Контакт

Забава

Бред Пит, конечно, среќен со 26 години помладата Инес, објави „Пипл“

Објавено пред

Бред Пит не ја крие среќата поради моментната врска со 26 години помладата Инес де Рамон, а тоа го потврди и извор близок на актерот за магазинот „Пипл

dobivaj vesti na viber

Познатиот холивудски заводник (60) и убавата Инес (34) го почнаа заедничкиот живот по 15 месеци врска, а извор близок на актерот за магазинот „Пипл“ потврдува дека Пит е во среќна врска.

„Поминаа толку многу време заедно што имаше смисла Бред да почне заеднички живот“, рече тој додавајќи дека Пит, конечно, е среќен и обожава да го поминува времето со Рамон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brad Pitt (@bradpittofflcial)

„Повторно се најде со Инес. Тие се навистина прекрасен пар, а Бред е многу добар човек. Тој заслужува да биде среќен“, заклучил изворот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brad Pitt (@bradpittofflcial)

Да потсетиме дека Бред Пит беше во брак со актерката Џенифер Анистон од 2000 до 2005 година, а вторпат со актерката Анџелина Џоли, од која се разведе во 2019 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ines De Ramon (@inesderamonfans)

Убавата бринета завршила студии по бизнис-администрација во Женева, има диплома за нутриционизам, а најмногу се занимава со дизајнирање накит, што го носат многу познати личности, како Хејли Бибер, Кортни Кардашјан и Менди Мур.

Од 2019 до 2022 година Инес беше во брак со актерот Пол Весли со кого почна врска во 2018 година.

Забава

„Прв ред си е прв ред“: Туристи во Грција се степаа за лежалки

Објавено пред

Од

Заземањето место на плажите во Грција е неисцрпен извор на дискусија во текот на секоја сезона. Сега, сепак, отиде чекор понатаму, пишува Б92.

dobivaj vesti na viber

Имено, на Родос во Грција, туристи се степаа за лежалки во првиот ред до морето.

„Некој навистина премногу сериозно ја сфатил борбата за место под сонцето… Реалити програма во живо од Родос“, пишува во описот на видеото објавено на Инстаграм.

Под видеото, следеа низа коментари.

„Прв ред си е прв ред, мора да се бориш за него“, „Не знам дали да се смеам или да плачам“, „Тоа се вика активен одмор“, се само дел од коментарите.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Нова криминална комедија доаѓа на „Нетфликс“

Објавено пред

Од

„Нетфликс“ објави нов трејлер за претстојната крими комедија „The Thursday Murder Club“.

dobivaj vesti na viber

Филмот е режиран од Крис Колумбус, а е базиран на истоимениот роман од 2020 година напишан од британскиот телевизиски водител и продуцент Ричард Озман.

Главните улоги ги играат Хелен Мирен, Пирс Броснан, Бен Кингсли и Селија Имри, а заплетот ги следи четирите бестрашни пензионери кои го поминуваат своето слободно време решавајќи нерешени убиства – како хоби. Сепак, она што не го очекувале е дека нивното хоби ќе се претвори во вистинска истрага кога ќе се најдат во средината на вистинско, мистериозно убиство.

Ова се само дел од коментарите што циркулираат на социјалните мрежи:

„Каква актерска екипа! Ако ова не е смешно и одлично, некој сериозно греши“, „Одамна не сум видел толку добри глумци на едно место“, „Единствената забелешка – дека е филм, а не серија. Можеа да снимат повеќе епизоди“, „Не знам кого претпочитам – Мирен, Броснан, Кингсли… Летниот хит доаѓа“, „Ова мора да е одличен филм“, „Само погледнете кој го режира и кој глуми“, „Заплетот ми изгледа интересен, а кога ќе видам ваков тим – знам дека нè очекува добар филм“.

Премиерата се очекува наскоро, а сè укажува на фактот дека нè чека еден од најзабавните филмови од ова лето – полн со мистерија, шарм и британски хумор.

Прикажи повеќе...

Забава

На британски бизнисмен му е одземено правото на користење на името на славниот Марадона

Објавено пред

Од

Децата на покојната аргентинска фудбалска ѕвезда Диего Армандо Марадона го добија судскиот спор што го водеа со сестрите на Марадона за правото да го користат неговото име за комерцијални цели.

dobivaj vesti na viber

Спорот настана кога сестрите на Марадона, Лили и Рита, му дадоа дозвола на британскиот бизнисмен Санџај Вадвани, кој се опишува себеси како суперфан на фудбалската ѕвезда, да го користи името на Марадона на предмети како што се пијалоци, храна, облека и игри, како и да основа добротворна фондација за зачувување на фудбалското наследство со неговото име.

Вадвани дури поднесе и барање до Агенцијата за интелектуална сопственост (IPO) за заштита на името на Марадона, како и неговиот потпис заедно со бројот „10“, кој го носеше на дресот, пишува Times.

Бизнисменот рече дека верува оти сестрите имаат законско право на името, бидејќи му било кажано дека Марадона ги лишил неговите деца од наследство.

Тврдењето на Вадвани беше оспорено од страна на IPO во врска со петте деца што Марадона ги имал со три различни жени, а IPO рече дека „доказите покажуваат дека децата се наследници“ на покојниот фудбалер.

Адвокатката за интелектуална сопственост, Роуз Гилрој, рече дека барањето е поднесено во „лоша намера“ во обид да се „проневери наследството на Марадона“ и ја опиша пресудата како „силна потврда за правото на наследниците да го заштитат наследството на покојната икона“.

