Забава
Бред Пит и Анџелина Џоли најдоа заеднички јазик по долгата судска битка
Веќе четири години поранешните сопружници Бред Пит и Анџелина Џоли ги полнат весниците со нивните проблеми поврзани со разводот. До неодамна тие не можеа да се договорат како би изгледал нивниот конечен договор за поделба на старателството над шесте заеднички деца.
Но, по сè изгледа, актерката и актерот успеаја да се договорат за одредени точки во судскиот процес. Тоа го тврди добро информиран извор за американските таблоиди велејќи:
„На Бред на прво место му се децата. Тие се многу важни за него и тој постојано им кажува на пријателите колку научил од нив. Тој и Анџелина се во многу подобри односи од порано. Уште од кога се согласија за некои правила за старателството и се држеа до тој план, тие некако се смирија“.

Фактот дека родителите се во коректни односи најмногу ја радува нивната ќерка Шајло, која за неколку дена ќе го прослави својот 14. роденден. „Шајло е многу блиска со двајцата родители цело време. Затоа е особено среќна за овој мир што го има и не може да дочека да го прослави роденденот, што веќе го испланирала со торта, балони и пријатели. Бред многу се гордее со Шајло до каде таа стаса. Тој е исклучително среќен што таа остана своја и што толку убаво се однесува кон своите браќа и сестри“.
Многу заеднички пријатели на поранешната брачна двојка се пријатно изненадени од ситуацијата помеѓу Бред и Анџелина.
„Нивната комуникација значително се подобри, и двајцата сфатија дека е време да учествуваат заедно во воспитувањето на своите деца. Бред, конечно, може да ги види децата на неколку дена и тие се среќни за тоа исто така. Фактот дека тие живеат многу блиску едни до други, само им помага“, тврди неименуваниот извор за списанието „Ју-ес викли“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Концерт на Рита Ора во Охрид
Светската музичка сензација Рита Ора, на 1 август ќе одржи голем концерт на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид.
Со низа интернационални хитови што го обиколија светот, милијарди стримови, престижни признанија и соработки со најголемите имиња од глобалната музичка сцена, Рита Ора се етаблираше како глобален бренд и еден од најпрепознатливите симболи на современиот поп звук, модна икона и артистка со јасна визија. Кариерата ѝ е обележана со континуиран успех, но и со способност постојано да се трансформира, да експериментира и да остане чекор пред времето.
Нејзиниот пат на светската сцена претставува редок спој на комерцијален успех, уметничка конзистентност и прецизно изграден идентитет. Од своите почетоци до денес, Рита Ора континуирано го проширува својот креативен израз, комбинирајќи современ поп, денс и урбан звук со моќен визуелен стил и впечатливо сценско присуство. Таа е препознатлива не само како музичка ѕвезда, туку и како културен феномен со големо влијание врз новите генерации.
Нејзините настапи се синоним за врвна продукција, прецизно осмислена сценографија и енергија што воспоставува директна и искрена врска со публиката. Секој концерт на Рита Ора е внимателно режирано аудиовизуелно доживување, во кое музиката, светлината и емоцијата функционираат како една целина, причина поради која нејзините настапи на најголемите светски сцени редовно се оценуваат како вистински спектакли.
Концертот на 1 август во Охрид е во организација на „Прагма продукција“. Билети преку продажната мрежа на: www.kupikarta.com, Розе Веро 2, ЈК травел во Бисер и Јк Травел Дајмонд.
Забава
Супербоул 2026 е втор најгледан ТВ пренос во историјата на САД
Овогодишниот Супербоул стана втор најгледан ТВ пренос во историјата на САД, со просек од 124,9 милиони гледачи кои го гледаа натпреварот меѓу Сиетл Сихокс и Њу Ингланд Патриотс кој заврши со резултат 29:13.
