Забава
Британското денс-трио „Дисајплс“ на Си Денс
Најбараното британско денс-трио „Дисајплс“ (Disciples) ќе му се придружи на својот пријател и ментор Дејвид Гета во завршната ноќ на овогодишниот Си Денс (Sea Dance) фестивал на една од најубавите плажи на Јадранот.
На големото финале на летната сезона на 1 септември популарните хитмејкери од Лондон ги носат песните кои последните неколку години буквално не се симнаа од светските радиостаници, а нивниот најголем хит How Deep Is Your Love со право се смета за една од песните кои ја одбележаа деценијата што изминува.
Песната која иницијално сами ја напишаа и снимија со норвешката пејачка Ина Вролдсен толку му се допадна на славниот продуцент Калвин Харис, што тој веднаш понуди да ја објават заедно, а спотот во кој се појавува Џиџи Хадид денеска брои вртоглави 1.3 милијарди прегледувања на „Јутјуб“ покрај две БРИТ-номинации и наградата Ем-ти-ви .
Нивниот вонсериски талент прв го препозна легендарниот Пит Тонг, за чија издавачка куќа ја објавија клупската плоча Catwalk, но набргу потоа и првиот голем радиски хит They Don’t Know, која престижното „Би-би-си радио 1“ ја пушташе деноноќно.
Стреловитиот успех продолжи сѐ до денес, а статусот на ударни ѕвезди го забетонираа со летните хаус-химни On My Mind и Jealousy.
Гластонбери, Лидс, Кримфилдс и Егзит се само некои од најголемите светски фестивали на кои настапуваа, а денеска ја носат и програмата на клубот „Ушуаја“, најмасовниот на Ибица.
Покрај британските ѕвезди во овој бран изведувачи на Си Денс пристигнува и младата германска продуцентка и диџејска ѕвезда Ловра (Lovra), која со својот талент го заслужи вниманието на големите имиња на светската електронска музичка сцена почнувајќи од Дејвид Гета, Арманд ван Хелден, Бејсмент Џекс и Феликс да Хаускет со кои настапуваше ширум светот. На главната бина на фестивалот ќе настапи и еден од најбараните диџеи и продуценти на Балканот, македонскиот гениј Галоски, кој истотака ја ужива поддршката на Дејвид Гета, но и други великани како што се Димитри Вегас и Лајк Мајк, Афроџек, Ники Ромеро, Фед Ле Гранд и други. Под другиот алијас „Сенд енд Сенс“ (Sand & Sense) го објави и синглот „Cold Night“ кој излезе од рамките на регионалната популарност и се вброи меѓу најслушаните нумери на славното „Би-Би-Си Радио 1“.
Шестиот Си Денс ќе се одржува од 30 август до 1 септември на скриениот бисер на Јадранскиот брег, плажата Буљарица во Будва. Настапите досега ги потврдија најуспешниот музички продуцент на 21-иот век и еден од најбараните музички изведувачи на светот Дејвид Гета, таткото на глобалното техно движење и трикратен добитник на наградата за најдобар светски диџеј Свен Ват, еден од најценетите електронски изведувачи Ричи Хотин, водечкиот германски продуцент и диџеј Робин Шулц, француската клупска сензација, дуото Офенбах, и фамозниот германски продуцент Рекондајт, регионалните асови како големиот Дарко Рундек, моќната Сенида и популарните балкански рапери Суреал, Фокс, Кјукус, Хејз и Бекфлеш.
Актуелните промо цени на влезниците ќе важат до 14 јуни, а поради високото темпо на продажба, до промената можеби ќе дојде и порано доколку се распродаде целиот овој контингент кој на посетителите им носи дури 50% заштеда. Овие влезници се достапни за купување на официјалната интернет страница на фестивалот www.seadancefestival.me .
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Мет Гала го откри „дрес-кодот“ и конечно стави крај на вечната дебата
Оваа година повторно го очекуваме најголемиот хуманитарен моден спектакл, таканаречената Мет Гала, на која ќе бидат домаќини најголемите ѕвезди од светот на познатите личности. Темата е веќе откриена, а сега и „дрес-кодот“.
Да потсетиме дека темата на овогодинешната Мет Гала се вика „Costume Art“ и се фокусира на човечкото тело како неразделен аспект на уметничкото дело. Кустосот на музејот, Ендру Болтон, истакна:
„Наместо да се дава приоритет на модата и модните парчиња и со тоа повторно да се врши притисок врз човечкото тело, костимската уметност овој пат ќе ја покаже врската помеѓу облеката и истото тоа тело“, рече тој.
Сега е откриен и дрес-кодот за оваа, најгламурозна модна вечер, под мотото „Модата е уметност“ (Fashion is Art).
Болтон во изјава за медиумите нагласи дека овогодинешната тема конечно ќе стави крај на дебатата „Дали модата е уметност“, и дека познатите личности, преку нивните лични модни изрази, ќе мора да докажат дека „модата е уметност“.
„Го сменивме она што го правевме досега“, вели Болтон. „Сега ја гледаме уметноста низ призмата на модата“.
Забава
Дејвид Бекам ужива на одмор со миленичката: „Те сакам, прекрасна дамо“
Дејвид Бекам деновиве ужива во зимската магија со својата ќерка Харпер, со која е на зимски одмор во Франција, а серија фотографии што поранешниот англиски фудбалер ги објави на Инстаграм покажуваат дека тие одлично се забавуваат.
Додека семејството Бекам сè уште се справува со скандалот околу неговата затегната врска со неговиот најстар син Бруклин, Дејвид одлучи да се опушти со својата ќерка и, во еден пост, забележа колку е важно да создава спомени со своите деца.
„Создавањето спомени со моите деца, без разлика дали сме сите заедно или еден на еден, отсекогаш ми било важно. Оваа недела Харпер и јас создадовме уште неколку спомени. Те сакам, прекрасна дамо“, напиша Дејвид покрај сликите.
Треба да споменеме и дека за време на одморот ѝ помогнал на една скијачка која била повредена, и тоа било токму кога бил во друштво на својата ќерка Харпер.
„Видел жена како ја удира по главата и се погрижил за неа, ѝ ги извади скиите и се погрижил таа да е добро. Беше вистински господин. Неверојатно љубезен“, изјавил извор од местото на настанот за The Sun.
Забава
(Фото) Без шминка и облека: Речиси голата Адријана Лима ги помати умовите на многу луѓе
Имавме можност да ја видиме познатата Адријана Лима дотерана од глава до пети во неколку наврати. Неодамна ја следевме во секси кампања за долна облека, но сега реши да ја покаже и својата друга страна.
Таа објави компилација од фотографии без шминка на социјалните мрежи, а ние можеме да кажеме само едно – таа ја има титулата најфатална Бразилка со причина.
Лима позираше во кревет, речиси гола, а нејзината природна убавина привлече внимание. Носеше само крпа за бањање и изглед на вистинска заводничка што привлекува воздишки и погледи.
Коментарите од обожавателите само продолжуваа, а многумина ѝ велеа едно нешто – дека навистина е убава!
„Толку си убава“, „Најубавата жена на светот“, „Боже, каква убавина“, се само дел од коментарите…

