Забава
Борис Бекер го продава имотот вреден милиони, но никој не сака да го купи

Имотот на поранешниот славен тенисер и поранешен тренер на Ѓоковиќ, Борис Бекер, во Мајорка, се продава со години, со сегашна цена од 10,5 милиони евра. Сепак, Џорџ Берес, Германец што живее на овој имот изминативе 18 месеци, тврди дека никој не сака да го купи.
Огромниот имот на поранешниот тенисер, кој некогаш личел на замок, сега е запуштен.
Гореспоменатиот Германец Берес моментно престојува таму и се грижи за коњите и козите оставени на имотот на Бекер бидејќи поранешниот градинар ги отфрлил.
Берес изјавува дека планира да остане на имотот следните десет години и да го нарече „Недојдија“, како што се викаше имотот на покојната поп-ѕвезда Мајкл Џексон.
Имотот на Бекер веќе не изгледа луксузно како на фотографиите што сè уште се појавуваат на веб-страницата на агенцијата за недвижности.
„Тие сепак сакаат да го продадат, цената е 10,5 милиони евра. Тоа е смешно. Но, никој не сака да го купи“, рече Берес.
Борис Бекер, кој му беше тренер на Новак Ѓоковиќ, со години не може да се справи со финансиските проблеми. Пред две години тој банкротира.
Имотот на Елон Маск во Тесла порасна за 1.7 милијарди долари
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Снимка од настап на Лејди Гага стана вирална, микрофонот и се расипа среде песна: „Барем знаете дека пеам во живо!“

Лејди Гага доживеа незгода за време на нејзиниот настап на вториот викенд на фестивалот Коачела. Среде изведување на песната Абракадабра, на пејачката и се расипа микрофонот, но таа продолжи да пее.
Некој од публиката објави видео од незгодата на Икс. На видеото Гага им се обрати на присутните коментирајќи го инцидентот. „Простете ми што накратко ми се расипа микрофонот… Барем знаете дека пеам во живо!“, се пошегува таа.
Забава
Познатата манекенка отворено зборуваше за естетските зафати кои ги имала

Манекенката Кристи Бринкли (71) продолжува да привлекува внимание со својот младешки изглед, а сега отворено проговори за естетските третмани на кои повремено се подложува, нагласувајќи дека нејзиното здравје е поважно од совршената кожа.
Во интервју за „Пипл“, таа откри дека користи ласерски третмани, повремено се одлучува за филери и дека ботоксот не и е непознат. Сепак, Бринкли тврди дека нејзината цел не е целосно да ги избрише знаците на стареење: „Најчесто правам ласери. Не се обидувам да се ослободам од секоја брчка“, рече таа.
„Пробав филери и одам на лекар, но не сакам да изгледам испеглано или вештачко. Неодамна направив Fraxel затоа што имав рак на кожата – тој третман помага да се отстранат преканцерозните клетки. За мене тоа сега е повеќе здравствен проблем”, додаде таа.
Бринкли, чија автобиографија Uptown Girl излегува на крајот на април, претходно нагласи дека не сака да ги избрише сите траги од животот од нејзиното лице: „Сакам да задржам неколку брчки. Тоа е мојот начин да го прифатам стареењето“.
Покрај ласер, таа признава дека двапати користела ботокс, но не била воодушевена: „Моето чело изгледаше мазно, но првиот пат веѓата ми се спушти. Не ми беше удобно“.
Денес, таа користи инјекции само еднаш годишно, за фините линии околу устата. „Сега сум повеќе во ред со тоа што работите остануваат такви какви што се“, рече таа.
Забава
Мадона сними видео за „Тик-ток“ со своето момче, го покажа лицето без шминка

Мадона (66) објави видео на „Тик-ток“ со нејзиното момче Аким Морис (28).
Во видеото, пејачката и нејзиното момче го рекреираат танцот од серијата „Принцот од Бел-Ер“. Во видеото Мадона нема шминка на лицето.
@madonna 👀 #fyp ♬ Anxiety – Doechii
Мадона ја објави нивната врска на Инстаграм во јули минатата година кога објави фотографии од нив на социјалните мрежи. Тие, наводно, се разделиле во октомври 2024 година, но брзо се помириле.