Забава
Би заработувал и до 5.000 евра на ден: Милош Биковиќ добива отштета затоа што бил отстранет од серијата на ХБО
Продуцентите на серијата „Белиот лотос“, во чија трета сезона требаше да игра Милош Биковиќ, ќе треба да му платат на српскиот актер дел од хонорарот.
Биковиќ добива дел од хонорарот од неколку милиони динари, односно меѓу 30.000 и 50.000 евра.
„Случајот на Биковиќ може да се спореди со ситуацијата кога Џони Деп ја загуби улогата во „Пиратите од Карибите“ бидејќи имаше негативен публицитет. Тој секако има право и може да бара отштета затоа што планирал да го направи тоа и ги откажал сите други работни обврски. Хонорарите за вакви улоги се од 3.000-5.000 евра дневно на снимање. Договорот на актерот го обврзува да учествува во самото снимање, но и во промоцијата на серијата која трае неколку месеци. Помалите улоги на вакви серии се платени од 25.000 до 100.000 евра“, вели соговорник кој се занимава со продукција на играни содржини.
„Чест ми е што сум избран да бидам дел од „Белиот лотос“, ТВ серија која многу ја почитувам и со колеги кои многу ги почитувам. Сепак, моето учество во неа не е можно од причини надвор од доменот на културата и нема да се поклонам на наратив кој го загрозува мојот интегритет. Сакам да им се заблагодарам на сите што беа со мене, а на колегите им посакувам голем успех во новата сезона. И покрај се, сепак верувам дека уметноста лечи и може да го обедини човештвото. Затоа, моите убедувања и мојата посветеност на уметноста ќе останат непроменети“, изјави за медиумите актерот Милош Биковиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Галеб се судри со новинарска додека снимаше репортажа и ја повреди
Репортерката Џесика Тајсон снимала репортажа во деловниот кварт на Окленд, Нов Зеланд, кога ѝ се случила сосема бизарна ситуација: галеб ѝ се забил во лицето и предизвикал крварење кај окото.
32-годишната новинарка сепак ги насмеа сите со својата реакција, а видеото го објави самата на својот Инстаграм профил.
View this post on Instagram
„Само се обидувам да си ја работам работата додека природата има други планови“, напиша таа со објавата и предизвика бројни реакции во коментарите.
Виралното видео брзо собра повеќе од 200 илјади прегледи и шест илјади лајкови во рок од неколку часа.
„Можеме ли да се смееме или е прерано?“ пишува во коментарот под објавата.
„Да, се смеев околу 10 минути откако се случи, хахаха“, додаде таа.
Забава
Џорџ Клуни: Децата ги добив многу доцна и поради тоа ми е многу полесно
Прославениот холивудски глумец Џорџ Клуни (64) веќе повеќе од една деценија ужива во бракот со адвокатката за човекови права Амал Клуни (47), со која пред осум години ги доби близнаците.
Тој е среќен што во улогата на татко се остварил подоцна од своите врсници.
Глумецот дал пократко интервју за „Тајмс“ во кое зборувал за тоа како луѓето најчесто мора да жртвуваат време поминато со семејството за да се посветат на работата и да градат кариера, што нему не му се допаѓа.
„Но погледнете ме мене, мене ми е полесно. Децата ги добив многу доцна и така потоа можев да поминувам многу повеќе време со нив. Кога сте млади, тоа е многу тешко“, рекол Клуни.
И Џорџ и Амал се трудат да им обезбедат мирно детство, далеку од медиумите и сите холивудски случувања, па животот во Лос Анџелес го замениле со фарма во Франција.
„Бев загрижен околу одгледувањето на нашите деца во Лос Анџелес. Чувствував дека никогаш нема да добијат фер шанса во животот. Културата во Франција многу се разликува од американската, таму на луѓето не им е грижа за славата. А јас не сакам нашите деца да ги споредуваат со децата на други славни личности“, заклучил тој.
Забава
Три хороскопски знаци ќе имаат најголеми финансиски проблеми оваа зима
Зимските месеци носат поголеми трошоци и финансиски притисоци, а според астрологијата, три хороскопски знаци особено ќе се соочат со проблеми и ќе мора да внимаваат на секој денар.
Близнаци – поради импулсивно трошење и променливо расположение тешко се држат до буџет и лесно влегуваат во финансиски потешкотии.
Лав – сакаат удобност и раскош, па често трошат повеќе отколку што можат. Тешко признаваат финансиски проблеми, што доведува до ненадејни ограничувања и стрес.
Риби – великодушни и емоционални, често трошат за себе и за другите без јасен план. Зимата им носи дополнителен стрес поради неорганизирано финансирање.

