Забава
Бри Ларсон навести проект со колешката од „Марвел“, Теса Томпсон

Двете глумат во кинематографскиот универзум на „Марвел“ како Капетан Марвел и Валкири и исто така кратко го споделија екранот во „Одмаздници: Ендгејм“, а Бри се огласи на социјалните мрежи за да навести дека работат на нешто ново.
Како одговор на објава на „Твитер“ од фан што сподели фотографија од Бри и Теса, Бри напиша: „Ние готвиме нешто…!“
Бри претходно откри дека таа и нејзините колешки актерки од Марвеловиот универзум му се обратиле на претседателот на студијата „Марвел“, Кевин Фејџ, со идеја за снимање филм во кој актерскиот тим ќе биде составен само од жени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Мајли Сајрус привлече внимание на Оскарите, првпат на црвениот тепих со ново момче

Музичарите Мајли Сајрус и Макс Морандо дебитираа како пар на Оскарите во 2025 година.
Иако претходно заедно се појавуваа во јавност, парот никогаш не позирал заедно на црвениот тепих. Морандо не се појавува често на доделувањето на наградите.
Мајли и Макс се заедно четири години, пишува Вог, иако не се појавуваат заедно во јавност и не ги споделуваат своите приватни моменти на социјалните мрежи. Тие се запознале на состанок на слепо во 2021 година.
Две години подоцна тие беа видени заедно на ревијата на Версаче во Лос Анџелес. Минатата година парот заедно се пресели во Малибу.
Забава
Деми Мур ја избриша шминката и се почести со помфрит по Оскарите

Актерката Деми Мур, ѕвезда на филмот „Супстанција“, беше една од фаворитите за Оскар во категоријата за најдобра женска улога, но наградата сепак и избега. Златната статуетка ја доби 25-годишната Мајки Медисон за улогата во филмот „Анора“.
По гламурозната вечер, Мур ја избриша шминката, се облече во бањарка и опуштено уживаше во голема порција помфрит.
Моментот го снимила нејзината ќерка Талула Вилис, која на Инстаграм сподели фотографија од нејзината мајка во лежерна облека. „Мојот победник“, напиша таа во описот на објавата.
Забава
Ким Кардашијан пристигна на забавата на Vanity Fair во венчаница

Ким Кардашијан ги заврте главите на после-забавата на Vanity Fair за Оскарите во 2025 година.
44-годишната реалити ѕвезда пристигна на забавата во фустан кој наликуваше на венчаница од брендот Баленсијага.
Таа, исто така, комбинираше минималистичка шминка, вклучувајќи нуд кармин и лесна шминка за очи, а косата ја врза во пунџа.
Многу луѓе на социјалните мрежи коментираа за модниот изглед на Ким Кардашијан на забавата на Vanity Fair. Некои велат дека фустанот е во ред, додека други напишале дека изгледа како „тоалетна хартија“, „збрчкан чаршаф“ и „искористена салфетка“.