Забава
Би-би-си пишува за групната фотографија на потенцијални оскаровци
Холивудските ѕвезди во понеделникот беа наострени и спремни за традиционалниот оскаровски ручек, пренесува британски Би-би-си, а нивниот репортер Стивен Мекинтош пишува за неколку интересни работи што ги забележал на групната фотографија.
Како и секоја година, така и оваа, номинираните во сите категории се собраа на пријателско дружење и пријатен оброк. И на настанот не се канат само познати актери туку и номинирани кинематографери, тон-мајстори, костимографи и сите други вклучени во правење на филмовите.
Врвот на овој настан, секако, е голема групна фотографија за која позираат сите 162 номинирани.
А репортерот на британскиот јавен сервис „ја извлекол лупата и забележал неколку чудни и дискутабилни модни комбинации или избор на облека кај некои од присутните“.
Еве што забележал Стивен Мекинтош од Би-би-си:
Костумот на Квентин Тарантино веројатно останал на хемиско чистење

Барем да можеме да претпоставиме зошто се појави во црно-жолта маица за куглање додека останатите поканети носеа поформална облека.“
Деветтиот филм на овој режисер, „Беше еднаш во Холивуд“, има голем број номинации, вклучувајќи ја и онаа за Тарантино во категоријата најдобар режисер.
За групната фотографија тој стоеше позади актерот Леонардо Дикаприо, но уште едно познато лице беше веднаш до него.
Од левата страна на Квентин е Роберт де Ниро – а овие двајца се повторно заедно по повеќе од две децении кога работеа заедно на филмот „Џеки Браун“ во 1997 година.
Оваа година, Де Ниро беше потенцијален кандидат за улогата во филмот „Ирецот“. Иако не е номиниран за најдобар актер, тој присуствуваше како продуцент на филмот.
Овој пар личи како од замрзнато кралство

Ако сте меѓу бројните лица кои ги излуде до бесвест песната Let It Go (Пушти, нека оди) од филмот „Замрзнато кралство“, можеби ќе сакате да го прескокнете овој дел.“
Бидејќи она што кантавторскиот пар Кристен Андерсон-Лопез и Роберт Лопез не „пушта да замине“ е еден другиот. Дуото е номинирано за најдобра оригинална песна „Into The Unknown” за филмот Замрзнато кралство 2. Парот Лопез делуваат подеднакво вљубени еден во друг како и на нивната венчавка во 2003 година.
Бред Пит ужива во мир и тишина

Оваа групна форографија е најверојатно единствениот момент кога номинираниот за најдобра споредна улога можел малку да одмори.
На Пит наводно му барале селфиња повеќе од кој било друг на ручекот. А еве зошто – тој е топ-ѕвезда на Холивуд со враќање во голем стил во оваа сезона на делење награди, по неколку тешки години во приватниот живот.
Тој веќе освои награда на Златните глобуси и на Асоцијацијата на филмски актери (САГ) за најдобра споредна улога во „Беше еднаш во Холивуд“.
Овој човек навистина сака да добие Оскар

Толку многу што се помоли во себе во текот на свеченоста што се одржа во понеделникот.
Ив Пиат можеби звучи како име на новиот парфем на Сен Лоран, но во случајов говориме за режисер н афилмот „Фудбалкси клуб Нефта“, кој е номиниран за најдобар краткометражен игран филм.
Пиат ја освежи овогодишната групна фотографија, заземајќи место покрај статуетката Оскар со споени дланки како на молитва. Можеби со ова му се заблагодарува на Господ што е толку близу до Шарлин Терон, која стои веднаш пред него.
Скарлет Јохансон побегна од карфиолот
Ако некој навистина требаше да се појави на овогодишната групна фотографија тоа е Скарлет Јохансон бидејќи има две номинации.
За две различни улоги што ги имаше минатата година – „Приказна за брак“ и „Зајакот Џоџо“ – номинирана е за најдобра главна актерка и најдобра споредна актерка.
Но Би-би-си не ја обвинува што го прескокнала ручекот. Имено, оброкот се состоел од веганско сирење и салата од цвекло и цитрус како мезе, а главно јадење – маитаки печурки со зимски тиквички, карфиол и забранет црн ориз.
Таа не е единствената личност којашто клинка „Не одам“ на фејсбук-страницата на овој настан. Јоакин Феникс, Ентони Хопкинс, Антонио Бандерас, Адам Драјвер, Саоарс Ронан и Марго Роби не дојдоа.
Костимографите носеа импресивни дизајнирани облеки

Номинираните за најдобар костим или костимографија имаат предност ког астанува збор за облекување за свечени настани.
За оскаровскиот ручек, Сенди Пауел во потполност ја искористи светложолтата ткаенина што ѝ преостана од работата на филмот „Ирецот“. Пауел има работено со Мартин Скорсезе на неколку претходни филмови – Авијатичар, Иго, Затворен остров и Волкот од Вол Стрит.
Тука позира со Кети Бејтс, која е номинирана за надобра актерка и која носи очила за сонце за да нè потсети колку е убаво времето во Холивуд.
Двете најголеми актерски надежи на Обединетото Кралство оваа година го разведрија морето сиви костуми и досадни вратоврски.
Флоренс Пју, ѕвезда на филмот „Мали жени“, номинирана е за најдобра споредна улога и изгледаше едноставно, како по дома, стоејќи покрај холивудските ѕвезди во преубав портокалов фустан.
А ѕвездата на филмот Харијет, актерката Синтија Ериво, носеше дречливо зелена јакна што се согласуваше со нејзините зелени очила за сонце.
Таа упеа да одолее на искушението да стави зајачки уши позади Рене Зелвегер, која речиси сосема сигурно ќе победи во категоријата најдобра актерка за улогата Џуди Гарланд