Врвот на гледаноста беше забележан во втората четвртина, кога дури 137,8 милиони луѓе го гледаа натпреварот, што претставува најголема публика во историјата на американската телевизија во една минута емитување. Емитувањето беше достапно на NBC, Peacock, Telemundo, NBC Sports Digital и NFL+, а во однос на вкупната гледаност беше надминато само од минатогодишниот Супербоул, објавува NFL.com.
За NBCUniversal, која ја слави 100-годишнината од NBC во 2026 година, ова беше најгледаната програма во историјата на компанијата.
Телемундо го сруши рекордот за гледаност на шпански јазик
Емитувањето на Телемундо имаше просек од 3,3 милиони гледачи, што го прави најгледаниот Супербоул во историјата на американската телевизија на шпански јазик. Гледаноста достигна врв за време на полувремето, со просек од 4,8 милиони гледачи, што е исто така рекорд за емисија на полувреме на шпански јазик.
Настапот на Бед Бани на полувремето ги сруши рекордите на социјалните медиуми
Настапот на Бед Бани на полувремето, спонзориран од Apple Music, предизвика силен бран на социјалните медиуми. Вкупната конзумација на содржина поврзана со настапот достигна четири милијарди прегледи во првите 24 часа, што е зголемување од 137 проценти во однос на минатата година. Повеќе од 55 проценти од сите прегледи дојдоа од меѓународните пазари.
Трите најгледани објави во историјата на социјалните медиуми на НФЛ сега се клипови од настапот. Најпопуларниот, со пораката „Единственото нешто помоќно од омразата е љубовта“, собра 179 милиони прегледи на Инстаграм.
View this post on Instagram
Вториот клип, во кој Бед Бани ги наведува земјите пред да ја забие топката, достигна 168 милиони прегледи на Инстаграм. Истото видео на TikTok е прегледано 100 милиони пати, со 62 проценти од гледачите надвор од САД. Само шоуто на полувремето во просек имало 128,2 милиони гледачи во САД.
Веднаш по настапот, музиката на Бед Бани на Apple Music се зголеми седумкратно. Најстримуваните песни беа DtMF, BAILE INoLIVIDABLE и Tití Me Preguntó. Неговата листа за репродукција на песни изведени на Супербоул стана најстримуваната сет-листа во историјата на Apple Music.
Денот по натпреварот, DeBÍ TiRAR MáS FOToS влезе на топ листите на албуми во 155 земји, достигнувајќи го првото место во 46. Пејачот доминираше и на глобалната листа Daily Top 100, на која се најдоа 24 негови песни, од кои девет беа меѓу првите 25 и шест во првите 10. Неколку постари песни, вклучувајќи го и синглот „I Like It“ со Карди Би, се вратија на топ-листата за прв пат по години.
фото/епа
Забава
(Фото) Познатата „Бејби“ од „Валканиот танц“ во секси бикини: Годините не и можат ништо
Холивудската актерка Џенифер Греј (65) сега е во средината на седумдесеттите години, но тоа не ја спречува да го вжешти расположението на социјалните мрежи со фотографии во костим за капење.
Таа неколку пати се појави на настани во специјални изданија и секогаш добиваше комплименти за својот изглед.
Во една од нејзините најнови објави, познатата Бејби ужива на плажа со пријателка, па објави фотографии во костим за капење. Позираше и во едноделен и во модерен црн бикини кој ги истакнуваше нејзините облини.
„Долгоочекуван женски излет. Се смеевме како повторно да сме во средно училиште“, напиша актерката во описот.
Поминаа толку многу години откако светот се заљуби во неа во „Валканиот танц“ (1987), а Џенифер сè уште изгледа како девојката од пред неколку децении. Тогаш, таа немаше поим дека текот на нејзината кариера ќе се промени на почетокот на деведесеттите години кога направи операција на носот.
Цртите на лицето што ја правеа толку препознатлива и сакана од сите – исчезнаа тогаш, а со нив и Џенифер Греј.
Сепак, таа го задржа своето место и сега, благодарение на социјалните мрежи, успева да ги воодушеви луѓето, ако не со своите улоги, тогаш барем со својот неверојатен изглед.

