Забава
Бразилска инфлуенсерка има совршено женско тело според вештачката интелигенција
Бразилската инфлуенсерка Карол Розалин (25) е прогласена за сопственичка на совршеното женско тело според анализата на вештачката интелигенција.
Плејбој Австралија пишува дека вештачката интелигенција и ја доделила титулата „совршена десетка“ земајќи ги предвид факторите како симетријата, пропорциите, здравјето и физичката сила. Розалин својата фигура ја припишува на здравата исхрана и редовниот тренинг во теретана.

„За мене веќе е победа кога ги гледам резултатите во огледало. Неверојатно е чувството да те препознаат како жена во совршена форма“, изјави Карол за споменатиот магазин. Таа додаде дека почнала да тренира пред осум години, а денес тренира со тегови пет дена во неделата и секој ден посетува часови по аеробик.
Таа рече дека нејзината исхрана главно се состои од овошје, зеленчук, овесна каша и пилешко. За појадок, вели таа, јаде две пржени јајца, папаја, ананас, овес и цимет, а на крајот пие кафе.

Сепак, фитнес експертот Бен Лукас предупредува дека нејзината фигура не треба да се припишува само на тренинзите и исхраната.
„Генетиката и начинот на живот играат голема улога во обликот и типот на телото. Важно е да се нагласи дека има многу „совршени“ типови на тело. Мислењата се субјективни, а концептот за совршено тело сам по себе е релативен“, рече Лукас, додавајќи дека „нема сите жените да изгледаат исто ако се држат до нејзиниот режим“. Инаку, Лукас е сопственик на студио за фитнес и јога во Сиднеј и има соработувано со бројни познати личности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам по обвинувањата од синот Бруклин
Снуп Дог застана во одбрана на Дејвид Бекам и Викторија Бекам, откако нивниот син Бруклин Бекам јавно ги нападна родителите и порача дека не сака помирување со нив.
Во интервју за „Мирор“, Снуп Дог, кој повеќе од 20 години е пријател со Дејвид Бекам, изјави дека тој е „семеен човек“ и дека без оглед на успехот, ништо не му е поважно од семејството. Тој додаде дека се надева оти Бруклин со текот на времето ќе се помири со родителите, за кои рече дека се длабоко погодени.
Снуп Дог нагласи дека ниту едно семејство не е совршено и дека притисокот е уште поголем кога семејниот живот е постојано под лупа на јавноста, но изрази уверување дека проблемите ќе бидат надминати.
Во својата објава, Бруклин Бекам ги обвини родителите дека се обидуваат да му го нарушат односот со сопругата Никола Пелц, а наведе и дека неговата мајка на свадбата во 2022 година „непримерено“ танцувала со него.
Диџејот на свадбата, Диџеј Фет Тони, кој гостуваше во емисијата „This Morning“ на ITV, инцидентот го опиша како „навистина непријатен“ и потврди дека Никола Пелц во солзи го напуштила приемот.
Забава
(Фото/Видео) Сидни Свини профитираше од својот сексапил, ја распродаде долната облека за само неколку часа
Се чини дека Сидни Свини реши да „заработи“ на своите луксузни облини и неодолив изглед, па лансираше линија долна облека наречена „Syrn“.
Линијата брзо стана глобален успех, а моделите на интимна долна облека беа распродадени во рок од неколку часа од нејзиното лансирање. Исто така, треба да се напомене дека контроверзното рекламирање на брендот вроди со плод, дополнително зголемувајќи ја неговата цена и популарност.
Самата колекција е комбинација од филмски гламур и женска сексапилност. Меѓу парчињата што се истакнуваат се чипканите корсети и долната облека што ја одразуваат старата холивудска естетика, по која е позната и самата Свини.
„Сакав бренд за долна облека што навистина ги разбира жените. Syrn ја слави самодовербата без притисок, тоа чувство да се биде секси, моќен, нежен, разигран или сите тие работи во ист ден.
Имав јасна визија, сакав нешто што функционира во реалниот живот и не наметнува ограничувања на никого“, изјави актерката за ELLE.
Забава
(Видео) Меланија Трамп блесна на премиерата на нејзиниот документарец
Меланија Трамп блесна на премиерата на документарецот „Melania: Twenty Days to History“ во Центарот Кенеди во Вашингтон. Нејзино друштво на црвениот тепих беше, секако, нејзиниот сопруг и претседател на САД Доналд Трамп.
THE PREMIERE OF "MELANIA" AT THE TRUMP-KENNEDY CENTER 🤩🍿pic.twitter.com/MEy6VLmcZW
— The White House (@WhiteHouse) January 30, 2026
Првата дама на САД одлучи да остане верна на својот специфичен моден израз за оваа пригода, и избра црн фустан од „Долче и Габана“. Станува збор за креација која претставува совршена комбинација од чиста елеганција и вечерна облека, а е украсена со здолниште со рамен крој и струкирано сако.
За да го „разбие“ овој деловен фустан и да го истакне струкот, таа додаде тенок ремен. Признаваме, овој моден детаљ ја однесе целата комбинација на следно ниво, а не треба да ги заборавиме и црните потпетици кои го заокружија стилот.
Ја стилизираше косата на наједноставен начин – се одлучи за брановидна фризура што паѓаше по рамената, а што се однесува до шминката – Меланија остана верна на нежните, невпечатливи тонови.

