Забава
Бред Пит еден од најголемите заводници
Пред Џенифер Анистон (49), Бред Пит (55) беше еден од најголемите заводници на Холивуд. Американскиот актер, по 17 врски, сега ја сака актерката Шарлиз Терон (43).
Иако се обидоа да ја кријат својата врска, сепак се откри дека се заедно помалку од еден месец, пишува „Сан“, а понатаму следува листата на сите жени што ги сакал Пит.
Актерката Џил Шолен (55) прва ја имаше можноста да го сака Бред три месеци, во текот на кои дури и се свршија. Но кратката врска заврши кога Џил го снимаше филмот „Фантом на операта” во Будимпешта.

Џина Дејвис (62) и Бред се гледаа тајно. Тие никогаш не одеа заедно на црвениот килим, ниту, пак, јавно излегоа со својата врска. Двајцата заедно соработуваа во 1991 година на „Телма и Луиз”, кој на крајот стана филм што Бред го лансира како сексуален симбол.

Бред потоа беше во врска со британската пејачка Синита (49). А на крајот на 1989 година, Бред започна врска со Џулиет Луис (45). Заедно во 1990 година го снимија „Премногу млади за да умрат”, а три години подоцна и „Калифорнија”. Таа имаше само 16 години кога првпат се сретнаа.

Во 1994 година, Бред Пит почна да излегува со актерката Џулија Ормонд (54). Врската ја започнаа во филмот „Легенди на есента”, но таа не траеше долго.

Во врска со Робин Гивенс (54), поранешната сопруга на Мајк Тајсон (52), тој беше од 1986 до 1987 година. Во тоа време се зборуваше дека Мајк налетал на Бред во својот дом, среде бракоразводната тужба од Робин. Поранешниот боксерски шампион за врската на Робин и Бред дознал за време на разводот.

Три години подоцна, Бред имаше кратка афера со модел по име Јитка Полодек. Но, за време на врската со моделот, Пит сè уште размислуваше за Џулиет, која не ја преболи.
На снимањето на „Севен“ во 1994 година, Бред се запозна со Гвинет Палтроу (46), со која помина три години, а беа и свршени, но тие наскоро прекинаа бидејќи, според нејзините зборови, Гвинет не била подготвена.
„Тој беше премногу добар за мене”, рече таа во 1997 година.

Две години по паузата со Гвинет, тој имаше врска со Џенифер Анистон (49). По две заеднички години, се венчаа во 2000 година во Малибу. Бред потоа доби гостинска улога во „Пријатели”. Бред и Џен беа толку познати како двојка што во 2004 година нивните восочни фигури беа поставени во музејот „Мадам Тисо” во Лондон, и тоа неколку месеци пред да се разделат. Тие се сретнаа со проблеми во бракот четири години подоцна, а потоа Бред доби улога во филмот „Господин и госпоѓа Смит” и ја запозна Анџелина.

