Контакт

Забава

Били Ајлиш згрозена од новата насловна на „Најлон“

Објавено пред

Били Ајлиш се пожали на новата насловна страница на магазинот „Најлон“, на кој тинејџерката е прикажана како ќелав киборг без маица, на што додава дека таа воопшто не дала согласност за овој приказ.

dobivaj vesti na viber

Германскиот „Најлон“ ја вклучи пејачката на својата насловна страница како една од трите дигитални чуда во музиката, кои ја редефинираат иднината на тинејџерските суперѕвезди.

Насловната страница е дизајнирана од страна на Марсел Ц. Викенс, кој ја претставува Били Ајлиш како натприроден фембот од иднината.

View this post on Instagram

? Welcome to the fucking full cover future ?@billieeilish is one of three cover stars for our new issue #8 on DIGITAL PRODIGIES, dropping this FRIDAY ⚡️⚡️⚡️ This issue is all different while still keeping our NYLON spirit alive: We asked fans to tell the stories of three digital prodigies who are redefining the future of being a Teen Superstar. What’s more: @madelame, @riconasty and @stefaniegiesinger talk transcending the Gen Z vibe and what encapsulates the struggle of growing up. Our conclusion? Nothing is impossible, which is why we‘re skiing in September and challenge 80s aerobic queens in contemporary fashion spreads. Plus: German-gone-US Pop prodigy @kimpetras sat down to give us her thoughts on everything from trans discrimination to making it big across the ocean. Are you as hyped as we are?? Tag who needs to see this & go grab a copy on newsstands on Friday ? Billie fembot designed & imagined by @e.memories, story by @_edditude_ & @robmic • • • EDIT ➡️ „To you, @billieeilish & your fans: For this cover, it was never our intention to create a look that is confusing or insulting to Billie Eilish. It was only ever our intention to honor Billies impact and her work by creating this avatar which is part of a cover series highlighting the power of digital prodigy artists. This avatar is a piece of 3D artwork created in dedication to her achievements and the positive effect she has had on millions around the globe – including us.“ • • • • • • • • • #billieeilish #cover #digitalcover #coverart #billie #eilish #wherearetheavocados #eilishfans #eyelashes #pirates #digitalprodigy #digitalart #virtualarts #artistsoninstagram #virtualgate #contemporaryart #billieeilishmusic #billieeilishvideo

A post shared by NYLON magazine germany (@nylongermany) on

Ајлиш изјави дека е многу лута поради тоа што таа воопшто не била консултирана.

„Воопшто не бев консултирана од страна на ‘Најлон’ за насловната. Ниту јас ниту некој од мојот тим знаеше за ова“, вели Били Ајлиш.

Пејачката е препознатлива по својот ескцентричен изглед и вели дека носи широка облека поради тоа што не сака да биде перципирана како сексуален објект и збеснала токму поради фактот дека артистот ја прикажува без маица.

„Правите слика од мене полугола, што не е вистинска? На моите 17 години? И уште ја ставате на насловна?“

„Дури и да е некоја си робот-верзија на мене, јас не дадов согласност за ова“, вели пејачката.

Били Ајлиш е една од најголемите и најбрзорастечки поп-ѕвезди во 2019 година, чиј гот-поп албум When We All Fall Asleep Where Do We Go се искачи на првото место на топ-листите во 19 земји вклучувајќи ги и Велика Британија и САД.

 

Забава

Роналдо и Георгина ќе се венчаат на родниот остров на фудбалерот

Објавено пред

Кристијано Роналдо и неговата свршеница Георгина Родригез, по девет години врска, планираат свадба. Според The Sun, парот ќе се венча летово по Светското првенство, на родниот остров на Роналдо, Мадеира.

dobivaj vesti na viber

Роналдо ја одбрал историската катедрала во Фуншал – најстарата црква во неговиот роден град, позната по својот резбан покрив. Славјето ќе продолжи во еден од луксузните хотели на островот.

Локацијата има лично значење за Роналдо: катедралата е блиску до болницата каде што е роден и до стадионот на неговиот прв клуб, Национал да Мадеира, каде што играл пред да премине во Спортинг.

Роналдо и Георгина се запознале во 2016 година во продавница на Гучи во Мадрид. Заедно имаат две ќерки, Алана (7) и Бела (3), а Роналдо има уште три деца родени од сурогат мајки: Кристијано Џуниор (15) и близнаците Матео и Ева Марија (8). Тој претходно изјави дека токму децата го поттикнале да ја запроси Георгина.

