Забава
Бред Пит во интервју се навраќа на својата прва голема улога
Бред Пит им е благодарен на Ридли Скот и Џина Дејвис за тоа што го одбрале него за улогата на шармантниот автостопер во „Телма и Луис“, но признава дека не му се допаѓа неговиот висок глас во филмот.
„Немав што да покажам за себе, освен мојата претходна работа, и тие ми дадоа шанса“, рече 56-годишниот актер во интервју за списанието „Сан“ објавено во саботата. Иако е благодарен за улогата со која практично се проби во Холивуд, Пит призна дека не му се допаѓа бојата на неговиот глас.
„Свесен сум за тоа колку е висок мојот глас во филмот. Веројатно сум бил многу стегнат“, се пошегува оскаровецот.

Пит исто така верува дека продуцентите на филмот од 1991 година морале да брзаат да најдат актер за улогата на автостопер поради планот на продукцијата.
„Тие веќе почнаа да го снимаат филмот, и една недела потоа веќе бев на сет, работев“.
А на последната аудиција за „Телма и Луиз“, Бред налетал на пет други актери, од кои едниот бил Џорџ Клуни.
Бред вели дека Џина Дејвис, една од двете главни протагонистки во мегахитот, го извлекла од клупата на која седеле кандидатите.
„Еј русокос…здраво“, директно му се обратила Џина кога ги видела шесттемина.
Џина Дејвис и Сузан Сарандон беа главните ѕвезди во овој филм на Ридли Скот. Пит глуми момче што тие попат го собираат, па завршува во кревет со Џина Дејвис и на крајот и ги ограбува. Токму таа улога беше пресвртница за холивудскиот шармер. Филмот се снимаше во 1990 година, а премиерно почна да се прикажува во киносалите во пролетта 1991 година.

Во долгото интервју за списанието „Сан“, Пит се осврна и на неговото доаѓање во Холивуд и почетоците на неговата филмска кариера. Призна дека го прекинал школувањето и се преселил во Холивуд со речиси празна банкарска сметка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

