Забава
(Аудио) Дилан, Спрингстин, Шакира… Зошто ѕвездите ги продаваат правата на своите песни?
„Времињата се менуваат“, oтпеа Боб Дилан во една пригода и секако дека е во право.
Музичарите сè повеќе ги продаваат правата на своите песни. Компанијата „Сони мјузик“ во понеделникот објави дека го купила целиот каталог на снимена музика на Боб Дилан од 1962 година до денес, а во договорот се вклучени и идните изданија и реизданија.
Цената не е објавена, но експертите проценуваат дека Дилан најверојатно добил околу 200 милиони долари.
Ова не е прва продажба на опусот на Дилан. Пред нешто повеќе од една година, тој ги продаде на „Јуниверзал“ авторските права на неговите песни (што се разликува од дискографски права) за наводно 300 милиони долари.
Добитникот на Нобелова награда за литература е само уште еден во низата музичари кои решаваат да ги продадат своите права на големите издавачки куќи и корпорации.
Непосредно пред 75-годишнината од раѓањето на Дејвид Боуви, неговите наследници си дадоа голем подарок продавајќи ги правата на целиот негов музички каталог. Тие добија 250 милиони долари за тоа, според списанието „Вараети“.
Опусот на Боуви, кој опфаќа шест децении креативност, вклучува повеќе од 25 студиски албуми со хитови како Space Oddity, Changes, Heroes и Let’s Dance. Сето ова сега припаѓа на Warner Chappell Music.
Брус Спрингстин го продаде целиот свој опус на „Сони“.
„Ред хот чили пеперс“, Шакира, Тина Тарнер и многу други, исто така, заработија значителни суми со откажувањето од правата на својата музика.
Резултатот е пад на продажбата на снимен материјал бидејќи луѓето сè повеќе се свртуваат кон стриминг музика на платформи како „Спотифај“ . Покрај тоа, има и пад на приходите од концерти поради пандемијата.
„Не можам да работам“, твитна американскиот кантавтор Дејвид Крозби пред една година, кога реши да ги продаде правата.„Стримингот ми ги украде парите од плочи… Имам семејство и хипотека и морам да се грижам за нив , така што тоа е мојата единствена опција.“
Откако ќе се продадат, тешко е да се вратат правата на една песна. Но, барем на краток рок, уметниците заработуваат големи пари. Медиумите шпекулираат дека рок-групата Red Hot Chili Peppers заработила околу 140 милиони долари од продажбата на правата на британската корпорација Hipgnosis.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам по обвинувањата од синот Бруклин
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, откако нивниот син Бруклин Бекам јавно ги нападна родителите и порача дека не сака помирување со нив.
Во интервју за „Мирор“, Снуп Дог, кој повеќе од 20 години е пријател со Дејвид Бекам, изјави дека тој е „семеен човек“ и дека без оглед на успехот, ништо не му е поважно од семејството. Тој додаде дека се надева оти Бруклин со текот на времето ќе се помири со родителите, за кои рече дека се длабоко погодени.
Снуп Дог нагласи дека ниту едно семејство не е совршено и дека притисокот е уште поголем кога семејниот живот е постојано под лупа на јавноста, но изрази уверување дека проблемите ќе бидат надминати.
Во својата објава, Бруклин Бекам ги обвини родителите дека се обидуваат да му го нарушат односот со сопругата Никола Пелц, а наведе и дека неговата мајка на свадбата во 2022 година „непримерено“ танцувала со него.
Диџејот на свадбата, Диџеј Фет Тони, кој гостуваше во емисијата „This Morning“ на ITV, инцидентот го опиша како „навистина непријатен“ и потврди дека Никола Пелц во солзи го напуштила приемот.
Забава
(Фото/Видео) Сидни Свини профитираше од својот сексапил, ја распродаде долната облека за само неколку часа
Се чини дека Сидни Свини реши да „заработи“ на своите луксузни облини и неодолив изглед, па лансираше линија долна облека наречена „Syrn“.
Линијата брзо стана глобален успех, а моделите на интимна долна облека беа распродадени во рок од неколку часа од нејзиното лансирање. Исто така, треба да се напомене дека контроверзното рекламирање на брендот вроди со плод, дополнително зголемувајќи ја неговата цена и популарност.
Самата колекција е комбинација од филмски гламур и женска сексапилност. Меѓу парчињата што се истакнуваат се чипканите корсети и долната облека што ја одразуваат старата холивудска естетика, по која е позната и самата Свини.
„Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Syrn ја слави самодовербата без притисок, тоа чувство да се биде секси, моќен, нежен, разигран или сите тие работи во ист ден.
Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и не наметнува ограничувања на никого“, изјави актерката за ELLE.
Забава
(Видео) Меланија Трамп блесна на премиерата на нејзиниот документарец
Меланија Трамп блесна на премиерата на документарецот „Melania: Twenty Days to History“ во Центарот Кенеди во Вашингтон. Нејзино друштво на црвениот тепих беше, секако, нејзиниот сопруг и претседател на САД Доналд Трамп.
THE PREMIERE OF "MELANIA" AT THE TRUMP-KENNEDY CENTER 🤩🍿pic.twitter.com/MEy6VLmcZW
— The White House (@WhiteHouse) January 30, 2026
Првата дама на САД одлучи да остане верна на својот специфичен моден израз за оваа пригода, и избра црн фустан од „Долче и Габана“. Станува збор за креација која претставува совршена комбинација од чиста елеганција и вечерна облека, а е украсена со здолниште со рамен крој и струкирано сако.
За да го „разбие“ овој деловен фустан и да го истакне струкот, таа додаде тенок ремен. Признаваме, овој моден детаљ ја однесе целата комбинација на следно ниво, а не треба да ги заборавиме и црните потпетици кои го заокружија стилот.
Ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената, а што се однесува до шминката – Меланија остана верна на нежните, невпечатливи тонови.

