Забава
Ања Тејлор-Џој научила англиски од книгите за Хари Потер
Ѕвездата од хит-серијата „Дамски гамбит“, Ања Тејлор-Џој, научила англиски преку „Хари Потер“.
Таа одбивала да учи англиски цели две години кога првпат се преселила во Лондон од Аргентина, но чичко ѝ ја убедил да го засака јазикот преку книгите.
„Сакав да си одам дома, а во мојот менталитет на шест-седум години мислев дека родителите ќе мора да ме вратат ако не го зборувам јазикот. Вујко ми ќе ме седнеше со книгите за Хари Потер и јас учев од овие книги“, рече таа додавајќи дека сакала да глуми кога имала само пет или шест години.
24-годишната актерка доби високи признанија од филмската критика за нејзината волшебна изведба на шахистка во хит-драмата The Queen’s Gambit („Дамски гамбит“) во продукција на „Нетфликс“.

Во серијата Ања Тејлор-Џој ја глуми Елизабет Хармон, харизматична генијална девојка која влегува во светот на шахот каде што доминираат мажите.
Наречена по шаховски потег, мини-серијата во седум епизоди го следи животот на шаховското чудо Елизабет, чиј талент е откриен од старателот во дом за деца без родители. Таа се стреми кон врвот на играњето шах на меѓународната сцена. Дејството во серијата се случува во педесеттите и шеесеттите години на минатиот век.
Новата серија на „Нетфликс“ е најдобро рангирана серија на оваа стриминг-платформа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Домашен лек кој прави чуда за болното грло
Засипнатост, печење и болка при голтање се најчестите знаци на грип, особено во зимските месеци.
Пред да посегнете по лекови, можеби веќе го имате решението во вашата кујна. Топла комбинација од мед, лимон и ѓумбир може да ја смири иритацијата и да го намали воспалението.
Медот допира до слузницата и ја смирува иритацијата, лимонот е богат со витамин Ц, додека ѓумбирот има антиинфламаторно дејство.
Во чаша топла (не врела) вода, додадете сок од половина лимон, лажица мед и неколку парчиња свеж ѓумбир. Оставете да отстои неколку минути и пијте полека, во голтки.
Експертите советуваат и пиење доволно течности и избегнување ладни пијалоци. Доколку болката трае подолго од неколку дена или ако имате висока температура, треба да се консултирате со лекар.
фото/Depositphotos
Забава
(Фото) Облините се тука, но тука е и нејзиното „старо“ лице: Дали убавицата ги отстрани филерите?
Парот кој сигурно привлече најголемо внимание уште од првиот ден од нивната врска – Кајли Џенер и Тимоти Шаламе, се појавија заедно на доделувањето на наградите БАФТА, а риалити убавицата се држеше до своето „правило“ и не сакаше да привлекува внимание кон себе кога беше во негово друштво.
Сакала или не, новинарите повторно ја бараат и секогаш кога се појавува со Тимоти, нивната врска станува главна тема.
Kylie Jenner and Timothée Chalamet win cutest couple at the EE BAFTA Film Awards 🥹 pic.twitter.com/FiDr0oXtlO
— Chicks in the Office (@ChicksInTheOff) February 22, 2026
На доделувањето на наградите БАФТА, Кајли блесна во црна елегантна тоалета украсена со големи циркони, меѓутоа, тоа не е она што им го привлече вниманието на сите. Нејзиниот природен изглед стана предмет на коментари, а многумина шпекулираа дека ги отстранила филерите од усните.
„Изгледа како порано“, „Изгледа помлада, но поприродна“, „Многу е поубава вака, како помлада верзија од себе“, беа некои од коментарите.
Timothée Chalamet and Kylie Jenner attend the EE BAFTA Film Awards. pic.twitter.com/z7hRoCYBjT
— 📸 (@metgalacrave) February 22, 2026
Кајли и претходно беше мета на коментари поради козметички корекции, а како што самата призна, почнала да прави корекции на усните како тинејџерка бидејќи била несигурна. Пред осум години таа тврдеше дека ги отстранила филери, но во меѓувреме се појавија сомнежи дека ги вратила.
Во секој случај, сега навистина изгледа дека филерите се отстранети и, судејќи според коментарите, конечно ја воодушеви публиката.
Забава
(Видео) Нова песна на Сара Мејс – „Не ме сакаш“
Македонската пејачка Сара Мејс го објави новиот сингл „Не ме сакаш“, придружен со видеоспот во кој глуми и познатиот актер Стефан Николовски.
Музиката и текстот се на Сара Мејс, а аранжманот, снимањето, миксот и мастерингот се изработени во JustRBProduction.

