не е нов, туку недоволно проучуван феномен.
„Едноставно, се истражува религијата и религиозноста, а атеизмот се остава настрана, особено на Балканот, но на пример во САД и во Русија, тоа темелно се проучува. Она што е забележливо во последниве години е значителното зголемување на бројот на официјално регистрирани атеистички организации, пред се во САД, Канада, Западна Европа, Австралија и Русија што укажува на фактот дека станува збор за добро организирано движење“, вели Милошевиќ.
Според него, постојат бројни причини за брзото ширење на атеизмот и слабеењето на религиите, особено христијанството. Милошевиќ вели дека во последната деценија римокатолицизмот и протестантизмот, често се поврзуваат со случаи на педофилија и голем број на финансиски скандали, кои на некој начин ги одвраќаат луѓето од црквата.
Падот на христијанската религија на Запад, тој ја гледа и во подемот на материјализмот.
Според Милошевиќ, од Француската револуција, Западот достигнал завидно материјално ниво, кое потоа станало пример и модел за луѓето од целата планета. Сепак, како што укажува тој, материјализмот и духовноста најчесто не одат заедно.
„Кога единствена цел на човекот е богатството, тој не размислува за духовниот концепт, туку се врзува за материјални цели кои траат колку што трае и неговиот живот. Тоа доведува до криза на религијата“, истакнува Милошевиќ.
Тој додава дека атеизмот се шири и во православниот свет, образложувајќи дека многу луѓе се декларираат како православни верници само бидејќи тоа го доведуваат во врска со нивната култура и идентитет, но во суштина не ги спроведуваат верските практики и начела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Инфлуенсерка го покажа своето тело откако ослабе 90 килограми
Инфлуенсерката Кери О’Кејн привлече внимание на социјалните мрежи со својата трансформација откако ослабе 90 килограми. Нејзините нови провокативни видеа наидоа на добар прием кај сите.
@kerriokane Needed more than a hug #fyp #foryoupage #viral #transformation ♬ original sound – music.rly
Како што самата откри, тежела 140 килограми и се чувствувала депресивно, па затоа решила да се подложи на операција на намалување на желудникот. На Кери ѝ требаше уште една година за да ја постигне својата цел и да покаже како изгледа по сите процедури.
@kerriokane Im back i broke my phoneeee #fyp #foryoupage #viral #gastricsleeve #transformation ♬ original sound – Akbar Gbajabiamila
На социјалните мрежи ја следат голем број луѓе, само на TikTok над 70 илјади, а добила и бројни лајкови кога го покажувала својот напредок од ден на ден. Видеата со снимки „пред и потоа“ дури и им донесоа солзи на очите на некои.
Покрај нејзиното тело, таа го промени и начинот на облекување, а не недостасуваа и коментари за поддршка.
Многумина се воодушевени од нејзината упорност, но и од нејзиниот зачудувачки изглед, со оглед на тоа што Кери сега често објавува жешки снимки на мрежите и предизвикува воздишки кај своите обожаватели.
„Ме мотивираш“, „Честитки“, „Сега изгледаш како божица“, „Пукаш од самодоверба“, беа дел од коментарите.
Забава
(Видео) Ја напаѓаа поради лошите перики: Сега им ја покажа својата природна коса
Актерката Никол Кидман е многу актуелна откако беше објавено дека се разведува од Кит Урбан по 19 години брак.
Брзо се проширија гласини дека Урбан веќе си нашол нова девојка, но Никол одби да коментира.
Со оглед на нејзиното неодамнешно појавување на Неделата на модата во Париз, Никол беше мета на негативни коментари за впечатливата перика што ја носеше, а сега реши да се смири со своите обожаватели.
Папараците ја фотографираа на аеродромот во Сиднеј, лежерно облечена, но и со нејзината природна виткана коса, и сите веднаш се согласија дека најмногу ѝ стои.
„Има толку убава коса, не знам што ѝ прават периките“, „Природната коса најмногу ѝ стои“, „Таа перика беше вистински неуспех“, „Има совршена природна коса“, беа некои од коментарите.
Да знаеше Никол Кидман како ќе реагираат луѓето на вештачките екстензии за коса и периката што ја носеше, веројатно никогаш немаше да го направи тој чекор. По пофалбите што ги доби за нејзината природна коса, дефинитивно сега ќе изгледа вака почесто.
Забава
(Видео) Голите фустани не се за секого: Инфлуенсерка проба неколку модели, па стана вирална
Трендот на голи фустани е позастапен од вообичаеното, а најмногу ги сака актерката Дакота Џонсон, која на некој начин ги направи познати.
Кога голите фустани за прв пат се појавија на црвениот тепих, имаше вистински „бум“. Потребна беше многу храброст за да се носат вакви модели, и тогаш и сега, но денес тие граници се малку поместени. Последната во низата што гордо прошета во еден од овие фустани беше Анџелина Џоли.
Ова ја поттикна и инфлуенсерката Дана Ричи да попушти и да проба некои модели, за кои навистина ви треба многу храброст.
„Како изгледа онлајн, а како во реалноста со трендот на голи фустани или како модните брендови ќе ме стават на црна листа… Златната дефинитивно ми е омилено, но не знам кога воопшто би го носела. Што мислите?“, напиша таа во описот на своето видео.
Инфлуенсерката проба златен, целосно транспарентен, а потоа и мрежест со цветни мотиви, кој сепак не ѝ се допадна.
„Опседната сум со злато“, рече таа, иако долната облека под неа беше јасно видлива.
Имаше модели со чипка, а имаше и фустан што личеше на рибарска мрежа. Едно е сигурно, за секој од овие модели ви треба многу храброст и самодоверба.
Видеото предизвика мешани реакции; имаше и такви на кои им се допадна, но и такви кои ги критикуваа нејзините избори и ѝ рекоа да се држи до некои природни материјали.

