Забава
Бијонсе шик на 50-тиот роденден на Диди

Бијонсе беше на списокот со гости ѕвезди на прославата на 50-тиот роденден на Шон (Диди) Комбс во саботата.
23-кратната добитничка на „Греми“ изгледаше прекрасно во вечерен фустан со голем шлиц кога се појави на настанот со сопругот Џеј Зи.
Следниот ден Бијонсе на својот „Инстаграм“ сподели фотографии на кои позира пред својата куќа пред да замине на роденденската прослава.
38-годишната пејачка на себе има беспрекорен црн кадифен фустан што допира до земјата и голем шлиц до бутот. Фустанот е украсен со апликации во облик на сребрени листови над колкот и преку структурираното деколте.
Изгледот го дополни со долги вечерни ракавици, на кои стави авангарден прстен во облик на лист и слоевита дијамантска белезица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Диди ја одби спогодбата: Му се заканува доживотен затвор

Судијата Арун Субраманијан лично го праша музичарот дали ја одбил понудата на обвинителите. „Да, да, Ваша Чест“, одговори Комбс на сослушувањето.
Деталите за одбивањето не се објавени. Судењето започнува во понеделник со избор на порота, додека воведните зборови се закажани за 12 мај.
Комбс се соочува со доживотен затвор доколку биде прогласен за виновен по сите точки од обвинението.
Обвинителите тврдат дека познатиот продуцент со години принудувал жени на сексуални односи. Во обвинението се тврди дека тој водел криминална организација која систематски злоупотребувала повеќе жртви низ целата земја.
Еден од клучните сведоци ќе биде неговата поранешна партнерка, пејачката Кеси Вентура, која јавно го обвини за силување и долготрајна злоупотреба во 2023 година. Тој случај брзо беше решен надвор од судот, а деталите од спогодбата не се познати.
Адвокатите на Комбс најавуваат одбрана врз основа на тврдењето дека станува збор за „свингерски начин на живот“, што нивниот клиент не го сметал за проблематичен бидејќи, според адвокатот Марк Агнифил, тоа било „вообичаено и општествено прифатено во одредени кругови“.
За време на судењето се очекуваат исклучително шокантни сведоштва. Обвинителите најавија сведочења за „години физичко малтретирање, принудни сексуални маратони и повеќекратни силувања“.
Комбс е во притвор во Бруклин од неговото апсење во септември 2024 година. Тој беше уапсен откако властите ги претресоа неговите луксузни вили во Лос Анџелес и Мајами, каде што наводно беа пронајдени автоматски пушки АР-15 и илјадници шишиња лубрикант.
Се очекува судењето да трае помеѓу осум и десет недели.
Забава
Хју Џекмен позираше со Рајан Рејнолдс, фановите му порачаа да се дистанцира од него

Хју Џекмен предизвика низа реакции со објава на Инстаграм каде сподели фотографија на која позира со Рајан Рејнолдс, Шон Леви, продуцент на филмот „Deadpool & Wolverine“ во кој глумат Џекмен и Рејнолдс.
Додека некои следбеници даваа комплименти на екипата, некои му испратија на актерот предупредување за неговото пријателство со Рејнолдс, чија сопруга Блејк Лајвли моментално е среде кавга со актерот Џастин Балдони.
„Изгледаш одлично, но Рајан е во неволја. Можеби би било подобро да се дистанцираш од таа страна. Колку повеќе слушам за него и за Блејк, толку повеќе ми станува јасно дека треба да направиш пауза ако сакаш да ја држиш главата над вода“, „Ќе се правам дека не го видов ова, „Разочаран сум што Рајан е гнило човечко суштество”, беа само некои од коментарите.
Неодамна се појавија и гласини дека Џекмен и Тејлор Свифт би можеле да бидат повикани да сведочат на судењето меѓу Блејк Лајвли и Џастин Балдони. Можеби наскоро ќе добијат официјална покана.
Џекмен се најде во овој случај поради Рејнолдс и филмот „Deadpool & Wolverine“. Балдони претходно го обвини Рејнолдс дека го исмејувал во овој филм, со оглед на неговата соработка со Џекмен.
„Хју ќе мора да сведочи ако ова оди на суд. Нема шанси тоа да не се случи“, изјави претходно извор близок до него.
Забава
Британска водителка позираше во латекс, луѓето не можат да поверуваат колку години има

Британската водителка Аманда Холден ги привлече погледите за време на неодамнешното излегување во Лондон.
54-годишната Аманда се појави во кафен фустан од латекс, кој го комбинираше со ракавици во иста боја. Таа во комбинацијата додаде златни потпетици, накит и очила за сонце.
Следбениците често и пишуваат на познатата водителка на Инстаграм дека изгледа многу младо.
„Како е можно како што старееш да изгледаш подобро?“, ѝ пишуваат и често нагласуваат дека не можат да поверуваат дека Аманда има над 50 години.
Pogledajte ovu objavu na Instagramu.
Аманда Холден е британска телевизиска водителка, актерка и пејачка, најпозната како долгогодишен судија на „Британија има талент“, во која учествува од 2007 година.
Таа ја започна својата кариера како актерка, појавувајќи се во британски серии.
Аманда е во брак со музичкиот продуцент Крис Хјуз од 2008 година. Двојката има две ќерки: Лекси (19) и Холи (13). Пред тоа, Аманда беше во брак со комичарот Лес Денис од 1995 до 2003 година.