Забава
БАФТА 2023: црвениот тепих низ фотографии

Холивудските ѕвезди присуствуваа на доделувањето на филмските награди на Британската академија за филмски уметности (БАФТА) во лондонскиот Royal Festival Hall во неделата вечерта.
Британските медиуми објавија неколку највпечатливи изданија на ѕвездите, кои се фотографираа на црвениот тепих пред да почне церемонијата.
Актерката Лили Џејмс, која врачи награда, ги сврте погледите на себе во фустан на Тамара Ралф со бисерно и кристално структурирано длабоко деколте.
Вајола Дејвис, ѕвездата на The Woman King („Жената крал“), беше номинирана за најдобра главна актерка.
Ѕвездата на „Тар“, Кејт Бланшет, и Остин Батлер од „Елвис“ добија награда за најдобра главна актерка и актер.
Мишел Јео беше номинирана за улогата во „Сè секаде одеднаш“ (Everything Everywhere All At Once).
Наоми Аки, која беше номинирана во категоријата ѕвезда во подем, ја глуми Витни Хјустон во биографскиот филм „Сакам да танцувам со некој“ (I Wanna Dance With Somebody).
Флоренс Пју беше номинирана во категоријата извонреден британски филм за „Чудото“ (The Wonder).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Харисон Форд јадеше чипс среде говорот на својата колешка и ги насмеа присутните

Актерот Харисон Форд (82) привлече внимание на синоќешното доделување на наградите САГ. За време на церемонијата на отворањето на доделувањето на наградите, легендарниот 82-годишен актер загризал чипс, што целосно ја збуни неговата колешка од „Shrinking“, Џесика Вилијамс, додека го држеше својот говор.
„Лос Анџелес е познат како град на соништата – и, навистина, сите мои соништа овде се остварија“, го започна својот говор Вилијамс.
Но, додека таа зборуваше пред камерата, Форд седеше зад неа и јадеше чипс, што и го одвлече вниманието. Таа збунето застана, се насмеа и извика: „Му реков да се сврти!“ Форд потоа се сврте кон масата и продолжи да јаде. „Не гледај!“, викна Вилијамс низ смеа.
Забава
Доделени наградите САГ: на најдобриот филм му предвидуваат и освојување на Оскарот

Психолошкиот трилер за изборот на нов папа, „Conclave“, триумфираше на 31-то доделување на САГ наградите во неделата, освојувајќи ја главната награда. По освојувањето на наградата БАФТА, многумина веруваат дека тој има добри шанси да добие Оскар.
Во телевизиските категории, епската серија „Shōgun“, сместена во феудална Јапонија, и комедијата „Only Murders in the Building“ освоија награди за најдобра драма и најдобра хумористична серија.
„Shōgun“ доминираше во ТВ категориите со вкупно четири награди, вклучително и награди за водечки актери. Хиројуки Санада и Ана Саваи ги добија наградите за најдобар актер и актерка во драмска серија.
Интересно е што ниту еден филм не освоил повеќе од една награда. Победата на „Conclave“ доаѓа во време на непредвидлива сезона на награди, во која контроверзите ги исфрлија од игра поранешните фаворити како „Emilie Pérez“. Филмот „Anora“, кој ја загуби главната награда од „Conclave“, сепак освои награди за режија и продукција, позиционирајќи се меѓу главните фаворити за Оскарите.
Но, имајќи предвид дека „Conclave“ сега ги освои и наградите САГ и БАФТА, се зголемуваат шансите овој филм за изборот на папата да триумфира на Оскарите.
Тимоти Шаламе (A Complete Unknown) и Деми Мур (The Substance) ги добија наградите за најдобар актер и актерка.
Наградата за најдобра споредна машка улога ја доби Киеран Калкин (A Real Pain), додека Зои Салдања (Emilia Pérez) ја доби наградата за најдобра споредна женска улога.
Забава
Секогаш подготвени за кавга, бесот им е второто име: овие хороскопски знаци можат да ги изгубат нервите поради ситница

Со сигурност можеме да ги наречеме кралеви на нервните сломови, нивното трпение секогаш е при крај, па дури и најмалата работа може да ги исфрли од рамнотежа.
Ако некогаш сте помислиле дека некој е премногу драматичен и дека ги губи нервите поради ситници, голема е шансата да припаѓа на еден од овие два хороскопски знаци.
Нивниот стрес, напнатост и емоционални реакции им се познати на сите околу нив.
Овен
Импулсивен, темпераментен и секогаш подготвен за борба, Овните немаат трпение за бавни луѓе, неправда или какво било доцнење. Кога нешто ќе ги исфрли од колосек, нема да морате да погодувате – ќе знаете веднаш.
Девица
Перфекционисти со високи стандарди, Девиците лесно ги губат нервите кога работите не одат според планот. Нивната потреба за ред и контрола ги прави чувствителни на хаос и несовршености.
Без разлика дали се работи за бесот на Овен или за пасивно-агресивна критика на Девицата, овие знаци навистина ја заслужуваат титулата кралеви на нервните сломови.