Анџелина Џоли и Бред го чека првото дете во 2006 година, и на крајот тие имаат шест деца, три биолошки, три посвоени. Кога конечно се венчаа во 2014 година, сите мислеа дека нивната љубов ќе трае вечно, но, за жал, како што е познато, тоа не се случи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Кога помошта станува притисок: Грешки што родителите често не ги забележуваат
Спротивно на популарното верување, односите со возрасни деца најчесто не се оштетени од грубост или занемарување. Многу почеста причина е прекумерната вклученост – постојаната потреба за помош, советување и надзор, дури и кога тоа не е потребно.
Психологот и терапевт Џефри Бернштајн предупредува дека таквото однесување често произлегува од љубовта и стравот од губење на блискоста, но може да има спротивен ефект. Наместо да ги зајакнува односите, прекумерната грижа може да ја поткопа почитта и да ги оддалечи децата.
Еве три модели кои се особено проблематични:
Претерување со размислување
Кога родителот постојано ги замислува најлошите сценарија, дали детето ќе се справи, дали ќе направи грешки, дали некогаш ќе стане независно, оваа вознемиреност се чувствува во комуникацијата. Децата тогаш не слушаат поддршка, туку недоверба. Наместо блискост, се појавува притисок.
Реакција на неизвесност
Кога возрасно дете ја доведува во прашање својата работа, врска или финансии, природно е да сака да понуди решение. Сепак, постојаното утешување и давање совети што никој не ги побарал може да изгледа како наредба. Ова го ослабува чувството на детето за компетентност и способност само да решава проблеми.
Повлекување
Ако секоја ситуација се претвори во заедничка криза, врската постепено ја губи својата рамнотежа. Детето може однадвор да се согласи да помогне, но внатрешно да почне да се дистанцира. Дел од родителската улога е и правење чекор назад – дозволувајќи му на возрасното дете да прави грешки, да учи и да ги сноси последиците од сопствените одлуки.
фото/Depositphotos
Забава
Вечер посветена на Тоше Проески во Битола: „Засекогаш во срцата“ по осми пат
Убаво е кога имаме некого со кого можеме да се гордееме. Некого за кого секогаш ќе кажеме тој беше наш. Тоше Проески остави многу повеќе од песни. Остави спомени, емоции и моменти што со години живеат во животите на луѓето од сите генерации.
На 05 март 2026 година, по осми пат, во Центарот за култура – Битола, ќе се одржи концертот „Засекогаш во срцата“, посветен на музиката и наследството на Тоше Проески. Настанот со години прерасна во препознатлива традиција и еден од најемотивните музички проекти во Битола, кој секоја година обединува публика од различни генерации.
Концертот се реализира во организација на Оркестар DIVA, во соработка со Центар за култура Битола. Оркестар DIVA со години е носител на овој проект, градејќи внимателно осмислена концертна целина која со почит и достоинство му пристапува на музичкото наследство на Тоше Проески.
Годинава, на сцената ќе настапат: Наде Талевска, Димитар Андоновски, Ана Петановска, Бојан Стојков, Јасна Димитровска, Марија Митровска, Марија Јаковлеска и Алексеј Ивановски изведувачи кои ќе ѝ дадат свој личен печат на музиката што одамна е дел од колективната меморија. Музичките аранжмани се прилагодени од Владимир Димовски, со цел песните да добијат нов оркестарски израз, задржувајќи ја нивната препознатлива емоција и суштина.
„Засекогаш во срцата“ е вечер во која публиката заедно пее, се потсетува и ја чувствува музиката што сите нè поврзува.
Концертот ќе се одржи на 05.03.2026 година, со почеток во 20:00 часот, во Центар за култура – Битола. Билетите се во продажба по цена од 500 денари, преку платформата yournextevent.info и на продажното место Тобако Димпо во Битола.
А публиката во Битола по осми пат ќе се собере на едно место за да го каже истото: Ти благодариме, Тоше.
Забава
(Видео) Деловниот стил добива нова димензија, Меланија Трамп носи совршено одело
Првата дама на Америка, Меланија Трамп, присуствуваше на претседателскиот говор на Доналд Трамп, а поддршка му дадоа и сите негови деца. Како што обично е случај кога Меланија е во близина, сите очи се вперени во неа и нејзиното модно издание.
Меланија избра костум од модната куќа „Долче и Габана“ за овој важен настан во претседателскиот мандат на Доналд Трамп.
Првата дама избра вистински деловен стил за оваа единствена пригода, но со допир на вечна елеганција. Совршено скроен костум во потемна нијанса беше нејзин избор, а го комбинираше со бела кошула, едноставен црн појас и високи чевли.
Нејзината препознатлива фризура и шминка повторно беа тука, а Меланија цело време стоеше покрај својот син Барон и не ја симна насмевката од лицето.
За време на самиот говор, таму беа и останатите деца на Трамп, Иванка, Ерик, Тифани и Доналд Трамп помладиот. Сите стоеја заедно и покажаа дека семејството и добрите односи се пред сè кога станува збор за нив.
Ова беше уште една модна задача што Меланија ја заврши без многу проблеми и ја зацврсти својата позиција на листата на најдобро облечени жени во светот.