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото/Видео) Започна празничната сезона во Белата куќа, Меланија ја пречека новогодишната елка

Објавено пред

Меланија Трамп ја пречека овогодишната елка пред претседателската резиденција, официјално започнувајќи ја празничната сезона во Белата куќа – сезона за која таа често изразуваше фрустрација за време на првиот мандат на нејзиниот сопруг, пишува People.

dobivaj vesti na viber

Меланија (55) ја презеде елката од Korson’s Tree Farms од Мичиген, која оваа година ја освои титулата победник на национален натпревар и со тоа ја доби честа да го достави централниот празничен украс во Вашингтон. Korson’s Tree Farms ја освои титулата Grand Champion Growers за 2025 година, доделена од Националното здружение на божиќни елки во јули.

Речиси шест децении, победникот на ова натпреварување ја обезбедуваше официјалната божиќна елка за Белата куќа, а овогодишната беше лично избрана во септември од Дејл Хејни, надзорник на теренот на Белата куќа.

Пристигнувањето на елката значи дека Меланија наскоро ќе ја открие темата на празничните украси за 2025 година, кои беа предмет на критики за време на првиот мандат на Доналд Трамп. Откако се одлучи за традиционален стил во 2017 година, следната година таа направи многу похрабри чекори: 40 конусни елки во крваво црвена боја како дел од темата „Американски богатства“.

Необичниот избор брзо предизвика дебата на интернет. Некои ја споредија бојата и обликот на елките со црвените наметки од „Приказната за слугинката“, додека други потсетуваа на реката од крв од „Сјаењето“.

Контроверзноста се зголеми и со аудио-снимка од 2018 година, објавена две години подоцна од CNN, на која може да се слушне како Меланија се жали на одговорностите за украсување. „Работам како коњ на божиќни работи, а кого го интересираат божиќните работи и украси?“, рече Меланија на снимката.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

„Мислев дека ќе умрам од дрога и осаменост“

Објавено пред

Џејн Фонда неодамна се појави во подкастот „The Look“, каде што зборуваше за своето темно минато и чувствата на осаменост. Во интервју со Мишел Обама, поранешната прва дама на Соединетите Американски Држави, познатата актерка откри дека употребата на разни дроги ја обележала нејзината младост.

dobivaj vesti na viber

„Не сум зависник, но мислев дека ќе умрам од дрога и осаменост“, призна таа. „Фактот дека имам речиси 88 години е неверојатен за мене“, додаде таа.

Раното детство на Фонда беше обележано со трагедија, смртта на нејзината мајка, Френсис Форд Сејмур, што доведе до нејзина изолација од остатокот од светот. „Мајка ми почина кога имав 12 години“, објасни Фонда, додавајќи:

„И уште поневеројатно е што сега сум подобра. Фокусирана сум, се чувствувам исполнета и среќна сум. Сама.“

„Никогаш не се плашев од стареењето“

Во понатамошниот разговор, актерката го опиша својот животен пат, како и промените низ кои поминала.

„Никогаш не сум се плашела од стареење и што е поважно, не се плашам од умирање. Ова е почетокот на мојот последен чин.“

Водена од искуството на нејзиниот татко, вели таа, научила да ја прифати смртта како дел од животот. Таа исто така раскажа како била последната средба со нејзиниот татко.

„Го гледав татко ми како умира со многу жалење. Тоа беше важно разбирање на животот за мене, бидејќи ако не сакате да умрете со жалење, тогаш мора да го живеете последниот дел од вашиот живот на таков начин да нема жалење“, рече таа, додавајќи:

„Успеав да му кажам дека го сакам и дека му простив за, знаете, што и да се случи. И се надевам дека ќе ми прости што не бев подобра ќерка. Успеав да му го кажам тоа… И тој не рече ништо, само плачеше. Никогаш порано не сум го видела тоа. Никогаш не сум го видела татко ми да се расплаче.“

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 часа

Владата именува повереници за општините Маврово Ростуше, Гостивар, Центар Жупа и Врапчиште

Владата на денешната седница именува повереници за општините Маврово Ростуше, Гостивар, Центар Жупа и Врапчиште во кои што на локалните...

Свет14 часа

Украина се согласи на мировен договор со Русија, тврдат САД

Украина се согласи на договор за прекин на војната со Русија, при што остануваат само мали детали, изјави американски функционер...

