Забава
Бред Пит во лежерно издание по малата победа во битката за старателство

Холивудскиот шармер беше забележан во Холивуд во средата додека излегува од продавница за тако, облечен во стилска маслинесто-зелена јакна и фармерки и разговара на својот телефон.
Пит (56) неодамна постигна мала победа во судската битка за старателство над децата со поранешната сопруга Анџелина Џоли (45), која бараше изземање на судијата Џон Удеркирк од случајот.
Џоли безуспешно се обидувала да го отстрани судијата од нивната долготрајна бракоразводна постапка, според судските документи до кои дојде „Дејли мејл“.
Џоли поднела барање за изземање на судијата Џон В. Удеркирк тврдејќи дека тој не ѝ открил оти има деловни и професионални односи со адвокатскиот тим на Пит и поради тоа, смета дека не е фер да претседава со нивната бракоразводна постапка.
Сепак, судот на Калифорнија донесе одлука дека Одеркирк ќе остане на случајот.
Анџелина и Бред – кои се венчаа во 2016 година, но се разделија две години подоцна – имаат шест деца – Медокс (19), Пакс (16), Захара (15), Шило (14) и близнаците Нокс и Вивиен (12).
Горчлив развод: Битката на Пит и Џоли за старателство врз нивните шест деца сè уште трае.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Се враќа од 90-тите: кафеавиот кармин е новиот хит на летото

Овој ретро класик, кој нè враќа во златните 90-ти и почетокот на 2000-тите, сега се враќа со стил – и освојува сè, од „Тик-ток“ до црвениот тепих.
Природни нијанси, земјени тонови, вибрации на кафеав шеќер… кафеавиот кармин станува ваш нов омилен избор, без разлика дали излегувате на кафе, на состанок или на летен фестивал.
Зошто кафеавата боја е толку модерна?
Затоа што е неочекувана. Затоа што совршено се вклопува со тенот, без напор ги нагласува усните и дава елегантно смирена атмосфера – тој изглед „не се потрудив премногу, но сепак изгледам совршено“. Бонус? И одговара буквално на сите, само треба да ја изберете вистинската нијанса.
Ако имате светла кожа – пробајте посветли, беж-капучино тонови или розово-кафеави варијации кои изгледаат природно и меко.
Ако имате среден до темен тен – чоколадните, карамелизираните или кафеаво-црвените тонови ќе ви изгледаат фантастично и дополнително ќе ги истакнат вашите усни.
Како да го носите?
За дневен, чист девојачки изглед – нанесете тенок слој кафеав кармин, малку маскара и лесен бронзер. Готово за 5 минути, и изгледате свежо и стилски!
За вечер – создадете smokey eye во топли тонови (црна, чоколадна, бронзена) и оставете карминот да ја заврши останатата работа. Ефектот „wow“ е загарантиран.
Мат наспроти сјаен
Сакате нешто што трае цел ден (и ноќ)? Мат кафеавиот кармин е ваш сојузник – елеганција со карактер и нула шанса за размачкување.
Преферирате природен сјај? Сјајните варијанти во кафеави тонови изгледаат сочно, женствено и совршено за летна вечер со коктел во рака.
Совет за убавина: Комбинирајте кафеав кармин со златни обетки, лабава коса и големи очила – и бидете ѕвезда на секоја приказна!
Забава
(Фото) Ќерката на познатата актерка ја засени својата мајка: толку многу природна убавина на една слика

Џесика Алба и нејзината 17-годишна ќерка Онор се појавија во прекрасни комбинации на свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција.
Најстарата ќерка на актерката Џесика Алба (44), тинејџерката Онор, ги воодушеви сите со својата убавина на нејзината најнова фотографија објавена на Инстаграм, на која привлече поголемо внимание дури и од нејзината мајка.
Додека нејзината мајка се смета за една од најубавите природни актерки, 17-годишната Онор, која ја доби со поранешниот сопруг Кеш Ворен, со кого има уште две деца, е нејзина слика и прилика. Таа се појави со својата позната мајка на свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез во Венеција.
За оваа свечена пригода, за која целиот свет зборува, а свадбата беше наречена „свадба на деценијата“, Џесика носеше елегантен смарагдно зелен фустан од дизајнерот Зухаир Мурад, чиј долен дел е направен од тил и е проѕирен. Нејзината наследничка беше во беж фустан чиј горен дел е во форма на корсет, а долниот дел е направен од цветни шари.
„Прекрасна си“, „Овде се гледаат многу силни гени“, „Многу личите“, „Најубавата жена на светот“, „Убава во зелено“, „Каква мајка, таква ќерка“, гласат коментарите, а еден корисник на Инстаграм праша која е „пријателката“ на Џесика.
Забава
(Фото) Папараците повторно снимија интересна сцена на плажата во Марбеља

Се чини дека Ева Лонгорија живее на плажите во Марбеља, бидејќи папараците повторно ја фотографираа во атрактивно бикини.
Eva Longoria rocks cheeky pink bikini on Spain beach after skipping Jeff Bezos and Lauren Sánchez’s wedding https://t.co/XD2cQGFyq2 pic.twitter.com/QM7hGFAEcl
— Page Six (@PageSix) June 30, 2025
Омилената џебна Венера ги поминува жешките летни денови во костим за капење и, судејќи според фотографиите, нема намера да го соблече до крајот на летото.
Неодамна беше фотографирана во минијатурно розово бикини кое ги истакнува сите нејзини облини, а со оглед на тоа што неодамна наполни 50 години, можеме слободно да кажеме дека совршено ѝ стои!
Покрај тоа, го истакна нејзиниот рамен стомак, но и градите кои горниот дел од бикинито едвај ги држеше. На својот стајлинг додаде шапка, за да се заштити од сонцето, но и црни очила за сонце, за да се заштити од фотографите…