Пресудата наводно го изненадила Вадвани, кој рекол дека не бил свесен за рочиштето сè додека не бил контактиран од Times и додаде дека поднел жалба на пресудата.

„Поминав многу време со сестрите на Диего Марадона и, врз основа на она што ми го кажаа, бев навистина убеден дека Диего Марадона ги лишил од наследство своите деца и дека ги префрлил правата на своето име, со кои управуваа сестрите. Имав договор со сестрите за разни права на интелектуална сопственост и правото да го користам неговото име насекаде во светот“, рече тој.

Британскиот бизнисмен, исто така, рече дека платил стотици илјади фунти на една од сестрите на и дека договорот вклучувал преземање на последните 493 фудбалски дресови потпишани од Марадона, од кои повеќето ги продал на продавач на сувенири за 2.000 фунти по парче, но дека не ги покрил сите свои трошоци.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Германски државјанин протеран од државата: на натпреварот Шкендија-Карабаг во Скопје веел знаме „Голема Албанија“

По извршена идентификација и поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Скопје по итна постапка процесуираше државјанин на Германија за кривично...

Македонија6 часа

Одложени активности на отворено: Министерството за здравство со препораки поради најавите за високи температури

Министерството за здравство информира дека во согласност со најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во периодот од 8...

Македонија9 часа

Забрана за движење во шумите до крајот на август, за прекршителите казна до 2.000 евра: Владата ја продолжи кризната состојба од 30 дена

На владината седница е донесена одлука за продолжување на кризната состојба во рок од 30 дена. Со ова продолжување, како...

Македонија9 часа

Трговците да ги намалат цените на училишниот прибор пред почетокот на школската година, одлучи Владата

Владата на 100. седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените на училишниот прибор од најмалку 10...

Топ9 часа

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа кај Градско: со возилото излетале од патот

Вчера околу 14:35 часот во СВР Велес било пријавено дека на експресниот пат Прилеп-Градско, патничко возило „ауди“ со делчевски регистарски...

Македонија10 часа

„Борис Трајковски“ под лупа на ревизорите: аквапаркот под клуч, паркингот не заработува, а поддршката за самитот на ОБСЕ недокументирана

Државниот завод за ревизија го објави извештајот за работењето на салата „Борис Трајковски“ за 2023 година. Во извештајот е наведено...

Македонија11 часа

Злато во багаж и ботокс во торба запленети на граница

Царинската управа информира дека при контроли на неколку гранични премини се спречени обиди за криумчарење различни производи, меѓу кои златен...

Македонија11 часа

Синдикатот на новинарите бара зголемување на минималната плата: социјалниот статус на медиумските работници во земјата е на многу ниско ниво

Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници во време на општата дебата за висината на минималната плата недвосмислено е за...

Македонија13 часа

ВМРО-ДПМНЕ и натаму бара оставка од обвинителот Коцевски

ВМРО-ДПМНЕ и денеска упати јавен повик до обвинителот, Љупчо Коцевски, да си поднесе оставка поради, како што велат, компромитирање на...

Македонија13 часа

Царините на Трамп стапија во сила, стапката за Македонија 15 отсто, како и за земјите од ЕУ

Царините на американскиот претседател Доналд Трамп за увоз од десетици земји, кои се движат од 10 до 50 проценти, стапија...

Свет14 часа

Зеленски ги објави петте приоритети за украинската одбрана – 50 отсто домашно оружје на фронтот

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги претстави петте клучни приоритети на Министерството за одбрана, меѓу кои се зголемување на учеството...

Свет15 часа

Рубио: САД имаат појасна слика за условите на Русија за крај на војната во Украина

САД имаат подобро разбирање за условите под кои Русија би била спремна да ја заврши војната во Украина откако претставникот...

Свет15 часа

Трамп: 100 проценти царина за чипови, освен за оние што сакаат да го префрлат производството во САД

Соединетите Американски Држави ќе воведат царина од околу 100 проценти за чипови и полупроводници увезени од земји кои не произведуваат...

Свет16 часа

Се појави писмо од Вуди Ален до Џефри Епштајн: Откриени детали за тајните вечери

Познатиот режисер Вуди Ален му испратил роденденско писмо на Џефри Епштајн додека тој сè уште беше жив, во кое детално...

Македонија1 ден

Сиљановска-Давкова по новиот инцидент на трибините: Селективната осуда е лицемерие

По новите националистички скандирања на спортските трибини, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова со јавна реакција на социјалните мрежи. Таа порача дека сцените...

Македонија1 ден

(Видео) Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

Во лоши услови со силен ветар и во ноќ, тимот за спасување на планина на Дирекцијата за заштита и спасување...

Топ1 ден

Лихварска шема во Гостивар: Заем од 35.000 евра со камата од 15.000 за една година, па по 3.000 евра месечно

Против две лица, меѓу кои еден нотар од Гостивар и една фирма, тетовската полиција поднесе кривични пријави поради сомнение за...

Македонија1 ден

Свадба во струмичкиот затвор – осуденик го кажа судбоносното „да“

Во струмичкиот затвор денес се одржа невообичаен, но длабоко хуман чин – законска регистрација на брак на осудено лице кое...

Топ1 ден

Тешко злосторство во Кавадарци – го убил својот брат, па го закопал во дворот

Четириесет и тригодишен маж е осомничен дека по расправија го убил својот една година помлад брат, а потоа неколку дена...

Македонија1 ден

Децата на подолго болничко лекување нема да губат настава, на Детската клиника се воведува формално образование

За да нема прекин на воспитно-образовниот процес на учениците што имаат посериозни здравствени предизвици и се на болничко лекување повеќе...