Забава
Бен Афлек не се одвојува од Џеј Ло дури и кога оди на интервју

Бен Афлек и Џенифер Лопез покажаа обединет фронт во средата пред неговото појавување во „Џими Кимел лајф!“ каде требаше да го промовира својот нов филм The Tender Bar.
Актерот и режисер (49) и латино-дивата (52) беа забележани држејќи се за раце додека одеа кон студиото во Холивуд доцна во ноќта.
Бен требаше да говори за својот најнов проект откако предизвика контроверзи по неговото гостување во „Вечерно шоу со Хауард Стерн“ во вторникот, кога рече дека почнал да пие бидејќи се чувствувал заробен во бракот со Џенифер Гарнер.
Иако се очекуваше Бен да разговара за претстојниот филм, The Tender Bar, кој е во режија на неговиот пријател Џорџ Клуни, тој следниот ден се најде на насловните страници, но не за филмот, туку за тоа што го кажа за пиењето.
Сепак, Лопез продолжи да го поддржува својот човек во јавноста додека го држеше за рака на пат кон студиото.
Актерот, кој повеќе пати бил на рехабилитација поради зависноста од алкохол, објасни дека чувството на заробеност придонело за пиење во последните денови од бракот со Џенифер Гарнер.
Тој раскажа како се чувствувал: „Не можам да заминам поради моите деца, но не сум среќен, што да правам? И она што правев беше да испијам шише скоч и да заспијам на каучот, што се покажа дека не е решение.“
Бен и Џенифер Гарнер се разделија во 2015 година, само еден ден по нивната 10-годишнина, а разводот го финализираа во 2018 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
По децении молк, Малкович проговори за романсата со Мишел Фајфер на снимање

Речиси четири децении по снимањето на култниот филм Опасни врски (1988), холивудскиот актер Џон Малкович откри дека се кае за аферата со својата колешка Мишел Фајфер. Во тоа време и двајцата биле во брак, а нивната романса од сетот се пренела и во приватниот живот, но врската брзо згаснала.
Гостувајќи во подкаст, 71-годишниот Малкович призна дека со таа врска го изгубил „сјајниот колега“ во Фајфер, која ја опиша како забавна, искрена и неверојатно коректна. „Јас тоа сигурно не бев“, додаде тој.
Актерот објасни дека со текот на времето научил да ја цени професионалноста над сè. „Кога односот ќе премине во нешто повеќе од колегијален или пријателски, тогаш ја губите шансата да имате вистински колега“, рече Малкович.
Како спротивен пример го наведе долгогодишното пријателство и соработка со актерката Ингеборга Дапкунаите, со која веќе 33 години останале блиски колеги, бидејќи „границата никогаш не била премината“.
Забава
Хороскопски знаци кои најтешко поднесуваат пораз во друштвени игри

Друштвените игри се забава за многумина, но не и за некои хороскопски знаци кои поразот го сфаќаат премногу сериозно.
Овен – импулсивни и натпреварувачки настроени, тешко ја кријат фрустрацијата кога губат.
Лав – гордоста им е на прво место, па поразот го доживуваат како лична навреда.
Шкорпија – страсни и интензивни, губењето го паметат долго и бараат реванш.
Јарец – на игрите гледаат како на стратегија и работа, па поразот им го руши чувството на контрола.
За овие знаци, друштвените игри лесно можат да завршат со нервоза наместо со забава.
Забава
Брачен пар по четири години откри кој бил мистериозниот гостин на нивната свадба

Британскиот брачен пар Мишел и Џон Вајли со помош на социјалните мрежи дознаа кој бил непознатиот човек што случајно се појавил на нивната свадба во Прествик пред четири години.
На фотографиите од венчавката се гледал висок, збунет маж во свечен костум, кого никој од гостите не го познавал. Подоцна било утврдено дека станува збор за Ендру Хилхаус, кој требало да присуствува на друга свадба, само два километри подалеку. Тој сфатил дека е на погрешно место дури кога невестата тргнала кон олтарот.
Ендру успеал да си замине дури по заедничката фотографија, а вистината ја открил четири години подоцна, кога преку Фејсбук стапил во контакт со младенците.
„Не можев да престанам да се смеам. Не веруваме дека го најдовме по толку време“, изјави невестата.