Македонија14 часа

Уапсени директори и заменик министер за земјоделство: излажале дека недостасуваат пченица и јачмен вредни 780.000 евра

Полицијата денеска уапси пет лица осомничени за злоупотреба на стоковите резерви, излажале дека недостасуваат пченица и јачмен вредни 780.000 евра....

Македонија15 часа

Откажано утрешното рочиште за „Пулс“: Недостасуваат адреси од оштетени и нивни застапници

Утрешното судење за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица и околу 200 се повредени, е...

Македонија16 часа

Не е работа на бранителот да биде судска достава, забележаа адвокатите и побараа судот да им го достави интегрираното обвинение и на обвинетите за „Пулс“

Место воведни зборови од одбраната и изјаснување дали се чувствуваат виновни обвинетите за пожарот во кочанската дискотека “Пулс”, денешното второ...

Македонија17 часа

Мицкоски: 6.045 пристигнати апликации, најголем интерес за искористување на мерката за самовработување

Како Влада, силно веруваме дека економијата расте тогаш кога граѓаните имаат поддршка да создаваат, да иновираат и да стануваат претприемачи,...

Топ18 часа

42-годишник пронајден мртов кај селото Нераште: наредена е обдукција, ќе се вештачат траги најдени на местото

Обвинителството извести дека е извршен увид на лице место, дадени се повеќе насоки и наредби со цел откривање на сторителите...

Македонија19 часа

Голема полициска акција: претреси во Скопје, Куманово и на други локации

Во координација со Основното јавно обвинителство Скопје во тек е полициска акција со претреси во Скопје, Куманово и на други...

Европа20 часа

Зеленски пред тежок избор: планот на Трамп или несигурните Европејци, пишува Политико

Европските претставници вчера воздивнаа со олеснување, верувајќи дека разговорите во Женева вродиле со плод и дека Доналд Трамп ќе ги...

Македонија20 часа

Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење

Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата...

Европа20 часа

Би-би-си: Украинците би можеле да се согласат на изменет мировен план, Русите се друга приказна

Доналд Трамп силно сака мировен договор во Украина. Киев сака мир уште повеќе, но не по секоја цена, пишува Би-би-си...

Свет21 час

САД преговараат со Русите и Украинците: „Мора да бидеме сигурни дека Русите се согласуваат со ова“

Секретарот на американската армија, Ден Дрискол, пристигна во Абу Даби доцна синоќа на разговори со шефот на украинската воена разузнавачка...

Свет21 час

Венецуела до авиокомпаниите: Имате 48 часа да ги продолжите летовите или ќе ја изгубите дозволата

Венецуелскиот институт за авијација денес им соопшти на меѓународните авиокомпании дека мора да ги продолжат летовите до земјата во рок...

Свет22 часа

ОН: На секои десет минути жена е убиена од близок човек

ОН вчера соопшти дека минатата година речиси 50.000 жени и девојки биле убиени од интимен партнер, осудувајќи го недостатокот на...

Европа22 часа

(Видео) Зеленски испрати драматично предупредување: неколку часа подоцна, Русите брутално го нападнаа Киев

Русија синоќа започна жесток напад врз Киев и други украински градови, користејќи беспилотни летала „Шахед“ и балистички ракети „Кинжал“. Нападите...

Македонија2 дена

Мицкоски не знаел за инцидентот со Аца Лукас, но најави строга контрола на естрадата: Јасни се законите и правилата, секој мора да ги почитува

Премиерот Христијан Мицкоски од кого викендов на социјалните мрежи се бара извинување по приведувањето на српскиот пејач Аца Лукас во...

Македонија2 дена

Мораме да се срамиме и да црвениме пред Стразбур, вели Мицкоски откако судот најави отворање предмет за случајот на Јанкулоска

Мораме да се срамиме и да црвениме пред Стразбур, вели премиерот, Христијан Мицкоски, откако судот најави отворање предмет за случајот...

Топ2 дена

Уапсен 16-годишник од Охрид: силувал 12-годишно девојче, друг малолетник го снимал, а трет го уценувал девојчето

Денеска во 10:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 16-годишник од Охрид поради сомнение дека на 12.11.2025...

Топ2 дена

Бебе почина во Општата болница во Кичево: било донесено во тешка здравствена состојба

Вчера во 22:10 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на детското одделение при Општата болница во Кичево во тешка...

Македонија2 дена

„По налог на Груевски Мицкоски ја враќа државата деценија назад“, велат од СДСМ

„Македонија повторно се наоѓа во изолација. Наместо држава што чекори напред, со јасна европска перспектива, денес гледаме изолирана земја додека...