Забава
Брза летна салата од њоки, зеленчук и рукола

Оваа салатата од њоки со медитерански допир преполна е со здрав зеленчук. Има одличен вкус и може да се јаде како главно јадење или како прилог со скара.
Лесната салата со њоки и зеленчук е идеална за ручек или вечера. Се подготвува супер брзо, не е тешка за стомакот и може да се модифицира по желба.
Коцките шунка може да се изостават, а печурките, модриот патлиџан, празот, па дури и белиот или зелен грав се погодни како зеленчук алтернативен за пиперките и доматите.
Состојки: 180 гр њоки (или њоки од сладок компир) • 1 пиперка • 1 тиквичка • 75 гр шери-домати • 1 топка моцарела • 20 гр шунка исечкана на коцки (малку маснотии) • 30 гр црвено песто.
2 грсти рукола • сол, црн пипер, чили снегулки за зачин • сок од половина органски лимон.
Подготовка – 1. Пржете ги њоките на малку масло додека не добијат златно кафеава боја и не станат малку крцкави. 2. Исечете пиперки, тиквички, шери-домати и моцарела и ставете ги во голем сад. 3. Во зеленчукот додадете шунка и црвено песто, исечете ги њоките, измешајте ги сите состојки и додадете ја руколата.
Совет: Салата од њоки е исто така одличен прилог за скара и е идеална како јадење за забави во градина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Снимка од настап на Лејди Гага стана вирална, микрофонот и се расипа среде песна: „Барем знаете дека пеам во живо!“

Лејди Гага доживеа незгода за време на нејзиниот настап на вториот викенд на фестивалот Коачела. Среде изведување на песната Абракадабра, на пејачката и се расипа микрофонот, но таа продолжи да пее.
Некој од публиката објави видео од незгодата на Икс. На видеото Гага им се обрати на присутните коментирајќи го инцидентот. „Простете ми што накратко ми се расипа микрофонот… Барем знаете дека пеам во живо!“, се пошегува таа.
Забава
Познатата манекенка отворено зборуваше за естетските зафати кои ги имала

Манекенката Кристи Бринкли (71) продолжува да привлекува внимание со својот младешки изглед, а сега отворено проговори за естетските третмани на кои повремено се подложува, нагласувајќи дека нејзиното здравје е поважно од совршената кожа.
Во интервју за „Пипл“, таа откри дека користи ласерски третмани, повремено се одлучува за филери и дека ботоксот не и е непознат. Сепак, Бринкли тврди дека нејзината цел не е целосно да ги избрише знаците на стареење: „Најчесто правам ласери. Не се обидувам да се ослободам од секоја брчка“, рече таа.
„Пробав филери и одам на лекар, но не сакам да изгледам испеглано или вештачко. Неодамна направив Fraxel затоа што имав рак на кожата – тој третман помага да се отстранат преканцерозните клетки. За мене тоа сега е повеќе здравствен проблем”, додаде таа.
Бринкли, чија автобиографија Uptown Girl излегува на крајот на април, претходно нагласи дека не сака да ги избрише сите траги од животот од нејзиното лице: „Сакам да задржам неколку брчки. Тоа е мојот начин да го прифатам стареењето“.
Покрај ласер, таа признава дека двапати користела ботокс, но не била воодушевена: „Моето чело изгледаше мазно, но првиот пат веѓата ми се спушти. Не ми беше удобно“.
Денес, таа користи инјекции само еднаш годишно, за фините линии околу устата. „Сега сум повеќе во ред со тоа што работите остануваат такви какви што се“, рече таа.
Забава
Мадона сними видео за „Тик-ток“ со своето момче, го покажа лицето без шминка

Мадона (66) објави видео на „Тик-ток“ со нејзиното момче Аким Морис (28).
Во видеото, пејачката и нејзиното момче го рекреираат танцот од серијата „Принцот од Бел-Ер“. Во видеото Мадона нема шминка на лицето.
@madonna 👀 #fyp ♬ Anxiety – Doechii
Мадона ја објави нивната врска на Инстаграм во јули минатата година кога објави фотографии од нив на социјалните мрежи. Тие, наводно, се разделиле во октомври 2024 година, но брзо се помириле.