Лора Дерн зеде слободен ден

Секоја година актерката Лора Дерн е задолжена за распоредување на луѓето во текот на заедничкото фотографирање.
Но оваа година дојде до мал конфликт на интереси, затоа што е една од номинираните.
Наместо да се занимава со мултитаскинг, оваа година Дерн реши да земе мал одмор.
„Се извинувам што годинава нема да можам да го работам тоа, иако многу сакам“, рече Дерн пред почетокот на ручекот. „Но постои убава причина зошто е така“, додаде таа.
Овогодишната фотографија изгледа… поинаку?

Првпат настанот оваа година беше преместен од хотелот Беверли Хилтон бидејќи тој се одржа порано од претходните.
Затоа Академијата ја изнајми балската сала Реј Долби во Лос Анџелес, а на истото место ќе се одржи и главната церемонија на 9 февруари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Концерт на „Нокаут“ на 9 мај во СЦ Јане Сандански
„Нокаут“ ќе слави 30 години постоење со концерт на 9 мај, со почеток во 21 часот, во СЦ Јане Сандански.
Пере и дружината ќе ја прошетаат публиката со својата “временска машина“ низ историјата на нивното постоење, преку концертната изведба на нивните најголеми хитови… Од Еј Би Си, Временска машина, Би се викал те сакам, Телефонскиот број не постои, Hi Fi, Мене ми припаѓаш, Сонувам Диско, Илјада причини за крај, Позитиво, Да си тука вечерва, Кога ме сакаш ти, Лебедот бел, Знаеш каде да ма најдеш…..
Бендот најавува фантастично аудиовизуелно шоу, збогатено со специјални ефекти и „луда“ забава до максимум. Фасцинантната овална сцена, концертен ринг сместен на самиот центар во средината на салата, моќно озвучување кое создава звучна магија, лајт шоу и светлосни ефекти кои приредуваат волшебство од бои и голем лед екран сместен на плафонот од сцената, за прв пат СЦ Јане Сандански ќе го претворат во вистинска музичка арена. Нокаут – 360 степени, концертен спектакл во кој ќе можете подеднакво да уживате со поглед од сите трибини.
Концертниот јубилеј со своите настапи ќе го збогатат и специјалните гости на бендот, Игор Џамбазов, Дарко Гелев Брејк, Дупер, Дарко Димитров, Дамјан Пејчиновски и уште многу други музички изненадувања.
Билетите знаете каде да ги најдете од среда, 18 февруари на www.wayin.mk.
Забава
(Фото/видео) Џипот од 500.000 евра на Бака прасе изгоре во Белград
Луксузниот Мерцедес вреден половина милион евра, во сопственост на еден од најпознатите регионални инфлуенсери, Богдан Илиќ, попознат како Бака прасе, изгоре во Белград синоќа околу 3:30 часот, јавија српските медиуми.

Пожарот бил изгаснат во рок од пет минути, но има голема материјална штета.
Според достапните информации, внатрешноста на возилото е целосно уништена, а топлината ги скршила и прозорците. Бака прасе го купи скапиот автомобил, кој го нарече „бесна машина“, пред три години, и еднаш изјави дека се кае за купувањето.

Кратко по инцидентот, инфлуенсерот објави видео од уништеното возило. Тој се обиде целата ситуација да ја претвори во шега, објавувајќи лажен оглас за продажба на автомобили.
„Оглас за автомобил, Brabus 800 4×4. Прв сопственик, баба го возеше на пазар. Година 2022, малку исполиран и како нов. Во возна состојба, ентериер по нарачка. Заинтересиран сум за DM“, рече тој.
@bakaprase Hitna prodaja 🙏
Причината за пожарот сè уште не е позната, но Telegraf.rs пишува дека првите резултати од истрагата укажуваат дека пожарот бил подметнат. Се сомнева дека автомобилот бил полеан со запалива течност, а потоа запален.
Истрагата е во тек.
фото/депозитфотос
Забава
(Видео) Раскошните облини на бразилските жени повторно го освојуваат светот: И никој не е имун на нив
Магичниот Рио де Жанеиро привлекува голем број туристи секоја година, особено за време на традиционалниот карневал во Рио, кога брзо станува центар на светот, но и на добрите забави.
Овогодинешниот карневал започна на 13 февруари и ќе трае до 21 февруари, а посетителите на овој спектакл ќе имаат можност да уживаат во звуците на самбата, огнените и енергични танцови движења на учесниците, како и во раскошните облини на познатите бразилски жени.
Во овој период, танчерките ќе парадираат по улицата Маркес де Сапука секоја вечер, а жителите на Бразил, како и бројните туристи, внимателно ќе ги следат од сите страни.

